Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Сè останато => Topic started by: najdo on 14.09.2016, Wednesday, 19:42:03
-
Здраво, ја направив шемата дополнително ке поставам слики од плочката, само што имам проблем. Диодите не светат со полна јачина, т.е има пад на напон на излезот од регулаторот околу 7.5V кажва, додека без диодите кажва 11.2V. А во моментот ко ке ја уклучам на напон убо светат пола секунда. Еве ја шемата подолу:
(https://s21.postimg.cc/4ojxlnm9v/power_led_12_V.jpg) (https://postimg.cc/image/4ojxlnm9v/)
(https://s10.postimg.cc/792352zud/image.jpg) (https://postimg.cc/image/792352zud/)
(https://s9.postimg.cc/iivmrmlgb/image.jpg) (https://postimg.cc/image/iivmrmlgb/)
-
Не дека е грешна шемата, ама мн енергија ти оди фира во 7809...
-
Стави по три ЛЕД во серија со пад на напон од 3V на диода или 9V по гранка.Потоа сите гранки спои ги паралелно.Истовремено стави две диоди 1N4001 врзани сериски во изводот од 7809 кон маса и тоа со анода/катода спрема маса да добиеш пад на напон 2х 0,7V = 1,4V и ке добиеш 10,7V на излез,кој со мал пад ке дојде на 9V.Мислам ме разбираш. ;) 8)
-
За корисен совет потребен е корисен податок за вградените диоди!
Пример за напон од 3V ама моќност 1W или 2W или 3W... струја 100mA или 300mA или 500mA ...
-
Да многу е битен податокот колку јаки диоди си ставил претпоставувам од високо сјајните што влечат повеќе струја или не се лажам овие на сликата се твоите така нели.
-
Да да од сјајните белите диоди поставив. Иначе плочката треба да е наменета за во кола пикап, како осветлување во багажо, така да напојување ке користам од светлото поранешно што беше предвидено, на него пижи 15W max. Дали можи пример да поставам плус ред диоди да добијам по 4ри во серија, и без регулаторот да биди ?
-
Исфрли го 7809, стави по 4 диоди плус отпорник 47-100 ома (моќност 1W чисто да си раат) во серија, неколку такви серии врзани паралелно приклучи ги директно на 12V.
-
Така напрајв, па утре ке го монтирам и ке прикачам слики.
-
А што би се десило доколку ги поврзам диодите без отпорник во серија ?
-
Ќе немаш ограничување на струјата, подобро потроши десетина денари и стави ги.
-
Во превод, може за кратко време да ги изгориш LED диодите ;).