Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Напојувања => Topic started by: antonio@arsenal on 12.08.2010, Thursday, 15:21:54
-
Сигурно знаете за оние кондензатори кои што се ставени за да не сметаат на другите уреди ги има многу во телевизорите па еве еден проблем тој кондензатор е цркнат а таков неможам да најдам во моментов никаде плус тоа ми е итна работата. Мислам дека телевизорот може да работи и без него, кондензаторот има 3 излези е сега како да го исфрлам од употреба т.е. како да ги врзам трите пина??
-
Не мора ништо да врзуваш, само што ако пуштиш фен или некој друг уред кој внесува ВФ пречки во електричната мрежа, можно е да се јави снег на екранот.
Ако сакаш да го смениш, сликај го (само те молам сликите да се со подобар квалитет), па ќе видиме како може да се замени ;).
-
Не, несакам да го менувам пошто сега засега нема да можам само кажете ми како да ги врзам пиновите за да работи без него
-
Не мора ништо да врзуваш, само што ако пуштиш фен или некој друг уред кој внесува ВФ пречки во електричната мрежа, можно е да се јави снег на екранот.
-
Епа тогаш зошто не работи телевизорот???
-
Па ти тоа не го спомна ;).
Сликај ја плочката и деловите, или ако можеш да најдеш сервисна шема, уште подобро, post-ирај ја па ќе видиме што е проблемот ;).
Ако не можеш да најдеш сервисна шема, пиши модел на телевизори шасија, и ќе побараме ;).
-
Се е решено готово се снајдов сменав сличен таков кондензатор и се е ок :) фала во секој случај
-
да не испадна ова како со тоа видеото...или што и да беше....да не тестираш пак :P
-
Ххахахахаха не бе овојпат стварно ми требаше помош.
-
еми ко приказната со волкот, еднаш излажа дете сите му поверуваја
епа уштеднаш излажи, па 3-тиот пат ќе видиме кој ќе верува ( без зафрканција ова )
нешто друго, добар електроничар проблемот го решава и без шема ;D
-
нешто друго, добар електроничар проблемот го решава и без шема ;D
Мене јасно ми е тоа, ама јас ни знам како изгледа тој филтерски кондензатпор (мислам овој со три исводи не знам како изгледа, можеби бил и цел LC филтер), ни знам каде е поставен, ниту пак знам како изгледа плочката на која е поставена. Затоа му реков барем да ја слика плочката од оздола и од озгора, да видам каде одат водовите ;).
Да пробаш да решиш таков проблем е исто како дефиницијата за тоа што е квантен физичар: слеп човек што во темна соба бара црна мачка која не постои ;D:
-
не обвинувам јас, само кажав што како
и мене вака ми имаат кажано неколку пати :)
па сега јас само пренесувам
-
Истото ми го викаа и мене во средно професорите, ама тоа само по себе си доаѓа со пракса, кога доволно телевизори, системи и уште 300 други чуда ќе расклопиш и ќе ги поправиш, тогаш ќе научиш се и сешто. До тогаш, не е лошо да си се држиш до електричните и сервисните шеми ;).
-
Здраво
КАко што опиша кондензатор со 3 изводи нема во ТВ, дане ти бил цркнат ПТЦ отпорникот за демагнетизација на екранот, а со него и осигурачот?
Биди реален !
-
Јас сум 1000000% сигурен дека тоа е кондензатор и реален сум ;D и ако не беше (а сигурен сум дека е) немаше на производот да пишува КОНДЕНЗАТОР не е важно од каде го купив и ме кошташе 220 денари
-
а колку е стар телевизорот ?
пошто такви кондензатори со појќе изводи јас последно имам видено во нишките телевизори и
пред некое време видов кај еден мотор од бормашина
со 3 жици, појма немам како беа поврзани пошто беше растурен моторот
-
:)