Останато > Електронски компоненти

Најевтини делови во државата

(1/4) > >>

DX-er:
Бидејки можно е еден дел во една продавница да е скап а во друга евтин па макар и во најскапите продавници може да се најде нешто евтино а и во нај евтините продавници може да се најде поскапо па во оваа тема ке зборуваме за тоа каде има нај евтини делови.

Препораки:
Во темата Најевтини делови , предлагам сите да пишеме во своите постови, ако сакаме нешто да напишеме само да направиме едит и потоа да допишеме а не во друг пост бидејки кога ке се направат 5-6 страни многу ке биде тешко за снаоѓање. Мислам дека вака е најдобро. Ако имаме 5 члена на овој форум и во оваа тема ке имаме 5 поста ама секој ке се грижи за информациите од својот пост.

Пишете:
-име на дел по можност и марка
-име на продавница
-цена
-забелешки

На пример:
Најевтини 2N3866 во Алфа 50 ден. (не се оригинал ама бркаат работа во АБ класа и со мала побуда до 15V)

Доколку некој член забележи дека има измени во цените или делот не е на залиха во продавницата нека пише за да членот кој ја објавил информацијата направи корекција. По направената корекција адмонистраторот/модераторот ке го избрише известувачкиот пост.

Најдобро да ставаме датуми после новите ажурирања на пример допишувам: Варикап диоди BB105 во Алфа во Битола цена 6 денари. 9.10.2010

DX-er:
Во Скопје
Најевтин PIC12675 има во Логинг за 63 ден. Во БТ И ГАЦ се многу поскапи!
Најевтин pic16f84 има во БТ 140 ден. во ГАЦ и Логинг се многу поскапи
Најевтини BFR91 и BF199 по 20 ден. во БТ
Најевтини 2N2219 во БДС во ѓорче петров 22 ден. сега се 25 ден.
Најевтини BFR96TS во БТ Електроника 20 ден. 11.10.2010
Најевтини 2N2222 во БТ Електроника 4 ден. (Пластично куќиште) 11.10.2010
Најевтини дупли варикап диоди BB204 во ASWO 50 ден. пазете да не ви дадат стара диода
Во БТ во Скопје TDA2030A е 23 денари.

Во Битола
Најевтини UHF конектори за FM предаватели има во Алфа електроника и тоа за 40-50 ден. (цената варира)
Најевтини тример кондензатори 10-60pF во Алфа 30 ден.
Најевтин калај 250 грама 1mm во Алфа 290 ден.
Најевтини кристали 4MHz во Алфа 17 ден. сега е 25 ден
Најевтини 2N3866 во Алфа 50 ден. (не се оригинал ама бркаат работа во АБ класа и со мала побуда и до 15V)
Варикап диоди BB105 во Алфа во Битола цена 6 денари. 9.10.2010

Поштарина до Скопје 150 ден.


ДОКОЛКУ ИМА ПРОМЕНИ ВО ЦЕНИТЕ КАЖЕТЕ МИ.

Пишете и вие... и болдирајте ги важните зборови за полесно снаоѓање

GigaWatt:
Најевтини Штипчиња „крокодилки“ има во BT (Скопје), цената им е 10 ден. (единствен проблем е тоа што ги има само црни и црвени и не се со сврвен квалитет, ќе мора малку да ги „досредите“ нитните со кои се проврзани горната и долната вилица од крокодилчињата кога ќе стигнете дома ;)). Во Loging (Скопје) се најевтини, 8 денари е една, но исто така имаат само црни и црвени (сега за сега, рекоа дека ќе им дошла роба). Инаку има и поквалитетни (по изработката се гледа, поквалитетни се), но имаат само шарени (зелени, жолти и сини) и поскапи се (20 денари е една), така да, вие направете си пазар дали ви се исплати или не ;).

Најевтини Буксни има во BT (Скопје), цената им е 20 ден. (исто така ги има само во црна и црвена варијанта, но за разлиак од крокодилчињата, квалитетот им е подобар, има два типа од кои можете да бирате, а и двата се иста цена, изберете ги оние кои имаат кружен прстен - кој треба да го одржува всушност контактот - околу металното тело на буксната, поквалитетни се)

Најевтин ICL7107 има во BT (Скопје), цената му е 90 ден. (оригинал е, производство на Intеrsil, мада Bojan спомна дека веќе немало, се истрошиле :S).

Голем избор на ременчиња и ластичиња за декови, видео плеери, CD плеери, итн. има во BT (Скопје), цената им е релативно евтина (максимум да е 50, 60 денари едно), ременчиња и ластичиња има скоро од секакви големини, од најмали до најголеми.

LM1036 има во ГАЦ (Скопје), цената му е 140 денари, не знам дали е најевтин, ама сигуерен сум дека во Loging и да го имаат, поскап е. Инкау станува збор за интегрирано коло за тонска контрола. Еве и datasheet за него.

ICL8038 (функцискиот генератор) го има во Алфа Електроник (Битола) по цена од 557 денари. Скапо, ама го нема на нитуедно друго место :S.

Devil:
PIC16F84  има во битола 3-та реонска кај тој сервисерот што продава 120 денари се, продавачот е приглув малку и не секогаш продава мали количини

PIC16F628A 20MHz има во алфа, негде 125-130 денари се
2N7000 транзистор има во алфа за 12 денари
BS170 транзистор, алфа, 7денари
кристал 20MHz алфа, 22 денари, не секогаш има брзо им ги купуваат
LCD дисплеј, 2х16, син со бели точки, 400 денари во битола во Алфа, претходно имаше едни зелени ама не беа толку квалитетни

 

LordZi:
Ај и ја да сторам сефте овде ;D ;)

ICL7107 има(ше) во ГАЦ за 120ден., ама некоја фирма WINGCHUNG :o, моментално нема, ама редовно дополнуваат, поскап е отколку во БТ ама ако е некој зорт, ќе му се најде, да не купува од Логинг за 180ден.. Иначе, чисто сумњам дека тој од БТ е оригинал интерсил, ама за таа цена па баш ми е и гајле, само нека работи :)

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version