Па добро, кога реков профи, мислев на професионална адуио опрема, за употреба во студиа, озвучување на концертни сали, итн. На тоа мислев
. А дека дел од нив имаат многу опрема (мислам на оние кои знам дека направиле некој професионален уред), и ова е точно, но оваа опрема е собирана со години
, не е купена наеднаш
.
А тоа дека се малку професионалци, да, во право си, повеќето се надвор од државава, и за тиа кои знам дека се инволвирани во домашно дизјанирани конструкции, најчесто работат во странство и на работното место ги вршат потребните мерења (се знае зошто, има многу опрема
).
Кга спомнувам „професионална опрема“, пред се мислам на уреди, не на звучници, кај нас и да сакаш не можеш да направиш професионални звучници. Прво, и да имаш пари, немаш од кај да ги купиш звучнците, второ, најчесто го има во недостаток првото, односно се нема пари :S. Така да, најчесто остануваме на преправка на веќе постоечки кутии, што и не е баш така лошо
. Како и да е, зборував пред се за уреди, не за звучни кутии, во таа тематика не навлегувам, ем немам доволно искуство, ем не ме интересира (изгбив интерес поради субјективноста на самата проблематика). Во принцип, кај уредите можеш со мерења да деш објективен резултат, а кај звуните кутии, 80% од добениот резултат е субјективе, се да супер на хартија и според извршени мерења, ќе има некој на кој нема да му се допаѓа тоа што ќе го чуе :S. Поради тоа, мислам дека иако науктата се потпира на равенки и формули, крајната оценка ја има слушателот, што доведува до многу субјективна оценка на самиот звучник (а тоа не ми се допаѓа).
И како заклучок на твојот краен заклучок
: на мал пазар нема поента да се носат толку скапи работи кои и онака нема да се продадат во догледно време. Прво, куповната моќ на обичниот граѓанин е премногу мала, второ, оние кои имаат голема куповна моќ се многу малку и имаат доволно апри да тркнат до странство и да си го купат тоа што барале тука
. Како прост пример се сијалиците со жаречко влакно. Во нитуедна држава во ЕУ веќе не се продаваат, само кај нас ги има. Не ги има поради тоа што ние увезуваме од други држави (иако и ова е точно, но поголемиот дел од причината е сосема друга), туку бидејќи сме мал пазар, кај нас се увезуваат сијалици за да може да се снабдува населението во наредните 2 години, и не се увезува повторно во наредните две години. Додека се истроши таа залиха, ќе донесат и нови закони за увоз и извоз на уште 300 други ратикли, а ние уште нема да ги имаме истрошено увезените сијалици
. Мал пазар, мала потрошувачка, тоа е тоа, ова ен е ништо ново
.