Уште е во рана фаза на прототип и експериментирање, засега успева да загрее мал штрафцигер до црвено усвитување за околу 40-на секунди. Намотката е од полна бакарна жица со дијаметар 2,5mm, кондензаторот е 0.85uF/850V, мосфетите се IRF540 (бидејќи тие ги имав дома), диодите се UF4007. Најкритичен дел е кондензаторот кој
МОРА да е поквалитетен и предвиден за поголем напон (барем 1000V) и струја, бидејќи скоро целата струја тече помеѓу него и намотката, а најдобро е да се стават повеќе кондензатори паралелно за да се подели струјата помеѓу нив. Овој што го користам после две минути е врел на допир и мора да се исклучи за да е олади. Помали кондензатори би се стопиле за десетина секунди. Намотката не се загрева превише, може да се држи со рака, исто и мосфетите, иако не е лошо да се стават некои појаки - со првиот калем доста се загреваа и тие.
Струјата во мирување (без да има нешто во калемот) е околу 8,5А а кога ќе се стави некој предмет да се загрева се зголемува зависно од неговата големина. Првиот калем со кој експериментирав беше со помалку намотки и со поголем дијаметар и со него склопот не работеше како што треба бидејќи влечеше над 10А во мирување кои го соборуваа напонот на исправувачот што го користам, па поспоро ги загреваше работите.
Стариот и новиот калем:
Еве и едно видео:
PIC 0003Шема и останато:
http://www.rmcybernetics.com/projects/DIY_Devices/diy-induction-heater.htm