Author Topic: Антикалк - електроника против бигор во водата  (Read 1453 times)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Ова статија е од старите броеви на САМ -свој мајстор.Ја имам одамна ,ама сега скоро повторно ми дојде до рака.Еднаш направив една варијанта на ова шема ( првобитната,не толку нашминкана  :D) која е конструкција позајмена од Електор.
Стоеше некое време на доводната цевка за вода,ама не приметив никаква промена .Не можам да кажам дали беше или не беше успешна конструкцијата 8) Ако има некој повеке искуство нека каже.Шемава е астабил со НЕ555 и намотка ( или намотки,има 3 варијанти!) кој продуцира осцилации на 2077,9 Кхз ( видете го калкулаторот) со мала амплитуда,но велат,сосема доволни да створи во намотките магнетно поле кое спречува бигорот (талогот) од водата да се налепува на водоводните цевки.Повторно велам,прочитајте го написот,ако имате и некое искуство - повелете.Иначе,постојат и готови фабрички уреди,базирани на слични и идентични шеми,кои се рекламираат како успешни.Па еве за што се работи:

Offline Zdravkovski

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 506
  • Gender: Male
  • elektricar
    • најдобриот електричар во Велес
така е затоа што во Велес од каде што си ти водата нема многу бигор ако си ја поставил во Скопје тогаш ќе видиш колку бигор ќе ти заштедела(под услов ако правилно функционирала) :D

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Ха,проблемот е што не треба да видиш бигор ако ја ставиш конструкцијата  ;D Но,во право- си има разни бигорливи и помалку бигорливи води. И пр.Кавадарци,Неготино  имаат  доста бигорлива вода,цела Западна Македонија... Ајде,можеби некој ке си најде *аман * ! :D :D :D

Offline Zdravkovski

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 506
  • Gender: Male
  • elektricar
    • најдобриот електричар во Велес
Quote
Ха,проблемот е што не треба да видиш бигор ако ја ставиш конструкцијата

погоре кажаното беше фигуративно инаку знам дека уредот треба да спречува создавање на бигор а не да ти создрава дополнително

Offline donis92

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 512
  • Gender: Male
па иста е нашата вода со вашата, велешката, кога идев нагости не осечав дека пиам др вада, а во градско неможам да а пијам,од едноставни делови е, ама .........глупост пред се
d.t

Offline Zdravkovski

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 506
  • Gender: Male
  • elektricar
    • најдобриот електричар во Велес
ајде да ја тргнеме шемава настрана (дали работи или не и не е важно) но ако се спречи создавањето на бигор во електричните уреди(пр. ел. бољер, машини за перење и садови, кафемати...) трајноста на уредите многукратно ќе им се зголеми а ќе се намали потрошувачката тоа е повеќе од сигурно

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Антикалк - електроника против бигор во водата
« Reply #6 on 15.01.2012, Sunday, 13:47:53 (Edited 13.10.2021, Wednesday, 19:44:29) »
Треба да ја провериме,ама тоа не ке биде за кратко време.Сепак треба малку подолго испитување ,па да се дојде до конкретни резултати.Еве ке ставам уште неколку прилога на ова тема,бар оние кои јас ги имам.Доколку некој сака можеме да направиме повеке вакви уреди и да ги поставиме секој кај себе,па по неколку месеци секој да ги каже резултатите,односно дали има или не ефект!!! Ако некој нема НЕ 555 ,нека се јави-за ова намена добивате бесплатен примерок!! :D :D

Offline Djpes

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 64
  • Gender: Male
кај мене на село болјеро работи веке 15 години водата има бигор претерано значи неможиш да измиеш чаша без на неа да има бели траги од бигор

болјеро е обичен метален вода топли 3-4 сати (шо значи дека греачот е цел со бигор) ама затоа па не се има ни дупнато до сега и водата од кога ке се стопли држи топла да не претерам ама појке од 5 дена

а во врска со шемата не верувам дека чисти од бигор затоа што бигорот е растопен минерал во водата така да и да можи да го оддели од водата тој мора некаде пак да завржи пошто неможи така да исчезни 

Offline Zdravkovski

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 506
  • Gender: Male
  • elektricar
    • најдобриот електричар во Велес
Quote
болјеро е обичен метален вода топли 3-4 сати (шо значи дека греачот е цел со бигор) ама затоа па не се има ни дупнато до сега и водата од кога ке се стопли држи топла да не претерам ама појке од 5 дена
па тука е и проблемот ако на греачот немаш бигор водата ќе ти се загрева за најмалку 25% побрзо а тоа дека откако ќе се загрее држи топла вода 5 дена не малку туку многу ми е сумнително

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
кај мене на село болјеро работи веке 15 години водата има бигор претерано значи неможиш да измиеш чаша без на неа да има бели траги од бигор

болјеро е обичен метален вода топли 3-4 сати (шо значи дека греачот е цел со бигор) ама затоа па не се има ни дупнато до сега и водата од кога ке се стопли држи топла да не претерам ама појке од 5 дена

а во врска со шемата не верувам дека чисти од бигор затоа што бигорот е растопен минерал во водата така да и да можи да го оддели од водата тој мора некаде пак да завржи пошто неможи така да исчезни 

Токму тоа!! Ако нормално за 1-1,5 часа се грее бојлерот ,со бигор за 3 саата!!! Значи ако успее ке имаш заштеда 100% енергија! Само треба да го исчистиш прво бојлерот од бигор  ;D Прочитај го првиот текст од САМ ,ке видиш дека токму тоа што е растворен во вода бигорот на овој начин се спречува да се таложи на водоводните цевки,греачи итн.

Offline Zdravkovski

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 506
  • Gender: Male
  • elektricar
    • најдобриот електричар во Велес
плус сега во скоро сите нови бољери се поставуваат магнезиумски сонди за да го спречат создавањето на бигор и да ја спречат појавата на р’ѓа во резервоарот но тоа е со краткотраен ефект односсно сондата заштитува додека ја има после тоа нема заштита

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
можда е малу офтопик, али имам приметено скопје водата иако помалце има бигор од кичевскава, има многу повеќе тврда материја, па кога мијам чаши(стаклени, прпзирни) редовно остануваат бели дамки.
Исто имам приметено кога сум скопје воппшто не сакам солена храна, додека овде делка сол по едно кафено лажиче во просек на ден. Најверојатно од минералите во водата. навистина би сакал да пијам чиста вода, сепак со ваков склоп само се менува струкрурата на водата, но кајзнае како би се однесувала во организмот...

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Овој склоп е наменет за индустриска вода: пред се за бојлери,за парното,резервоари за техничка вода.За пиење и јас не сум да се менува структурата на водата.И да се прави тоа (ако има потреба!) тоа треба да се врши со јонизација,односно како во Велес ,со помош на * фабрики за вода* - посебни филтер станици кои со посебни уреди за филтрирање и хемиско третирање ја прават водата питка.