Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Сè останато => Topic started by: Branish on 01.04.2012, Sunday, 00:31:12
-
Оваа направа наречена осветлувач на скали е слично како она во ходниците од зградите, светлата кај што ги палиш па што по некое време се гасат. Еве некои слики и видео
Иначе проектот е од куферчето по ОТП за 8 одд. но сам дома го правев :) :)
Извинете што видеото не е снимано право.
Osvetluvac na skali (http://www.youtube.com/watch?v=zbyqKe7dBr0#)
(http://i226.photobucket.com/albums/dd117/lodr_zi/Osvetluvacnaskalisema-elektricna.jpg)
(http://i226.photobucket.com/albums/dd117/lodr_zi/Osvetluvacnaskalisema-montazna.jpg)
-
Исти се вредностите на кондензаторите и отпорниците ако сакам да стаам 100 вати сијалица ?
-
ехеееееј...ова е за лед диода...на местото од лед диодата можеш да ставиш реле едно со диода и на контактите од релето да закачиш сијалица...
-
хаха не ми се верува, истиот проект го правев и јас пред повеке од 10 години. Маана на овој склоп е тоа што ЛЕД-от се гаси пополека а не свети со ист интензитет цело време додека се исклучи. Но затоа со NE555 може да се направи прав осветлувач за влезови.
-
Да му треба многу време скроз да се изгаси.
-
хаха не ми се верува, истиот проект го правев и јас пред повеке од 10 години. Маана на овој склоп е тоа што ЛЕД-от се гаси пополека а не свети со ист интензитет цело време додека се исклучи. Но затоа со NE555 може да се направи прав осветлувач за влезови.
па тогаш стави му реле како што рече Бојан,па одма ќе се исклучи.Со реле нема интензитетот на светење да се бележи,туку само ќе се исклучи.Ова е нешто како тајмер,кој користи кондензатор кој се полни(на 12волти) и празни.Времето на кое што ќе се испразни кондензаторот може да се командува со отпорникот кој оди на позитивниот пол од изворот(но и од големината на кондензаторот).
-
Branish, пред да закачуваш слики директно на форумот, прво убаво прочитај ги правилата и научи како правилно се ставаат слики во еден пост и во иднина применувај го тоа.
-
6.8. Големината на сликите во потписите не смее да ја надминува големината од 200 X 100 пиксели (<---200---> пиксели ширина и ↑100↓ пиксели висина). Доколку имате ставено слика во вашиот потпис, не е дозволено користење на други текстови или фрази во истиот. (Правилото се исклучува доколку администрацијата на форумот процени дека треба да биде исклучено во конкретната ситуација.)
За ова ли збориш? Не ми е јасно.
Ако не е тоа можеш ли точно да ме упатиш?
-
за друго ти зборува, немаш ти слика во потписот
2.12. Забрането е прикачување (upload-ирање) на слики со привремен каратер на форумот, без разлика на нивната големина. Во оваа група спаѓаат сликите кои се наменети за теми во секцијата „Огласи и понуди“, слики чија цел е забава на членовите на форумот и слики од комерцијални електрични уреди кои сакате да ги поправите или презентирате на форумот. Во оваа група не спаѓаат шеми, слики од некои навистина ретки компоненти или електронски уреди. (Правилото се исклучува доколку администрацијата на форумот процени дека треба да биде исклучено во конкретната ситуација.)
-
Ааа епа извинете не сум го прочитал ова. Сега ќе ги тргнам сликите ама шемите ќе ги оставам
-
Не треба да ги тргаш сега сликите, сега се си е во ред. Забрането е да се прикачуваат слики од привремен карактер како атачмент на форумот.
-
Затоа и беше советот да ги црташ во некој програм шемите,а не како слики да ги закачуваш.Вака ке го сликнеш целиот учебник по ОТП и ништо нема да научиш ;D
-
Епа ок. Може да ми предложиш некое програмче за цртање шеми за аматери?
-
Еве, види овде
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=6998.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=6998.0)
а секако и останатите членови нека предложат програми во кои ги цртаат своите шеми. Ајде да му помогнеме на новиот колега да започне!
-
И јас сум почетник и почнав со sPlan 7.0 има доста опции и лесен е за учење
-
Епа ок. Може да ми предложиш некое програмче за цртање шеми за аматери?
Наједноставно, како за почеток, sPlan ;). Може и Microsoft Viso ;).
-
Јас како почетник би сакал ова да видам како функционира но со сијалица од 100 w.
-
Ако сакаш вакво прашање да ти биде одговорено ,отвори си нова тема.