Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Сè останато => Topic started by: LordZi on 04.03.2012, Sunday, 23:43:30
-
Уште е во рана фаза на прототип и експериментирање, засега успева да загрее мал штрафцигер до црвено усвитување за околу 40-на секунди. Намотката е од полна бакарна жица со дијаметар 2,5mm, кондензаторот е 0.85uF/850V, мосфетите се IRF540 (бидејќи тие ги имав дома), диодите се UF4007. Најкритичен дел е кондензаторот кој МОРА да е поквалитетен и предвиден за поголем напон (барем 1000V) и струја, бидејќи скоро целата струја тече помеѓу него и намотката, а најдобро е да се стават повеќе кондензатори паралелно за да се подели струјата помеѓу нив. Овој што го користам после две минути е врел на допир и мора да се исклучи за да е олади. Помали кондензатори би се стопиле за десетина секунди. Намотката не се загрева превише, може да се држи со рака, исто и мосфетите, иако не е лошо да се стават некои појаки - со првиот калем доста се загреваа и тие.
(http://i226.photobucket.com/albums/dd117/lodr_zi/PIC_0008-11.jpg)
Струјата во мирување (без да има нешто во калемот) е околу 8,5А а кога ќе се стави некој предмет да се загрева се зголемува зависно од неговата големина. Првиот калем со кој експериментирав беше со помалку намотки и со поголем дијаметар и со него склопот не работеше како што треба бидејќи влечеше над 10А во мирување кои го соборуваа напонот на исправувачот што го користам, па поспоро ги загреваше работите.
Стариот и новиот калем:
(http://i226.photobucket.com/albums/dd117/lodr_zi/PIC_0005-22.jpg)
Еве и едно видео:
PIC 0003 (http://www.youtube.com/watch?v=EQf9q_pNQ_o#)
Шема и останато:
http://www.rmcybernetics.com/projects/DIY_Devices/diy-induction-heater.htm
-
LordZi и јас го склопив ова,само не штима нешто.Влече скоро 5А во празен од,а ако ставам некој штрафцигер ништо не се дешава.Исто си влече 5А и мосфетите греат ко термо печка,не можеш да ги допреш...Калемот е 2х2.5 намотки со 3,5-4мм жица.Колку хенри е калемот,ако го имаш измерено?
-
И кај мене грееја многу со првиот калем 2х2,5 намотки, ама тоа беше дека влечеше над 10А, кај тебе не е до тоа, иначе не сум му мерел индуктивност. Можеш да пробаш да го зголемиш бројот на намотки на оној калемот со торус што оди на плусот, да видиш дали ќе намали греењето и пробај направи друг калем, на пр 2х4,5.
-
Браво LordZi за проектот и за темата! Дали имаш видено со фрекфенциометар од блиску на која фрекфенција осцилира калемот ?
Како за пример, ваква тема (ваши слики, видео и објаснување) носи максимален број на поени.
-
Уште не сум го закачил осцилоскопот да видам што-како дава, би требало да е околу стотина килохерци, плус-минус, ама тоа највише зависи од капацитетот на кондензаторот или кондензаторите што се ставаат. Иначе заборавив да пишам дека склопот самиот се поставува да осцилира на резонантната фреквенција на калемот и кондензаторот, не треба подесување, затоа може да се менуваат различни кондензатори и да се прават комбинации од нив...
-
Леле ова кај мене ретардирано е,му пуштив 5V(претходно беше 12V),повлече 3А ама пак нејќе ништо да загрее,ни еден степен.И едниот мосфет грее повеќе од другиот,незнам зошто.
-
Треба малце експериментирање со калемите, кај мене со тој првиот влечеше повеќе струја, мосфетите се грееја како луди, ама не се усвитуваа предметите, онака да почнат да светат, се загреваа негде 300-400 степени и толку, со овој другиот се усвитуваат. Исто пробај и да намоташ повеќе намотки на тој малиот тороид што оди на плусот.
-
Добро е кај тебе,колку толку загреало,кај мене камен ладно е :D.Нејќе да мрдне.Сега последниот пат на 12V повлече 8А и пак ништо не загреа...
-
Провери ги мосфетите, да не си „испрограмирал“ некој како што знаеш, хаха... ;D
-
Провери ги мосфетите, да не си „испрограмирал“ некој како што знаеш, хаха... ;D
Nope,супер се,не се пробиени.Кај бе овие тенкови се :D
-
Епа тогаш мотај друг калем со помал дијаметар за проба.
-
Направив друг калем,2х5 намотки со истата жица и пак истото.На 5V влече 3А,на 12V преку 10А и ништо не загрева.Незнам што му е со транзисториве,зошто едниот грее повеќе од другиот и тоа бајаaги,едниов ти гори прст другиот не :D.
-
провери ги дали се исправни, замени ги со нови во случај да не си сигурен, најверојатно поголем дел од моќноста ти се троши во тој транзисторот кој грее, јас би го заменил него, мери колкава струја влече само намотката, дали воопшто стига нешто до неа
доколку си во можност мери ја резонантната фреквенција на калемот, за да знаеш дали воопштпо има некаква осцилација
-
Tранзисторите се исправни,ги проверив.Е сега ако добро прочитав на страната вика дека на краевите од калемот (во тој што се става метал),треба да има негде 70волти,а кај мене е 0.Ништо како да не функционира...
-
Мене ми личи дека воопшто нема осцилирање, мислам дека струјата цело време тече низ едниот транзистор и низ половината од калемот, наместо да осцилира наизменично на двата транзистори. Кај исправен уред транзисторите треба да го префрлаат минусот наизменично на краевите од намотката за да се створи магнетно поле во кое ќе се загрева предметот, провери со фреквенцметарот дали осцилираат.
-
мери ја струјата која протекува можеби воопшто ништо не се случува, незнам како ги испита фетовите дека се исправни, смени го C1 со некоја друга вредност, стави повеќе/помалку кондензатори, ова што го видов на страниците е минијатурно и влечи негде 2A (така изгледа барем на напојувањето) направи го прво во помал формат види дали ќе работи така па ако е ок, после направи поголемо :)
-
а да пробаш барем да видиш дали осцилира колото.Со осцилоскоп да испиташ? :D
Или пак со фреквенцметар.
-
а да пробаш барем да видиш дали осцилира колото.Со осцилоскоп да испиташ? :D
Или пак со фреквенцметар.
Уште да имав осцилоскоп арно ќе беше :D.Сега сменив мосфети,ставив послаби-IRF840 ама пак исто,едниот грее повеќе од другиот и ништо не загрева калемот ;D.Кај и да е ќе игра чекичот :D
-
кај мене грее побрзо од плин кафе побрзо вари и стеди струја, а на допир ринглата е ладна.
-
колкав ти е отворот на греачот/калемот LordZi ?
јас го направив со отвор од 3.5cm да го правам поголем или помал ?
ЕДИТ
ја премотав сега е само 2cm внатрешен диаметар
-
Па во принцип колку поблиску е предметот што го загреваш до калемот, толку подобро, ама да не претераш, пошто со намалување на дијаметарот на калемот му се намалува и отпорот, па влече повеќе струја и мосфетите повеќе се греат. Овој калем сега што го користам е 2,5цм дијаметар и има 2х4,5намотки и со него побрзо загрева, претходниот беше 4цм дијаметар и 2х5 намотки.
-
1 тест неуспешен, испукаа диодите :)
нареден тест е со малку поквалитетни и појаки диоди (најверојатно од оние какви што се користат по напојувањата (на SMPS напојување мислам))
еве слики, се гледа едната диода како е распукана, подоцна и ми се скрши, а втората малку е расцепкана на половина
(http://pic.mk/images/thumbs/6z8Q.jpg) (http://pic.mk/images/6z8Q.jpg) (http://pic.mk/images/thumbs/pgQCG.jpg) (http://pic.mk/images/pgQCG.jpg) (http://pic.mk/images/thumbs/rcuWq.jpg) (http://pic.mk/images/rcuWq.jpg)
-
Па 1A диоди се, затоа распукале ;). Пробај со 3A-ски или 5A-ски диоди ;)
-
5A на 2A греат итоа убаво греат :)
а фетовите се прилично ладни, не се загреани многу :)
-
Провери пак се уште еднаш, не би требало да греат ич, кај мене се 1 амперски UF4007 и воопшто не се загреваат ни кога уредот влече 10А. Можеш да експериментираш и со калемот што оди на плусот, да му ставиш повеќе намотки.
-
ама колку што прочитав на страната тој го штити напојувањето од пиковите кој се создаваат од осцилирањето на овие фетовите,
ставив 5А диоди и пак греат, ќе видам сомнителни ми се малку фетовите
на осцилоскоп има некој осцилации, ама па што знам малку чудно изгледаат
-
ги променив диодите, од старо напојување за компјутер извадив, не греат :)
му ставив ладилник со 2 кулери и ладилникот е камен ладен, кога има нешто во ова многу малку се загрева, млако станува, го напојувам со компјутерско напојување :)
едниот грее толку многу што ми го стопи она пластичното што трба да го оддели транзисторот од штрафот и од ладилникот (има некој силиконско гумени лискуни)
-
Можда е проблемот во компјутерското напојување, еве и на Малецко со такво напојување му грее само едниот мосфет. Иначе вчера му додадов уште еден кондензатор, ист како тој претходниот и сега побрзо ги загрева работите, ама влече и повеќе струја 8).
-
без кондензатор има осцилации, кога ќе го додадам кондензаторот ништо нема повеќе :)
барем така покажува на осцилоскоп
мислам дека проблемот е решен, на помалку од 2A Почнува да го грее добро штрафцигерот (негде 15-тина волти се)
единствено нешто што направив е тоа што го променив кондензаторот сега гледам и осцилации има, со претходниот кондензатор немаше ни осцилации :(
додадени се повеќе кондензатори сега работи ок, успеав едно парченце од нешто да загреам до усвитување ;D
трга 1A иако ограничувањето е поставено на 2A, изгледа треба да ставам повеќе кондензатори, или да го намалам бројот на навои на калемот
-
Епа супер, сега можеш да експериментираш со кондензаторите ;).
-
денес нешто си играв со греачов и добив една идеа па зедов на сплит трафо намотав неколку намотки (10-тина) со изолирана жица, зедов плусот од напојувањето кај што иде (на тоа торусчето со калемот) го споев со еден крај од излезите на фетовите (незнам точно кој беше онака без шема си играв)..
на наједноставен начин добив драјвер за сплит трафото :D и тоа искра фрла не играчка, само не сакаше да работи со големи кондензатори, ставив 2-3 помали па работеше :D, мора да има за да почне да осцилира на одредена фреквенција, вака така фрла искра :D
-
Дали во шемата може да се искористат кондензатори во серија од оние за еднофазни мотори што се(2x500V) оти такви имам дома а во алфа немат ништо над 600V
-
го пробав и јас ова, ама нешто не работи, намотката е со дијаметар 2,5цм истотака користам ирф540 наместо оние од страна.. дали и некој друг имал ваков проблем? :)
-
Батки,ако беше така лесно немаше да го има постов.Ми проработе мене од втора,дури кога ги скратив доводните жици на калемот.Види со осцилоскоп дали имаш осцилации,дали е се правилно врзано.И ме интересира постапката- како и со што го пробаше? 8)
-
го проверив повеке пати па пишав ;) инаку уште да имав осцилоскоп немаше да прашам.. :D патем го пробав на трафо 50VA по исправувањето дава 16в.
-
А,како го пробаше?? ;D
-
ти мајтап си караш со мене ?? го пробав стандардно уклучуваш и мериш, е сега проблемот е што не тече струја и колото воопшто не работи.
-
го проверив повеке пати па пишав ;) инаку уште да имав осцилоскоп немаше да прашам.. :D патем го пробав на трафо 50VA по исправувањето дава 16в.
Слабо е тоа трафо, сигурно драстично му паѓа напонот, овој греач бара сериозни ампери за да работи како што треба, мојот влечеше добри 7-8А во празен од.
-
Мајтап си играм? Јас учтиво те прашам како постапуваш при проверката,како мериш и што мериш освен напонот на исправувачот! Ти ми кажа два збора ,а не се што треба за да ти одговорам! Јас го направив уредот по истата шема и проработе.Па сега штом мислиш дека мајтап си терам - изгледа помош не ти треба. ???
-
Слабо е тоа трафо, сигурно драстично му паѓа напонот, овој греач бара сериозни ампери за да работи како што треба, мојот влечеше добри 7-8А во празен од.
Да,да изгледа до тоа е сега баш го пробав пак и проработе ама килаво, успева да загрее мало парче железо, ама многу малки а и трафото грее многу брзо, утре ке пробам со помокен извор и ке пишам.
Батка ова твоевое ми заличе на мајтап, ама ај се извинувам ако те навредив ;)
-
Металика,извини ама не сум на Форумов за мајтап да си играм со членовите. >:(
-
Мене ми фали уште работната намотка да ја нпаравам...Ама и немам со што да ја напојувам :-\
Ако може некој предлог? ???
-
Компјутерско напојување