Пред некое време средувајќи низ дома си го најдов ова -blast-from-the-past- уредче што сум го направил пред сигурно 25 години, ако не и повеќе
. FM/TV сметач, односно во денешно време само FM сметач, бидејќи нема повеќе аналогна телевизија. Шемата е едноставна, со лесно достапни и ефтини делови, транзисторот кај мене е некој BD..., калемот е направен од телефонска плаво-бела жица 0,75mm, променливиот кондензатор е од старо транзисторче на батерии. Дометот е неколку десетици метри, зависно од напојувањето и антената. Приклучено на 12V акумулатор од мотор, од пред зграда ги фаќаше сите телевизори што беа пуштени во тој момент, во целата зграда, се приметуваа истите сметњи на сите прозори, после некое време почнаа еден по еден да ги гасат и да одат на спиење...
Шемата и неколку слики од уредот: