Аналогна електроника > Високонапонска техника

Механички Теслин Трансформатор

(1/14) > >>

KiloVolt:
Пред неколку дена зедов Теслин Трансформатор од училиште со цел да го испитам и по можност да го поправам... Проблемот беше во прекинатата секундарна намотка, ја залемив и средив, сега работи супер... Го споделувам ова со вас на форумов поради неговата несекојдневна шема и необичен начин на работа, шемата е во атачмент... Овој Теслин Трансформатор не користи искричар, туку реле. Релето е врзано на таков начин што самоосцилира, но не е врзано паралелно. Работи и на АС и на DC. Релето прави контакт со неговата самоосцилирачка фрекфенција кога работи на DC, или на 50Hz кога работи на AC преку трафо. Ова било оригинално дизајнирано за 220V, но како што ме знаете јас сум непријател со градска мрежа, па го поврзав на 15V 20-40W влезно трафо од нишки телевизор. Моментално прави искри од околу 2-3 cm, проценето на ~30kV. Слики и видео следуваат наскоро поради проблемот со USB портот.

Zan:

--- Quote from: KiloVolt on 13.03.2014, Thursday, 20:45:42 ---...проценето на ~30kV...

--- End quote ---

Како правиш проценка на напонот?

KiloVolt:
На нормален атмосферски притисок, со нормална влажност, се имаат правено повеќе мерења и е докажано дека 1kV може да се пробие 1mm низ воздух, е сега затоа ОКОЛУ 30kV.

MetallicA:
ако осцилаторот е со механичко реле, фрекфенцијата би била од 10-100Hz може и помалку, а на оваа фрекфенција скин е ефектот скоро и да не доага до израз така да наместо на секундарот кога го допреш струјата да тече по кожата, таа ке тече низ целото тело, и може доста убаво да те здрма ако е некој помокен.  ;)

nsu:
На 100 херци скоро и да нема скин ефект тоест нема.Не убаво туку сигурно ќе те задрма ова е по опасна изведба на теслин трансформатор.А искри дава да.Не преголеми но добро е.

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version