Author Topic: Инфраред диода и сензор  (Read 1958 times)

Offline Joker

  • Нов член
  • *
  • Posts: 14
Инфраред диода и сензор
« Opened on 06.01.2013, Sunday, 06:36:21 »
Здраво, ме интересира на кој принцип работи овој пар. Овие компоненти се местат да се гледаат "очи во очи"? На која разделеност функционира? Сензорот има улога на прекинувач? Што се случува кога прима/не прима светлина? Поздрав

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Инфраред диода и сензор
« Reply #1 on 06.01.2013, Sunday, 18:37:20 »
Најрвин да расчистиме - инфраред диодата е полупроводник од типот ЛЕД,само што место видлива емитира светлина во инфра подрачјето,невидлива за нашето око. Сензорот е всушност приемна диода која реагира на инфрацрвена светлина.Овие компоненти мора да се наместат така да емитираната светлина од предавателната диода да паѓа на приемната.Дометот не е голем без инфрацрвени филтри кои се ставаат пред предавателната и приемната страна.Дометот ке се зголеми ако на едната и другата страна се стават собирни леќи кои ја концентрираат светлината во сноп и како таква ја испраќаат на поголема далечина.Се на се дометот на овој систем е во рамки на оптичка видливост од неколку метри,што зависи од фреквенцијата,потоа од медиумот низ кој се движи итн.Дометот се зголемува и со посебна електроника на приемната страна,пред се со засилување на напонот кој го дава приемната диода кога е осветлена со минимална(најслаба) употреблива инфрацрвена светлина.Се разбира ,има подобри,поефикасни и секако поскапи диоди,а тоа влијае и на можниот домет на системот.

Offline Joker

  • Нов член
  • *
  • Posts: 14
Одг: Инфраред диода и сензор
« Reply #2 on 06.01.2013, Sunday, 19:36:53 »
Ти благодарам многу за одговорот....
Знаев дека станува збор за ЛЕД, ама не знаев како точно работи.
А колкав би бил дометот без леќи или дополнителна електроника? Дали би можело околу 1-2 метри да фати?
И што се случува кога ќе свети/нема да свети?
И каде може да се најде за да се купи и колку чини?
Поздрав!!!

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
Одг: Инфраред диода и сензор
« Reply #3 on 06.01.2013, Sunday, 19:48:22 »
можеш да си купиш инфраред диода и инфраред сензор и ке треба да направиш соодветен склоп за тие да работат како што треба, а што ке дава на излез зависи од тоа како е конструиран склопот...
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Инфраред диода и сензор
« Reply #4 on 06.01.2013, Sunday, 20:04:57 »
Еве една проста шема која може и почетник да ја изработи.Инфрацрвени диоди ( приемна и предавателна ) може да извадиш од некој уред кој се управува со далечинско (ТВ апарат,ДВД,....) а не е во исправна состојба.Инфрацрвен филтер можеш да си направиш од пластиката од некое далечинско,која се наоѓа пред предавателната диода.Дометот зависи од филтерот,добро е да се оклопи диодата ( во пластично цевче),да се стави собирна леќа од лупа.... Се на се метар,два.Ова шема иначе е заштитна бариера и дометот без никакви дополнителни средства е половина метар,но за намената е доволно!

Offline Joker

  • Нов член
  • *
  • Posts: 14
Одг: Инфраред диода и сензор
« Reply #5 on 20.11.2013, Wednesday, 14:45:00 »
Здраво,
Сега го работев ова, меѓутоа наидов на проблеми:
Како приемник користев TSOP1138 (детектира светлина на 38KHz), а како диода користев LD271. Ја поврзав на излез од NE555, со фреквенција 38KHz и duty околу 60%. Диодата работеше на околу 100mA. Се си работи добро до околу 30-35cm, меѓутоа мене ми треба на 75cm.
Наместо таа диода, пробав и со диода од старо далечинско, ама истиот проблем...
Чаре?

Offline SKOLS_OLD

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2782
  • Gender: Male
Одг: Инфраред диода и сензор
« Reply #6 on 20.11.2013, Wednesday, 15:15:52 »
@Joker,а да пробаш со две диоди сериски.Како на батка шемата што е.Ако пак несака,пробај тој отпорникот намали го,за да има поголема струја.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Инфраред диода и сензор
« Reply #7 on 20.11.2013, Wednesday, 16:34:32 »
За зголемувањена дометот треба да употребиш една собирна леќа пред предавателната диода,а добро би било да имаш и кај приемната исто такво нешто.

Offline Joker

  • Нов член
  • *
  • Posts: 14
Одг: Инфраред диода и сензор
« Reply #8 on 22.11.2013, Friday, 11:27:55 »
Благодарам за советите, го открив проблемот (можеби на некој ќе му притреба некогаш):
1. Со функциски генератор открив дека сензорот што ми го дале од продавница, не бил TSOP1138, туку TSOP1137 (работи на 36,7KHz).
2. Го менував duty cycle-от, па најдобро работи на околу 30% (20% - 40%). Моја претпоставка е дека на поголема вредност, сензорот не распознава промена на светлината, а на многу мала, нема доволно јак интензитет светлината (по некоја логика).

Во меѓувреме додадов уште 2 диоди, за подобар ефект. Даде подобри резултати, ама со претходно наведеното, многу се подобрија. Леќи не искористив, бидејќи тоа што ми требаше, си го добив...
Поздрав!