Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Сè останато => Topic started by: batka on 16.10.2011, Sunday, 15:35:22
-
Ова е многу често поставувана ( и правена) шема - исклучување /вклучување на еден уред само со еден тастер прекинувач. За да биде јасно шемава е ПРЕВЗЕМЕНА АПЛИКАЦИЈА од дата шитот на NE 555 . Значи јас не сум го измислил ниту сум автор на апликацијава,туку само ја понудувам како превземено решение ,кое сум го составил и видел дека работи во пракса.Ваше е дали ке го направите,ако имате потреба.
Значи ,555 се користи како флип-флоп и со еден тастер влкучува и исклучува релеј до 50 мА.Ако релето е појако и влече поголема јачина,за да не се оштети 555-ката се става еден опто каплер кој ги разделува релето од ИК и управува со самото реле. Многу едноставно и практично.
-
батка, немора да му објаснуваш дали си дали не си автор на темата продолжи си ти со оваквото објавување ние сме си задоволни а кој не е нека не ти ги гледа постовите, а за уредот па и не е така страшно 555 е 8денари со подножје хахахах :)
-
Во серијата *Ало,ало..* Мишел велеше * ова ке го кажам само еднаш...* :D :D Еве прв и последен пат!! ;)
-
За да биде јасно шемава е ПРЕВЗЕМЕНА АПЛИКАЦИЈА од дата шитот на NE 555 . Значи јас не сум го измислил ниту сум автор на апликацијава,туку само ја понудувам како превземено решение ,кое сум го составил и видел дека работи вво пракса.Ваше е дали ке го направите,ако имате потреба.
Да батка не си ставај на срце ако некој кажал или напишал нешто во кое можеби си се пронашол макар и да не било напишано за тебе
-
А нели е поефтино и поедноставно да се стави некој BC... транзистор наместо оптокаплер?
-
Да,ама ВС... има мала I izl. а опто каплерот * држи* голема струја.Ова е во случај да се има потреба да се погони некое *џамбо* реле кое влече поголема струја од она која ВС или BD транзистор би ја издржале.Овие вториве транзистори може би издржале ,ама се поскапи од опто...