Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Сè останато => Topic started by: Baze on 25.06.2010, Friday, 03:57:52
-
Дечки,имам слушнато дека постојат картици кои се приклучуваат на компјутер и бркаат работа на осцилоскоп.Имате видено такво нешто?И ако имате каде го има да се купи
-
МИСЛАМ дека DARK ја има користено звучната картица за осцилоскоп со уште едно колце со два без 3 дела...исправете ме ако грешам...
-
Еве: http://elektronika-mk.net/index.php?topic=352.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=352.0)
И јас го имам изработено ова, го пробував на усб екстерна звучна картица ама не беше исправна. Ми беше страв да пробам дирекно на вграденава и остана така. Оваа програма може да се користи: http://www.zeitnitz.de/Christian/scope_en
-
сега...може максимум 5V на микрофонот да му се донесе или 0,7V??? како што пишува на страната од Georgi
-
5В, ама пак вие не му носете толку за секој случај нека е малку помал од 5
-
Би бил добар за некои основни работи, ама ако сакаш посаглам види го овој, се мислам да го нарачам:
http://cgi.ebay.com/Hantek-DSO-2090-PC-USB-Digital-Oscilloscope-100MS-/160411974985?cmd=ViewItem&pt=BI_Oscilloscopes&hash=item25594c7d49
за тие пари мислам дека нема подобар осцилоскоп за ПЦ.
-
јас ти препорачувам да си земеш аналоген осцилоскоп, подобри се од дигиталниве :)
-
јас ти препорачувам да си земеш аналоген осцилоскоп, подобри се од дигиталниве :)
хех сега...аналогно си е аналогно дигитално си е дигитално...
-
од мое искуство, аналогното е подобро :)
а пак дигитален е подобар од адаптер за на компјутер во секој случај, предност е влезниот напон кој кај овие изнесуваше до кај 100-200В, кај дигитален ( самостоен ) до кај 300-400
и кај аналогните од 400 нагоре :)
друго сликата аналогните ја даваат онаква каква што е во реалноста, дигиталните ја преработуваат...
-
ок...фала дечки :)
-
ова е интересно за хоби електроника
http://www.seeedstudio.com/depot/micro-digital-storage-oscilloscopedso-nano-p-512.html
-
од мое искуство, аналогното е подобро :)
а пак дигитален е подобар од адаптер за на компјутер во секој случај, предност е влезниот напон кој кај овие изнесуваше до кај 100-200В, кај дигитален ( самостоен ) до кај 300-400
и кај аналогните од 400 нагоре :)
Па не мора да значи, еве мојов дигитален Fluke има максимален влезен напон од 800V, само што сондите му се 600V-ни, треба да купам 1KV-ни ;).
друго сликата аналогните ја даваат онаква каква што е во реалноста, дигиталните ја преработуваат...
Е за ова во право си, за ова се сложувам 100%, само што мораш да признаеш, многу транспортни и лесни се ;), за разлика од аналогните, габарити се, многу попрактични за сервсирање по домови се ;).
-
Од добар дигитален осцилоскоп нема подобар аналоген. Аналогните осцилоскопи завршија со 100MHz додека дигитални има и до 20GHz. А патем има дигитални осцилоскопи што можат и до 1KV да примат. А оние што неможат секогаш има делители и делителни сонди. Има сонди што можат да мерат напон до 50KV и да му го дадат на осцилоскопот до 5V намален линеарно.
-
И аналогните и дигиталните осцилоскопи за да „видат“ многу високи фрекфенции (над 100MHz) им е потребен downconverter (слично на суперхетеродински принцип кај радио приемниците со локален осцилатор и мешач) но на интернет шеми и дизајни за таков уред е многу тешко да се најде бидејќи најверојатно е многу тешко да се изработи во домашни услови поради високата фрекфенција на работа и прецизноста. Сепак, еве линк за еден конвертер кој прима влез од 300MHz до 4GHz и дава на излез сигнал со многу пониска фрекфенција кој може да се види на аналоген или дигитален осцилоскоп:
www.hipoint.ca/whitepapers/CheapDownConverter.pdf
-
А можно е ли наместо звучната картица како влез да се користи Video Capture картица, со што би се добил поголем опсег - нели видеото има ширина околу 5 Mhz?
-
ако најдеш таков софтвер со што ќе се контролира сето тоа слободно :)