Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Сè останато => Topic started by: LordZi on 28.02.2010, Sunday, 22:56:35
-
(http://i226.photobucket.com/albums/dd117/lodr_zi/jt0.gif)
Многу едноставен склоп кој ќе ја исцеди и последната капка енергија од некоја батерија, за проба ставив минијатурна батерија 1,5V извадена од запалка и еве после скоро 7 часа лед-диодата сеуште свети (поточно сега веќе само жари), иако напонот на батеријата е паднат на 0,6V. Ако се стави некоја ААА батерија има да свети со денови и денови ;D
Трансформаторчето може да се направи од било какво парче ферит, а најдобро феритен прстен или перла и лак-жица (не е битна дебелината, битно да ја собере физички), се мотаат 20-на намотки дупло, т.е. жицата се превиткува на пола и така истовремено се мотаат и двете намотки и на крај се врзуваат почетокот од едната со крајот од другата намотка.
Еве како отприлика изгледа
(http://i226.photobucket.com/albums/dd117/lodr_zi/jt1.jpg)
-
добра направа :)
-
Хе,хе, не ми се верува...го оставив вклучен цела ноќ и сега кога станав гледам лед-диодата уште жари, после скоро 18 часа :o, баш ме интересира до кога ќе тера...
-
Одлично ! Само не те сватив, тоа со феритот треба како треба да изгледа?
(http://pic.mk/thumbs/untitl1267439544.jpg) (http://pic.mk/?v=untitl1267439544.jpg)
(http://pic.mk/thumbs/untitl1267439853.jpg) (http://pic.mk/?v=untitl1267439853.jpg)
Оваа слика лошо ја нацртав во Paint ама мислам дека ке ме разбереш што мислев :)
Како треба да направам?
-
Еве изгледај го клипчето, се ќе ти стане јасно ;)
Make a Joule Thief (http://www.youtube.com/watch?v=gTAqGKt64WM#ws)
-
хаххаха у пм работи...не ми се веруваше....сега го направив и го ставив да работи со 1,5V батерија...ке го оставам до утре да видам колку ке се потроши батеријата....иначе ке може некој да објасни како работи???и колку диоди би можеле да се стават да светат од една батерија???
Споено мислење: 04.03.2010, Thursday, 02:07:24
ја оставив ЛЕД диодата 24 саати да свети, и до сега напонот на батеријата паднал за 0,4V...уште 1,17V остануваат...иначе ако намотам повеќе навивки на калемот ке се смени нешто или тешко???
-
Напонот на мојата батерија падна на 0,6V и лед-диодата сеуште жареше :o - и тоа се работи за минијатурна батерија извадена од запалка, не за АА или ААА!
-
^^^а бе ај не зафркавај...јас се зафркнав малце...додека го мерев напонот на батеријата едното штипче ми беше закачено на катодата од ЛЕД диодата, и другото да го допрам ми падна сијаличката и најверојатно ми се споиле ноџињата на ЛЕД диодата и не светеше, после 1 мин пак просвете со напон од 0,7V...и сега го мерев напонот и има...0,5V...го имав уклучено на 3.3.2010 и свети до сега (6.3.2010)...и се чудам колку време ке продолжи да свети...
-
Хм... ме интересира дали со имплементирање на ова на пример во ЛЕД матрица за осветлување, дали ќе се намали и потрошувачката на истата ?
-
Незнам, ама мене не ми се верува дека ќе се намали потрошувачката... Ако би било така ова би имало голема примена... :)
-
Суштината на овој уред е да го подигне напонот за да може да свети ЛЕД диодата и кога на батеријата толку ке и падне напонот што би ја отцениле дека е празна и неупотреблива затоа што има под 1V. Всушност кога батеријата ќе падне од 1.5V на под 1V има уште 30% енергија во неа но неможеме да ја користиме така да овој уред затоа се вика Joule thief (крадец на енергија) бидејќи ја доцицува и последната енергија со што го подигнува напонот на баратерија дури и да е под 0.5V на напон доволен за да свети диодата.
-
^^^ама па за тоа ке троши поголема струја...а и па...мерев на краевите на диодата имаше ист напон како и батеријата...
-
^^^ама па за тоа ке троши поголема струја...а и па...мерев на краевите на диодата имаше ист напон како и батеријата...
Се разбира дека би имало исти напон. Треба да се споредат струите што течат со „крадецот“ и без крадецот на стабилно напојување.
-
Дали овој крадец на енергија може да се искористи и за струја од акумулатор на пример 9V---6A и дали треба да се смени нешто околу навивките.
-
НАпомена за овој склоп е тоа што имаме еден осцилатор а со тоа напојувањето е импулсно, интензитетот е послаб на ЛЕД и со тоа и потрошувачката е помала, а тоа со мерењето го мерите номиналниот напон, не и вршниот(пиковите), проверете на осцилоскоп.
во секој случај интересно, може и повеќе намотки на секундар и диода и елктролит од 100микро Ф, за да добие 4,5 волти и во тој момент нема да биде крадец, ке троши прав напон.
поздрав
-
сега го направив ова и не проработе :( дали оти ставив црвена ЛЕД (за 3V) а не дреч бела како за упаљач ма да тие се исти за 3V
-
јас првото го правев во 2 саат навечер пред спиење, и проработе од прва, и светеше 4-5 дена...па следниот ден правев ново, со бакарна лакирана жица, на друг торус, се полека убаво направено и...не проработе... >:( :(
-
едино да пробам на друг торус и со изолирана жица како на видеото.
-
мене ми беше мотано со жица од UTP кабел...
-
едино и јас да барам жица од UTP кабел. Вака ми се смачи, пробав со 3 различни торуси и секакви жици ама не бе, ни да чуе
-
Може да треба бела или плава диода? Тие имаат поголем напон на палење и може да прави проблем со црвена? Нека проба некој со црвена што го има направено и нека пише.
-
Не ми е јасно зошто жицата е намотана на ферит ? Тоа би било филтер, а филтер за што ли е? нели треба осцилаторна намотка која ке осцилира на некоја фрекфенција (импулсно напојување)... стварно не ми е јасно ова.
-
Феритот со намотките у ствари претставува трансформаторче, не е филтер.
-
А да не проработи ако ставам повеке намотки, на пример 40 за посигурно ?
-
Не ти требаат повеќе намотки, колку што имам читано по интернет неговата изведба воопшто не е критична, може да се мота на феритен прстен, феритна перла, стапче, дури и некој го намотал на железна шајка :)
-
Toгаш треба да му ставам прозирна лед што свети дреч-бело
-
Честито 1000-ти пост ;)
-
Борче Фала за честитката :) Поздрав. Од утре ке почнам да ги множам со 2 :)
-
Денес го пробав со сите можни лед-диоди, работи со сите - плава, бела, црвена и зелена лед од сјајните (прозирните), исто така без проблем работи со обични лед, па дури и со полу-прегорени (затемнети) :), така што не е проблемот во нив.
-
Не ни до транзисторот (башка нов е) едино да пробам да мотам на феритна прачка
-
Провери уште еднаш како ти се поврзани намотките - треба почетокот од едната со крајот од другата, ако не си сигурен смени го крајот на едната од нив.
-
Да речеме дека кругот е торус а тоа околу намотки
(http://pic.mk/thumbs/torus.jpg) (http://pic.mk/?v=torus.jpg)
-
Вака како што си нацртал нема да ти работи, погледни ја уште еднаш шемата, А1 е почеток на првата намотка, Б1 е почеток на втората, значи почнуваат на иста страна, додека А2 и Б2 завршуваат заедно на друга, тебе ти треба спој А1-Б2 или А2-Б1. Најдобро изгледај го уште еднаш видеото, таму убаво се гледа пошто жиците се во боја ;).
Споено мислење: 21.03.2010, Sunday, 12:15:38
Вака
(http://i226.photobucket.com/albums/dd117/lodr_zi/torus.jpg)
-
ЈЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ ПРОРАБОТЕЕ LordZi ФАЛА ТИ МНОГУ ЗА ПОМОШТА. Грешката била баш во тоа што ми рече, сега конечно проработе :)
Едит: ми остана нејасно како функционира овој склоп, фактички транзисторот и намотката на торусот ствараат некоја фрекфенција како што е таа кај напојувањето 15КHz и ЛЕД свети на наизменична струја од 15KHz ?
-
Така нешто, еден вид ептен просто switch напојување, торусот е всушност трансформаторче и на излезот (кога не е приклучена лед-диодата) дава околу 50-на волти.
-
Интересно е што ако си во близина на склопот кога е уклучен се слуша тивок ултра звук (се граничи со човечкиот слух) :) а пак ако го доближиш до АМ радио (до ферит антената) се слуша силно ШШШШШШШШШШ
-
Бидејќи овој склоп неколку дена цело време ми седеше вклучен на работната маса, приметив дека кога се јавува искрење во негова близина (вклучување/исклучување на помоќен прекинувач и сл.), лед-диодата светнува појако во ритам на тоа искрење, ова го пробав и со "шмелцување" на две жички во негова близина.
-
Kaj мене батеријата се потроши за 24 часа а може и 23,5 часа ;) дали оти многу енергија трошеше за тој звукот или батеријата не беше баш нова.
-
кај мене батеријата ми се потроши за....4 дена дека по цел ден светеше сијаличката.... :D
-
A какви батерии користевте? Јас користев АА
-
ја си направив прегеска сијаличка со 2 лед, и ова колцево со 3 ААА батерии поврзани паралелно за повеќе да траат батериите и свети у пм....
-
Јас користев минијатурна батерија какви што има во запалките што се со лед-диоди (таму ги има по три) и светеше (т.е. на крај само тлееше) неколку дена.
-
луѓе дајте кажете како да го поврзам на 2Х1,5V...или 3V како сакате кажете го...
-
хехе еве и во емитер го презентираа
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/2_emiter_WEB_Slika_DC_DC.jpg)
-
тој од емитер е тапа...овој кај што има малце делови, па со каков сакаш транзистор можеш да го направиш, (ова се канам да го напишам одамна) немора торус да се мота, може и на обично феритно стапче да се мота и...то...
-
Тоа во емитер е со повеќе елементи 2-транзистори,2-отпорници,1-кондезатор и калемот+лед.
-
да, пак ова кај нас е поедноставно и подобро :) тоа нивното може повеке троши
-
od filmot se gleda namotkata e motana bifilarno ili po Tesliniot patent
bez mnogu zagubi
-
Тесла во тоа време знаел како е најдобро :) од него може многу да се научи
-
ептен се запалив по ова, па и го однесов во школо за да видам како изгледа сигналот па и го прецртав сигналот на хартија една за вас да ви го покажам како изгледа ако сака некој да го види тоа...and here it is...tadaaaa
(http://i136.photobucket.com/albums/q181/Bojanevski/oscilogram.jpg)
0.5V
0.5uS по поделок
u=микро
осцилираше на 50KHz...ако пресметав добро...
-
Добро истражување! Сега да знаеш дека како се торши батеријата така и фрекфенцијата се намалува :)
-
јас го пробував на стабилизатор за напон на 1,5V, за поголеми истражувања следниот час, иначе заборавив да напоменам...„трансформаторот“ не е мотан на торусен ферит, туку на феритно стапче со дијаметар од 6мм. следниот час ке пробувам со торусен ферит и со различно мотање на намотките...иначе знае ли некој како може да видам како изгледа струјата што тече низ колото со осцилоскоп???
-
kolku e zivotniot vek na LED so impulsno napojuvanje se misli na postojana rabota so postojan napon
-
ако за калемот намотам повеќе намотки ке може ли и повеќе лед диоди да му ставам??? или што треба да се направи за да може повеќе лед диоди да закачам...
-
абе јас пробав ова да го направам и не работи, да не знае некој што би можел да биде проблемот? инаку користам индуктор од оние од компјутерски напојувања, директно намотана :)
-
Епа изгледа бројот на намотките не ти е погоден. Во претходните post-ови некој имаше пишано колкав треба да биде бројот на намотките, а колку што ми текнува, треба и малку да се експериментира ;).
ПС: Да, LordZi има пишано, еве како треба ;).
Трансформаторчето може да се направи од било какво парче ферит, а најдобро феритен прстен или перла и лак-жица (не е битна дебелината, битно да ја собере физички), се мотаат 20-на намотки дупло, т.е. жицата се превиткува на пола и така истовремено се мотаат и двете намотки и на крај се врзуваат почетокот од едната со крајот од другата намотка.
-
Ке пробам со лакирана жица на мал тороид, и ке пишам, патем имам пробано со зелена црвена и бела лед не сака ни да чуе за работа, го пробав и со 2н3055, 2н3904 и тип41ц не бе не сака да работи. ;D
-
Пробај смени го едниот крај од намотките што се врзани заедно...
-
друже лордзи, ;D да си жив и здрав господ здравје да ти дава ;D пробав како што рече ги сменив краевите и за чудо проработе ;D фала многу друже. ;D
-
Нема проблем, најчесто се греши на тоа... ;)
-
А ова може да се користи како драјвер за трафо, наместо низ ЛЕД диодата пулсовите да поминуваат низ примарот?
-
пробај па кажи :D
-
А ова може да се користи како драјвер за трафо, наместо низ ЛЕД диодата пулсовите да поминуваат низ примарот?
Па... да, би требало да може ;). Напонот е наизменичен, автоматски, мора нешто да се појави на секундарот ;D.
-
Ајде, ќе го пробам па ќе ве известам. Просто, едноставно, се прави за 5 минути ;), штета што немам отпорник од 1 кило ом. :(
-
извади од некоја стара плоча, често се употребуваат лесно се наоѓаат по плочите
а на каков трансформатор сакаш да го поврзиш, пошто рачунај ти треба енергија за магнетизирање на јадрото, значи можните резултати се НИШТО
-
извади од некоја стара плоча, често се употребуваат лесно се наоѓаат по плочите
а на каков трансформатор сакаш да го поврзиш, пошто рачунај ти треба енергија за магнетизирање на јадрото, значи можните резултати се НИШТО
Не планирам да го напојувам од потрошена батерија, ако го напојував знам дека ништо немаше да се случи ;) ами планирам како осцилатор да го користам.
-
има подобри решенија за осцилатори ;)
-
Ништо, ми прегоре трафото, сега дури да намотам ново на неговото феритно јадро ќе поминат неколку дена.