Едноставно три-тонско телефонско звоно, изведено со U4076B, коло специјално развиено за оваа намена. Звукот што го дава е познат на сите, онаа стандардно звонење на поновите телефони.
Шемата е прилагодена за да работи на еднонасочен напон од 10-на волти па нагоре, при што звонењето е без прекини и ваквиот склоп може да се искористи за некоја индикација, аларм и сл. Иначе може и да се напојува од телефонска линија, при што секогаш кога ќе звони телефонот ќе звони и овој уред, може на пр. да се однесе во друга соба и да биде индикатор дека некој ве бара и сл.
Фреквенција на звонењето може да се подесува во широка граница со тримерот 500к, додека гласноста со тримерот 47к.
Најдоле има и даташит кај што е даден начинот на поврзување на телефонска линија.