Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Напојувања => Topic started by: antonio@arsenal on 12.11.2010, Friday, 22:09:01

Title: Кои жици се примар??
Post by: antonio@arsenal on 12.11.2010, Friday, 22:09:01
На едно касетофонче треба да сменам едно трансформаторче кое што газдата негов си го купил и од мене бара само да му го сменам е сега јас неможам да одредам кој е примар а кој секундар има 4 жици 2 црвени и 2 црни.
Title: Одг: Кои жици се примар??
Post by: daniel spasovski on 12.11.2010, Friday, 22:53:05
Колега мислам дека црвените жици се примар ама нетреба вака да пробуваш  ;)
Ке пробаш со сериски поврзана сијалица на едната од намотките  ;)
Доколку сијалицата свети значи тоа е погрешната намотка(не е примар) а ако сијалицата поврзана сериски со другата намотка несвети тоа значи дека тоа е примарот и слободно можеш да го поврзеш трафото на 220волти  ;)
Ако не ти е јасно за сериска и паралелна врска пиши да нацртам  ;)
Title: Одг: Кои жици се примар??
Post by: pacoso on 12.11.2010, Friday, 22:55:55
Со ОМ-метар ќе измериш кои од жиците има поголем отпор т.е. на едните жици треба да има отпор поголем од 200 оми па до неколку килооми (тие жици се примар 220волти), другите треба да имаат отпор од 2-3 оми па до 100-200 оми (тие се секундар).
Title: Одг: Кои жици се примар??
Post by: daniel spasovski on 12.11.2010, Friday, 23:05:02
pacoso може така ама вака со сијалицата е посигурно скоро сите членови вака ги испитуваат трафоата  ;)
Title: Одг: Кои жици се примар??
Post by: antonio@arsenal on 13.11.2010, Saturday, 09:52:00
Ај колега нацртај ако сакаш, оти досега ова го немам пробувано
Title: Одг: Кои жици се примар??
Post by: ShAdOw on 13.11.2010, Saturday, 09:56:17
А ако може да го сликнеш тоа трансформаторчето и да го ставиш тука па така по ќе може да ти помогнеме  ;).
Title: Одг: Кои жици се примар??
Post by: GigaWatt on 13.11.2010, Saturday, 15:55:51
Со ОМ-метар ќе измериш кои од жиците има поголем отпор т.е. на едните жици треба да има отпор поголем од 200 оми па до неколку килооми (тие жици се примар 220волти), другите треба да имаат отпор од 2-3 оми па до 100-200 оми (тие се секундар).

Баш така ;). Али без разлика, заради сигурност не е лошо да се коисти и следната метода метода ;).

pacoso може така ама вака со сијалицата е посигурно скоро сите членови вака ги испитуваат трафоата  ;)

Ај колега нацртај ако сакаш, оти досега ова го немам пробувано

Побарај низ форумов некаде имаше шема за испитување на уреди со сијалица, мислам дека темата беше отворена од Zdravkovski ;).
Title: Одг: Кои жици се примар??
Post by: Jove on 13.11.2010, Saturday, 22:41:45
антонио што направи го врза на сијалица или со ом метар провери што направи  ?
Title: Одг: Кои жици се примар??
Post by: pacoso on 14.11.2010, Sunday, 22:15:54
Од ништо направивте слон.
Title: Одг: Кои жици се примар??
Post by: LordZi on 14.11.2010, Sunday, 23:01:56
Од ништо направивте слон.


Така е, многу ја искомплициравте работата, за 10 секунди се мерат отпорностите на намотките, за вакво мало трансформаторче примарот ќе има 200-300 ома, секундарот под 10 ома и решен проблем, без сијалици и слично... ;)
Title: Одг: Кои жици се примар??
Post by: antonio@arsenal on 17.11.2010, Wednesday, 11:57:16
Готово завршив работа

Споено мислење: 17.11.2010, Wednesday, 11:57:31
Фала многу на сите