Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Напојувања => Topic started by: eptenstrucnak on 25.12.2011, Sunday, 13:50:20

Title: Ми треба проектна за HEC "Vrutok"
Post by: eptenstrucnak on 25.12.2011, Sunday, 13:50:20
Здраво, како што кажува самиот наслов, потребна ми е проектна задача за хидро електрична централа Вруток. Доколку има некој нека ја постави.

Ви благодарам  однапред  :) :)

Доколку од администрација сметаат дека темата е на погрешно место, слободно нека ја преместат.
Title: Одг: Ми треба проектна за HEC "Vrutok"
Post by: puknati on 25.12.2011, Sunday, 16:33:23
Многу тешко да најдеш материјали за Вруток, мораш сам да истражуваш, сум бил 2 пати во таа централа, има 4 агрегати по 42.5 MVA, најголема во македонија, вистинско чудо од хидроцентрала која во денешно време не би се направила, правена е во кризно време, одма после втората светска војна, се сметало дека е од стратешко значење и  се наоѓа околу 250 метри под земја,во неа се влегува низ огромен тунел во кои има шини и можат да влегуваат и камиони,од деривационен тип на хидроцентрали е, водата има пад од 550 метри. Тоа е накратко што можам да го кажам, имам доста слики од таа централа, па ако ти помогнат сликите може да ти ги испратам , мислам дека и не би смеел јавно да ги прикажам.

Зошто баш Врутик, ти ја избра или ?
Title: Одг: Ми треба проектна за HEC "Vrutok"
Post by: JovanOH on 25.12.2011, Sunday, 16:42:20
  мислам дека и не би смеел јавно да ги прикажам.


А зошто не би смеел јавно да ги прикажеш сликите????
Title: Одг: Ми треба проектна за HEC "Vrutok"
Post by: puknati on 25.12.2011, Sunday, 16:45:56
Да се прашувам ја би ги ставил сликите, али али кога бевме таму еден другар ги објави сликите на фб, имаше реакција од повеќе професори на факс за да се избришат сликите, тема на моабет станаа сликите, па затоа, штознам демек не смеело јавно ???
Title: Одг: Ми треба проектна за HEC "Vrutok"
Post by: nikola_bb on 30.12.2011, Friday, 20:03:13
Затоа што е објект од стратешко значење многу јасно дека несмее да се објавуваат слики. Не смее ни да се слика но ете сте сликале...
Title: Одг: Ми треба проектна за HEC "Vrutok"
Post by: Devil on 30.12.2011, Friday, 20:04:47
не постојат повеќе кај нас објекти од стратешко значење :)
освем владините бункери кој се користат во случај на одредена непогодба, само тие не смее да се знае друго е се дозволено додека не те фатат ;D
Title: Одг: Ми треба проектна за HEC "Vrutok"
Post by: DX-er on 30.12.2011, Friday, 22:00:22
не постојат повеќе кај нас објекти од стратешко значење :)
освем владините бункери кој се користат во случај на одредена непогодба, само тие не смее да се знае друго е се дозволено додека не те фатат ;D
мислам дека такви објекти се:

Министерствата, воени бази и полигони (Јасен на пример) аеродроми, термо и хидроцентрали, водостопански објекти,рафинерии, Архивите, сообракајници и мостови, гасоводи и нафтовоти, РТВ објекти и телекомуникациски објекти и нивните предавателни мрежи и може има и други ама не ми текнува сега.

Но далеку од тоа дека хидроцентралите треба да се забранети за сликање, кога со google maps можеш се да видиш
Title: Одг: Ми треба проектна за HEC "Vrutok"
Post by: Devil on 30.12.2011, Friday, 22:05:15
да де тоа ми беше поентата, кај нас познати се локациите на тие објекти затоа не им е тоа толку потребно па да забрануваат да се слика, пошто скоро сите можат многу едноставно да ги пронајдат каде се
затоа не може ни да бидат со големо стратешко значење

има одредени места кој секојдневно ги гладаме а појма немаме дека тие имаат одредена улога, тоа е стратешко место скриено на јавно :)
Title: Одг: Ми треба проектна за HEC "Vrutok"
Post by: DX-er on 30.12.2011, Friday, 22:10:40
замисли кога ке појдеш во ХЕЦ Матка во Скопје на влезот ке видиш знак за забрането сликање и тоа знакот се состои од некој цртеж од оние старите апарати на кои блендата им се тегнеше нанапред и со што треба да ја пикнеш главата зад платното за да сликаш :D Денес кога секој терорист може преку google maps да дојде до точни GPS координати. Што е парадоксот, после тој знак идеш понатака и има ресторант и од тамо се гледа браната и езерото, ама кога и да појдам се некој се слика тамо :) Тоа е туристичко место и како ке им забрани некој да се сликаат? Никако. Дури видов една слика од пријател, се сликал баш до знакот за забрането сликање :)
Title: Одг: Ми треба проектна за HEC "Vrutok"
Post by: mic on 16.01.2012, Monday, 20:05:39
Ептенстручњак,што ти треба за Вруток?Каква проектна задача.
Дали знаете дека за целиот систем биле во оптек неколку решенија,едно од нив и без акумулационо езеро,кое по мене било најдобро,бидејки најмалку ке влијаело на климата и околината.