Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Сè останато => Topic started by: batka on 21.01.2012, Saturday, 21:28:27

Title: Сензор со NE555
Post by: batka on 21.01.2012, Saturday, 21:28:27
Шемава е едноставен сензор со задршка ,а се базира на познатиот 555  ;D Времетраењето на држење на сензорот се одредува со потенциометрот од 500 К и електролитот 100-1000мФ.Со промена на вредностите се менува времетраењето на тајмерот.Како сензор се употребува метална плочка 3х3 см,а водот до неа треба да биде што пократок.Намената е повеќекратна: од светлосен  автомат за степеништа до сензорски тајмер за автомат за хранење на риби,за пумпа за вода,вклучување на некој уред...Сензорот е долго време дел од обуката на Младите техничари и природници во КМТ на Народна техника .
Title: Одг: Сензор со НЕ 555
Post by: DX-er on 22.01.2012, Sunday, 00:55:32
Одлична и корисна шема, сакам да ја направам само ме интересираат некои работи

На ел. шема до диодата 1н4148 има нешто за кое пише дека е 1к (дали е кило ом?) а пак на монтажната шема тамо стои реле, ма да и на монтажната и на електричната тој дел има ист симбол.

Дали паралелно со диодата освен релето, треба да стои и 1к отпорник ?
Title: Одг: Сензор со НЕ 555
Post by: ZareBt on 22.01.2012, Sunday, 02:09:07
Тоа до релето е диода обична, како заштита на релето му е то нешто. На сите шеми со релиња ги има овие диоди, можиш да заприметиш. А то 1к мислам дека е дека таму му е катодата на диодата, зато и во др шема подолу е така означена. Ова некако ми иди по некоја логика, не сум сигурен  ;D
Title: Одг: Сензор со НЕ 555
Post by: LordZi on 22.01.2012, Sunday, 09:40:15
Мене ми личи дека 1к ја означува отпорноста на намотката од релето, која треба да биде 1 килоом.
Title: Одг: Сензор со НЕ 555
Post by: batka on 22.01.2012, Sunday, 13:25:22
Мене ми личи дека 1к ја означува отпорноста на намотката од релето, која треба да биде 1 килоом.

Да ,1К значи дека може да се употреби реле од неколку стотини ома до 1к!!
Title: Одг: Сензор со НЕ 555
Post by: at.koce on 22.01.2012, Sunday, 13:55:13
На која далечина од прилика би реагирал овој сензор?
Title: Одг: Сензор со НЕ 555
Post by: batka on 22.01.2012, Sunday, 14:03:31
На која далечина????? Па треба со прст да го допреш сензорот за да се активира!
Title: Одг: Сензор со НЕ 555
Post by: at.koce on 22.01.2012, Sunday, 14:10:44
Ок, сеа е многу појасно, а и јас се испоизмешав мислев дека е некој сензор што реагира на движење  :-[
Title: Одг: Сензор со НЕ 555
Post by: batka on 22.01.2012, Sunday, 14:19:07
Па не си го прочитал текстот на шемата ;D
Title: Одг: Сензор со НЕ 555
Post by: DX-er on 22.01.2012, Sunday, 15:10:53
Мене ми личи дека 1к ја означува отпорноста на намотката од релето, која треба да биде 1 килоом.

Да ,1К значи дека може да се употреби реле од неколку стотини ома до 1к!!
Немам такво реле, дали може да комбинирам со отпорник?

Пр. имам реле од 100 оми + отпорник од 500 оми и да имам 600 оми
Title: Одг: Сензор со НЕ 555
Post by: Zdravkovski on 22.01.2012, Sunday, 15:20:01
ако може некој да ми објасни зошто е толку важно отпорноста релето да биде баш таа 1К-ом јас досега кога сум менувал реле на мекоја машина никогаш не сум пазел колку е отпорот на релето само сум пазел на напонот да биде соодветен и дали е за ДЦ или АЦ
Title: Одг: Сензор со НЕ 555
Post by: LordZi on 22.01.2012, Sunday, 15:30:45
Помал отпор на намотката = поголема струја низ неа = поголемо оптеретување за транзисторот и обратно, некои транзистори не можат да го поднесат ова.
Title: Одг: Сензор со НЕ 555
Post by: Zdravkovski on 22.01.2012, Sunday, 15:37:38
добро омовиот закон добро го познавам и погоре напишаното е точно, а од пракса досега не сум се сретнал со реле кое повлекува повеќе од 50-60мА и тоа оние појаките од 10А на контакт што прекинуваат
Title: Одг: Сензор со НЕ 555
Post by: batka on 22.01.2012, Sunday, 15:39:04
Ако имаш реле со отпорност од 300-500 оми не треба да ставаш никаков отпор.Отпор се става ако релето има мала отпорност.Во секој случај тогаш се става и појак транзистор.
Title: Одг: Сензор со НЕ 555
Post by: at.koce on 22.01.2012, Sunday, 17:45:28
Па не си го прочитал текстот на шемата ;D
Не ја погледнав шемата  ;D
Title: Одг: Сензор со НЕ 555
Post by: MarkoMK on 22.01.2012, Sunday, 18:17:28
Мене ми личи дека 1к ја означува отпорноста на намотката од релето, која треба да биде 1 килоом.

Да ,1К значи дека може да се употреби реле од неколку стотини ома до 1к!!

Батка најверојатно мислиш на реле со отпорност поголема од 1k.
Пошто обично на шемите се кажува најмалата отпорност, а секоја поголема отпорност ќе задоволи бидејќи ќе предизвика помало оптоварување на излезниот степен.
Title: Одг: Сензор со НЕ 555
Post by: batka on 22.01.2012, Sunday, 20:24:07
Обичните релиња од типот PR15/16 имаат отпорност 200- 600  оми. Едно време имавме некои чешки или полски беа со отпорност 1К/12V.Тоа е од времето кога шемата е нацртана ,да се назначи кои релиња да се користат.Меѓутоа,тоа е најмал проблем сега .Склопот ке работи скоро со секое реле чија шпулна е на 12 В.Ако е 6 В релето треба да се додаде отпорник за да има на него пад на напон од 6В,за да работи на 12 В напон.
Title: Одг: Сензор со НЕ 555
Post by: DX-er on 22.01.2012, Sunday, 21:48:31
Батка моите релиња се 170 оми >:( ке треба 800 оми отпорник да му ставам.
Title: Одг: Сензор со НЕ 555
Post by: ZareBt on 22.01.2012, Sunday, 21:51:27
Батка моите релиња се 170 оми >:( ке треба 800 оми отпорник да му ставам.

А на 6 волти работат?!
Ако се 12 нема потреба да клаваш  :)
Title: Одг: Сензор со НЕ 555
Post by: DX-er on 22.01.2012, Sunday, 21:55:02
еј заборавив да кажам, на 5V се... значи ке треба отпорник од 1к за да има пад на напон
Title: Одг: Сензор со НЕ 555
Post by: batka on 22.01.2012, Sunday, 22:18:16
Ако релето е 5В ,а вкупното напојување 12в ,треба да ставиш отпорник на кого пад на напонот ке биде 7 В  ! E ,сега еве еден прорачун па по формула пресметај си отпор!! ;D

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/rsppro.jpg)
Title: Одг: Сензор со НЕ 555
Post by: DX-er on 24.01.2012, Tuesday, 02:23:18
BC236 неможам да најдам никаде во продажба, па дали може да се замени со BC141 ? Знам дека може и со BC547 ама дали 141 е со најблиски карактеристики на 236...

Друго, шемава дали е добра (дали реагира на секој допир, да не има ефект на само активирање и сл), некои впечатоци ако може.

Иначе во некој од наредните денови планирам да ги набавам сите делови и да ја направам шемата.
Title: Одг: Сензор со НЕ 555
Post by: ShAdOw on 24.01.2012, Tuesday, 02:32:30
BC236 неможам да најдам никаде во продажба, па дали може да се замени со BC141 ?

BC236 = BF297 = BF422 = BSS38 = BSX21
Title: Одг: Сензор со НЕ 555
Post by: batka on 24.01.2012, Tuesday, 07:46:47
Нема самоактивирање.Отпорноста на пин 2 преку 2М отпорник не дозволува самоактивирање.Мора да се допре плочката па да реагира склопот,Транзисторот не е воопшто критичен,а отпорник ставајте сериски ако работите со релиња од 5В,иначе не треба,секое 12В реле задоволува.Склопот е направен иљадници пати и е проверена конструкција.Од шемата се гледа дека е работен на универзална плочка.
Title: Одг: Сензор со НЕ 555
Post by: DX-er on 25.01.2012, Wednesday, 02:02:55
го направив сензоров ама ме зеза нешто, не реагира на допир со прст, туку со допир на голема површина на метал. Што да сменам за да реагира и на прст а не само на големо количество на метал?
Title: Одг: Сензор со НЕ 555
Post by: Malecko on 25.01.2012, Wednesday, 02:06:38
Пробај намали го тој отпорникот од 2,2МΩ на 1МΩ.Али ај нека каже стручњакот батка ;D :D
Title: Одг: Сензор со НЕ 555
Post by: batka on 25.01.2012, Wednesday, 02:23:01
Прво,да не е многу долг водот до плочката? Второ водот да е со подебела жица,а не многу тенка .И колку е голема таа метална површина? Доста е плочка 3х3 см.Не треба да се смени отпорник.Провери споеви уште еднаш.
Title: Одг: Сензор со НЕ 555
Post by: DX-er on 25.01.2012, Wednesday, 02:29:04
Жицата е со лак ама дебела е, иста како што се спојувани ЛЕ диодите на лед пораката кај тебе. Должината е околу 5cm. Плочката е 3х2cm, пробав со поголема ама не сакаше да реагира па ја ставив оваа. Ај ке пробам со пократка жичка па ке пишам, ама тоа утре оти сега е веке касно.
Title: Одг: Сензор со НЕ 555
Post by: batka on 25.01.2012, Wednesday, 07:42:56
Стави подебела жица,барем 1-1,5 мм .Металната плочка е најдобро бакарна или алуминиум.Трето секој човек има различита отпорност на кожата.Ако ти е сува кожата ,може да имаш проблем,па пробај со влажни раце.За секој случај со прст пробај директно на спојот на отпорникот 2М2  и ако таму реагира,барај солуција со металната плочка.(зголеми ја,подебела и пократка доводна  жица..)
Title: Одг: Сензор со НЕ 555
Post by: DX-er on 25.01.2012, Wednesday, 17:38:18
ставив подебела жица и ја скратив на само 1,5цм и пробав со неколку бакарни плочки ама залудно, пробав и со влажни раце и се останато ама изгледа ке ја растурам :(

Најдов друга шема, па да ве прашам што мислите за неа?

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/ne555_touch_sensor.jpg)
Title: Одг: Сензор со НЕ 555
Post by: batka on 25.01.2012, Wednesday, 18:44:09
Не се  откажувај,испрати ја да ја средам ;D Досега не сум имал проблем со ова шема.

П.С.Пробај премости го отп. 15К на пин 4 (пин 4 директно на плус пол)
Title: Одг: Сензор со НЕ 555
Post by: DX-er on 25.01.2012, Wednesday, 19:16:08
П.С.Пробај премости го отп. 15К на пин 4 (пин 4 директно на плус пол)
На местото каде беше 2,2м отпорникот додадов + 1м и така се сторија 3,2 мега оми. Сега е по осетлив и реагира и на прст ама од неколку допирања (ретко и од прв пат). Сега планирам да му купам 3,5 или 4м отпорник и мислам дека ке биде таман. Ке пробам и со пин 4 директно на плус пол

П.С.Пробај премости го отп. 15К на пин 4 (пин 4 директно на плус пол)
Фала друже, мислам дека ке го средам сам ;)

ЕДИТ: пак почна да зафркава, проблемов е варијабилен  >:( ке пробам диреккт без 15к
Title: Одг: Сензор со НЕ 555
Post by: batka on 25.01.2012, Wednesday, 23:54:58
Провери ја монтажната шема и лемовите.До дега е бар стотина пати направена,веројатно имаш некоја грешка.Во краен случај стави нов НЕ 555.
Title: Одг: Сензор со НЕ 555
Post by: DX-er on 26.01.2012, Thursday, 00:21:29
За проба ја направив онаа шема што ја прикачив погоре и таа работи ама заза, еве што прави, кога ке допрам со прст се активира и по некое време се гаси, е сега проблемот е што некогаш заборава да се изгаси и си стои активен склопот. Зошто "заборава" ? Во тој случај кога заборава треба да ја доближам раката до склопот за да се изгаси (значи не допирам туку само ја доближувам). Трета варијанта сам се активира и сам се гаси. Зошто сево ова?

Иначе има разлика меѓу NE555 од Хитачи, ST и Е. Сите различно реагираат, еден е тром, друг тешко реагира...
Title: Одг: Сензор со НЕ 555
Post by: batka on 26.01.2012, Thursday, 00:36:50
Изгледа јас тебе треба да ти испратам една плочка од сензорот ; 8)
Title: Одг: Сензор со НЕ 555
Post by: DX-er on 26.01.2012, Thursday, 00:56:28
PCB ли ? Ако имаш PCB прати ми :)
Title: Одг: Сензор со НЕ 555
Post by: batka on 26.01.2012, Thursday, 00:59:56
Имам уште некоја универзална (како на сликата на вежбата!!).Пробај зголеми го 2М2 на 3М3 или 4М7. Еве и една транзисторска шема.За да задржи подолго зголеми го експериментално С1 од 5 мФ на 470-1000-2200 мФ.
Title: Одг: Сензор со НЕ 555
Post by: DX-er on 26.01.2012, Thursday, 01:06:54
со 3М2 нема некој ефект, па затоа ке купам 4М7 или ако има 5М5 :) Иначе добро е се залемено, секаде е се добро и точно. Ај ке ја растурам и пак ке ја направам за проба :)
Title: Одг: Сензор со НЕ 555
Post by: Malecko on 26.01.2012, Thursday, 14:10:52
A проба ли да го намалиш отпорникот тој од 2,2МΩ,на 1МΩ или помалце?
Title: Одг: Сензор со НЕ 555
Post by: DX-er on 26.01.2012, Thursday, 14:19:42
да, полошо е
Title: Одг: Сензор со НЕ 555
Post by: batka on 27.01.2012, Friday, 00:10:10
Не ставај повеке сериски отпорници,туку само еден. Не знам зошто,ама еве и овој модел што го имам од порано функционира беспрекорно.Не знам што е проблем кај тебе!?
Title: Одг: Сензор со НЕ 555
Post by: DX-er on 27.01.2012, Friday, 00:16:31
Не знам, ај здравје деновиве ке набавам неколку отпорици (4,5,6м) па ке пробам со секој од нив. Ке ја растурам и склопам поново шемата ако треба.
Title: Одг: Сензор со НЕ 555
Post by: batka on 27.01.2012, Friday, 00:33:52
Да не те зеза излазот - транзисторот и релето.Рече 5В реле со отпорник!? Да не е до отпорникот во серија со намотката? Најди 12 В реле и стави го!
Title: Одг: Сензор со НЕ 555
Post by: DX-er on 11.02.2012, Saturday, 21:06:59
пробав со 4М7 и 5М6 ама исто тромаво е, не реагира со ништо освен со поголемо парче метал, што да пробам наредно? ;D
Title: Одг: Сензор со НЕ 555
Post by: batka on 12.02.2012, Sunday, 00:42:21
А проба ли сензорот со прст да го активираш??
Title: Одг: Сензор со НЕ 555
Post by: najdo on 12.02.2012, Sunday, 01:27:32
Еве проверена шема за истата работа и исто така батка ја постираше.
Title: Одг: Сензор со НЕ 555
Post by: batka on 12.02.2012, Sunday, 01:28:49
Ајде пробај ја и ова шема

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/Contact_Switch_Circuit_Using_555.gif)
Title: Одг: Сензор со НЕ 555
Post by: DX-er on 12.02.2012, Sunday, 11:25:38
Реагира на влажен прст ама не од прва, најчесто од втора или трета. Ова со 4М7,  пак со 5М6 е полошо. Абе може толку и треба да е осетливоста, или грешам ?

Разликата меѓу шемата на Најдо и шемата од првиот пост од Батка

Шемата на Најдо
има 10 мега оми отпорник наместо 2,2 мега оми.
нема 10n на пин 5 према маса.
нема 15k на пин 4 према плус.

Ке направам и таква проба со тие измени, само да купам 10 мега оми отпорник

Title: Одг: Сензор со НЕ 555
Post by: batka on 12.02.2012, Sunday, 13:30:03
Две работи : сензорската плочка пробај да биде алуминиумска,а доводната жица барем 1,5 мм пресек лицнеста и должина не повеке од 5 см.Секој сензор кај различит човек разно реагира: некој има сува кожа, некој повлажна и кај него побргу реагира.Не смее кај срцеви болни да се применува,можат проблем да имаат.Во влажна околина сензорот нема да се активира или многу тешко.Досега не сум имал случај сензор да не проработи,а имало случаи каде поединци не можеле или поретко можеле да го активираат.
Title: Одг: Сензор со НЕ 555
Post by: Malecko on 12.02.2012, Sunday, 13:35:37
DX-er aj пробај вака,додади еден транзистор-BC547,8,9 и емитерот поврзи го на маса,на базата поврзи го сензорот-плочката и колекторот поврзи го со пин2 од 555-ката.
Title: Одг: Сензор со НЕ 555
Post by: DX-er on 12.02.2012, Sunday, 13:40:31
мислам дека така ке добие некое засулување (транзисторски ефект) и ке свети цело време диодата ?
Title: Одг: Сензор со НЕ 555
Post by: Malecko on 12.02.2012, Sunday, 13:42:42
мислам дека така ке добие некое засулување (транзисторски ефект) и ке свети цело време диодата ?
Малце да го зголеми осетот,ама неверувам да направи цело време да свети лед диодата...
Title: Одг: Сензор со НЕ 555
Post by: batka on 12.02.2012, Sunday, 13:59:29
На ова шема не менувај ништо.Ти закачив друга шема,која исто работи.Ако сакаш и со транзистор ке ставиме! 8)
Title: Одг: Сензор со НЕ 555
Post by: DX-er on 12.02.2012, Sunday, 16:27:41
На ова шема не менувај ништо.Ти закачив друга шема,која исто работи.Ако сакаш и со транзистор ке ставиме! 8)
Батали, може толку од NE555, за попрецизни сензори има специјално наменети интегралци.
Едино уште со транзистор не пробав ама потака ке пробам и со тоа :)
Title: Одг: Сензор со НЕ 555
Post by: najdo on 12.02.2012, Sunday, 16:36:19
Јас сензорот што го направив по шемата шо ја постирав, наместо плочка ( на плочка не ни пробав ), жицата ја намотав на метално штравцигерче и не ми правеше проблеми.
Title: Одг: Сензор со НЕ 555
Post by: DX-er on 12.02.2012, Sunday, 17:19:04
епа ај здравје потака ке ја направам и твојата шема па ке пишав влепатоци.
Title: Одг: Сензор со НЕ 555
Post by: batka on 12.02.2012, Sunday, 23:44:15
Не се разочарувај,еве уште една шема на таа тема ;D

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/Touch_Switch_Circuit_Using_NE555.jpg)
Title: Одг: Сензор со НЕ 555
Post by: DX-er on 18.02.2012, Saturday, 18:38:47
Го извадив тој 2м2 и сега пу пу пу да не заречам :D добро е!
Title: Одг: Сензор со NE555
Post by: 5RuseV on 13.11.2013, Wednesday, 01:56:04
шемата е супер ја имам правено..а и монтажната шема пробав да ја направам без мостови и ми успеа..
кога ке ја нацртам монтажната шема на sprint layout ке ја постирам во случај ако на некој му пристреба ..  :)
Title: Одг: Сензор со NE555
Post by: najdo on 14.11.2013, Thursday, 21:53:16
Да не има некој напрено за да задржи состојба ?
Title: Одг: Сензор со NE555
Post by: batka on 14.11.2013, Thursday, 23:32:12
По степенот со 555 стави еден флип флоп ( може со два транзистори,со ТТЛ кола -7472 на пример или со 4013  CMOS),а после тој степен да остане транзисторот со релејот!Така ке можеш со еден допир да палиш,а со вториот да гасиш некој уред.