Иако не гледам причина зошто поради висок работен напон на кондензатор (освен за електролитските се разбира) некој склоп не би работел, морам да наведам дека и мене еднаш ми се има случено истото. Одкако ги сменив кондензаторите со кондензатори со помал работен напон, склопот работеше (не станува збор за овој склоп, за еден друг зборувам). Би било убаво ако може некој да разјасни дали навистина е проблемот во високиот работен напон или нешто сосема друго
.
Ако имаш дома „на лагер“ кондензатори (пластични) со помал работен напон, пробај смени ги и види дали ќе промени тоа нешто...