Денес му направив upgrade на напојувањето, двата транзистори 2N3055 ги сменив со три 2N3772, ставив поголем ладилник со 9цм вентилатор и го сменив отпорникот од 1 ом на 0,5 оми.
Сега дава 10А при краток спој на излезот, го оставив така една минута без да работи вентилаторот, значи само со пасивно ладење и дури после една минута транзисторите се загреаа толку за да не може да се држат со прст. Отпорникот беше купечки што се нашол по дома, му ја одмотав жицата и дел од неа повторно намотав бифиларно за да добијам вредност 0,5 оми, еве го како изгледа
Еве го комплетиран со плочката и вентилаторот, спремен за вградување во кутија
Еве што ќе иде со него во кутијата - трафото е од растурен UPS, дава 16 волти (со него се добива регулација 0-20V) и којзнае колку ампери, бидејќи воошто не се загрева при работа, електролитите се по 10000uF/30V, грецот е од 35А.