Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Сè останато => Topic started by: batka on 30.10.2010, Saturday, 20:00:16
-
Налетав на една ,навидум детска,конструкција на лајт шоу со транзистор на кои беа врзани неколку мали сијалички од 12 В.Двата трансформатори се со секундар 12В, а влезниот сигнал се носи преку секундарот на кој е врзан отпорник чија вредност зависи од јачината на појачувачот на кој се поврзува.Едноставно и лудо.Сепак јас би ставил мал ладилник на транзисторот,а можна е замена и со транзистор изваден од комп.напојување со ознака 13007.
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/2N3055_Light_Show.png)
-
Не е на соодветно место барањево ама ајде... Дали некој има добра шема за lightshow (околу 5-6 канали) со микроконтролер. Го имам направено тоа од емитер ама тоа е само за преку winamp...
-
Сум видел трчечко светло програмирано со ЕЕПРОМ,ама со ПИК не сум сретнал.Не сум видел и лајт шоу со пик,пред се заради едноставноста на конструкциите.Еве една шема на триканално лајт шоу кое реагира на звук и едноставно е за работа (и ефтино!) .Дури и професионалниве уреди работат на сличен принцип.На работа користам ПК со МАРТИН ЛАЈТ ЏОКЕЈ програм врзан на интерфејс преку кој се погонат од 4- 8 МУНЛАЈТИ .Програмот има доста можности ,дури и контрола на смоук машина.
-
imam praveno edno so tiristor sto rabotese izvrsno ke se potrudam da ja najdam semata
-
Батка го имаш направено лајт шоуво ? Поздрав ;D
-
Јас го имам направено ова лајт-шоу што го стави Батка, мислам дека шемата ја имаше во списанието Sam или Majstor и можам да потврдам дека работи перфектно ;) :)
-
Фала за одговорот почнувам да го правам. ;D ;D
-
Ме претрка човеков,ама помлад е.. :D ;) Го имам правено десетина пати,точно го имаше во САМ
(многу одамна) и работи одлично.Замерка : стави квачитетни 63 В електролити,зошто на два пати ми ги *крена* - ги *поду* напонот ! :D :D >:(
-
какви се тие квачитетни или мислиш на квалитетни (печатна грешка) ???
-
Точно,сега се поправив! ;D ;D ;D