Author Topic: Maла свирка со пиезо базер  (Read 704 times)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Maла свирка со пиезо базер
« Opened on 07.02.2014, Friday, 00:28:30 (Edited 07.02.2014, Friday, 02:48:33) »
Креацијава е интересна бидејќи често се укажува потреба за звучен индикатор кој би работел во широк дијапазон на напони,би имал продорен тон и пред се да е едноставен и економичен за градба.Е па сето тоа е собрано на шемата.Значи треба пиезо со 3 извода ,еден транзистор НПН,неколку ситници.Приклучен на напон дава сигнал од 800-1000 Хз,значи многу продорен и осетлив тон за увото.Каде би го употребиле? Индикатор за во ауто,разни уреди ,а ако ставите кај означените отпорници по еден фото елемент може да добиете индикатор на светло или мрак,по желба.