Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Сè останато => Topic started by: DX-er on 13.05.2010, Thursday, 15:31:51

Title: Аудио комуникација преку електричната мрежа - 220V
Post by: DX-er on 13.05.2010, Thursday, 15:31:51
(http://pic.mk/thumbs/1str.jpg) (http://pic.mk/?v=1str.jpg)

(http://pic.mk/thumbs/2str.jpg) (http://pic.mk/?v=2str.jpg)

Автор на шемата е членот batka
Title: Одг: Аудио комуникација преку електричната мрежа - 220V
Post by: GigaWatt on 13.05.2010, Thursday, 15:57:05
Знам, во Емитер имаше шема за ваков уред, само што се расипува квалитетот на сигналот со зголемување на бројот на трафостаници измеѓу двајцата кои комуницираат, барем така имаа напишано во Емитер ;).
Title: Одг: Аудио комуникација преку електричната мрежа - 220V
Post by: DX-er on 13.05.2010, Thursday, 16:10:47
A шемата од емитер и оваа дали се исти, ако не се исти односно ако таа е поедноставна и ако си во можност сликни ја и стави ја на форум. Дали некаде пишува нешто за дометот, мислам преку колку km жица или преку колку трансформатори може да се пренесе звукот ?
Title: Одг: Аудио комуникација преку електричната мрежа - 220V
Post by: GigaWatt on 13.05.2010, Thursday, 16:16:13
Искрено да ти кажам, не ми текува дали шемата беше иста, не ми текнува на шемата, да го најдам тој број од Емитер па да видам, ај вечер ако имам време ќе гледам да ја post-ирам шемата ;).

Мислам дека според тестовите што ги имаа направено, сигналот одел без поголеми проблеми до максимум три тафо станици, мада не ме земај за збор, како што реков, одамна беше, не ми текува :S.
Title: Одг: Аудио комуникација преку електричната мрежа - 220V
Post by: BorceBT on 13.05.2010, Thursday, 18:33:38
Интересно.
Title: Одг: Аудио комуникација преку електричната мрежа - 220V
Post by: GigaWatt on 14.05.2010, Friday, 18:09:46
Не е иста шемата, ама е многу слична, принципот на работа е ист, искористени се исти интегрирани кола, единствената разлика е тоа што наместо транзистор (BC109) за засилување на аудио сигналот е искористен операциски засилувач TL071.

Title: Одг: Аудио комуникација преку електричната мрежа - 220V
Post by: MAKEDONIA on 17.05.2010, Monday, 18:49:27
se prodavaa takvi pred desetina godini treba da vidam dali ima uste, edno vreme elekticnoto vo strumica imase takvo za komunikacija preku dalekuvodi mislam bese dansko proizvodstvo ,samo da znaete toae za vo ista linija na 220 toest vo edna kuka so ista linija
Title: Одг: Аудио комуникација преку електричната мрежа - 220V
Post by: GigaWatt on 17.05.2010, Monday, 19:47:16
Некој ми спомна (или во Емитер во текстот пишуваше, не ми текува) дека као демек можело добро да се прима и праѓа сигнал до растојание од три трафостаници. Е сега, колку е ова вистина, не знам, го немам изработено уредот.
Title: Одг: Аудио комуникација преку електричната мрежа - 220V
Post by: MAKEDONIA on 17.05.2010, Monday, 20:14:22
hartija trpi i poveke od tri trafostanici
Title: Одг: Аудио комуникација преку електричната мрежа - 220V
Post by: MarkoMK on 25.05.2010, Tuesday, 20:04:24
Некој ми спомна (или во Емитер во текстот пишуваше, не ми текува) дека као демек можело добро да се прима и праѓа сигнал до растојание од три трафостаници. Е сега, колку е ова вистина, не знам, го немам изработено уредот.

Не ми се верува дека до 3 трафостаници може да оди.. Бидејќи нисконапонската мрежа од една трафостаница не е поврзана со нисконапонската мрежа од друга трафостаница. Евентуално е можно доколку сигналот патува до првата трафостаница, па после тоа преку 10 KV далекувод до наредната итн. ама тоа е скоро невозможно бидејќи сигнал од 100 kHz треба да помине низ енергетски трансформатор, а и услов е сите три трафостаници да се на еден далековод поврзани. Според мене сигналот би стигнал само во реон на една трафостаница - кое за населби со куќи може да биде отприлика радиус од 1 km.
Title: Одг: Аудио комуникација преку електричната мрежа - 220V
Post by: BorceBT on 26.05.2010, Wednesday, 00:43:55
И јас мислам исто бидејќи енергетски трансформатор е огромен калем (голема импеданса) од сигналот од 100KHz нема да остане ни миливолт :)
Title: Одг: Аудио комуникација преку електричната мрежа - 220V
Post by: SaleSk on 26.05.2010, Wednesday, 15:29:29
Да се надоврзам на оваа интересна тема...Факт е дека со фреквентна модулација може да се направат чуда...Па и еден од можните фиксни оператори на времето се збореше дека може да станат и ЕВН бидејки имаат инфраструктура  ;D
Конкретно за тоа што сакав да кажам е дека имав уреди за мрежно поврзување преку електрична мрежа од 220в. Имено уредот се уклучува во шуко, а во него се вклучува класичен рј45 конектор од компјутер или лаптоп, сеедно, а во друга соба или друг спрат или на друго место во кукјата се уклучува друг ист таков уред на кој исто така се приклучува со компјутер...Се функционира одлично, само што забележав дека има еден недостаток  ;D
Можеби некој од вас и се сети, но еве ке кажам јас...Приклучените уреди мора да бидат на иста фаза  :( , во спротивно нема да може да се конфигурира мрежата...
Претпоставувам дека намената на ваквите уреди е претежно добра и функционална за хотели, бидејки хотелите се прават исти на сите спратови, штекерите се врзуваат во линија и по претпоставка ке се на иста фаза  ;D
Title: Одг: Аудио комуникација преку електричната мрежа - 220V
Post by: GigaWatt on 27.05.2010, Thursday, 11:26:30
Се функционира одлично, само што забележав дека има еден недостаток  ;D
Можеби некој од вас и се сети, но еве ке кажам јас...Приклучените уреди мора да бидат на иста фаза  :( , во спротивно нема да може да се конфигурира мрежата...
Претпоставувам дека намената на ваквите уреди е претежно добра и функционална за хотели, бидејки хотелите се прават исти на сите спратови, штекерите се врзуваат во линија и по претпоставка ке се на иста фаза  ;D

Да да, ова би било супер решение за хотели, не знам дали навистина вака се изведуваат телефонските или мрежните приклочоци во хотелите. За во новите згради знам со сигурност дека не се изведуваат вака (имам монтирано ПП сензори и домофони кај неколку нови згради), си има посебна мрежа за домофоните (кај поновите згради најчесто извдена со FTP кабли).

Е сега, во врска со фазата, една работа не ми е јасна. Знам дека мора да се на иста фаза уредите кои сакаат да комуницираат еден со друг (тоа е повеќе од јасно нели). Но претпоставував дека бидејќи сите три фази поминуваат низ ист трансформатор во трафостаницата (ова е само чисто претпоставка, навистина не знам како се изведуваат трафостаниците, ако некја знае нешто повеќе околу оваа тема, нека пише), по некоја логика, ќе настане „преслушување“ на „сигналите“ (мислам на брановите форми на напонот на трите фази), па можеби и дел од сигналот од едната фаза ќе се префли на сите три фази бидејќи (како што е познато) поголемо преслушување на сигналите насатанува при повисоки фреквенции, а овој уред комуницира на фреквенција доста повисока од обичната мрежна инсталација за напојување.

Е сега, вистинското прашање е дали навистина на гореопишаниот начин се изведуваат трафостаниците (барем повеќето) и дали ќе настане доволно големо преслушување меѓу фазите за да може да се каже дека сигналот е „правилно“ примен.

Ако може некој што повеќе се разбира околу оваа проблематика да пише, малку да ми разјасни зашто ова е само хипотеза, ја формирав чисто врз база на некои теоретски познавања ;).
Title: Одг: Аудио комуникација преку електричната мрежа - 220V
Post by: BorceBT on 27.05.2010, Thursday, 11:34:55
Проблемот може да се реши вака: Се земаат високонапонски керамички кондензатори (оние од 2KV што се да речам еве плавите (најчесто се плави) и со капацитет од редот на десетина нано фаради. Се зема еден трофазен утикач и во него се ставаат два кондензатори помеѓу сите фази и утикачот како таков се става во некој трофазен штекер и решен проблем со фазите :) Ќе се фаќа и на другите фази дури и кај комшиите :D
Title: Одг: Аудио комуникација преку електричната мрежа - 220V
Post by: GigaWatt on 27.05.2010, Thursday, 11:47:22
Е да, ова е добро решние, и доволно е да го направи ова само еден од индивидуалците кои комуницираат. А не би се добил подобар однос сигнал/шум доколку сите кои комуницираат постават таков модифициран штекер кај нив дома за да може да се сумираат сигналите од сите три фази? Единствено да не настане дефазирање на сигналот поради различната должина на патишата по кои се движи сигналот (ова во телекомуникациите се вика multipath fading), па на крај само да се влоши ситуацијата, да се поништат сигналите од сите три фази :S.
Title: Одг: Аудио комуникација преку електричната мрежа - 220V
Post by: DX-er on 27.05.2010, Thursday, 17:50:39
Мене не ми е јасно како интегралец за аудио засилувач се користи како RF засилувач на 100KHz кога аудио засилувачите засилуваат многу помалце од 100KHz ? Зборам за шемата од емитер
Title: Одг: Аудио комуникација преку електричната мрежа - 220V
Post by: GigaWatt on 27.05.2010, Thursday, 18:12:02
Па можеби има горна гранична фреквенција од 200 или 300KHz. Некои аудио миксети (особено поквалитетните) се прават со горна гранична фреквенција од 50, па дури и 70KHz. ова е оправдано бидејќи инженерите кои ја дизајнирале мискетата сметаат дека фреквенциите над 20, односно 22KHz, не можеме да ги чуеме, но можеме да ги „осетиме“ ;).
Title: Одг: Аудио комуникација преку електричната мрежа - 220V
Post by: MarkoMK on 27.05.2010, Thursday, 23:51:40
Проблемот може да се реши вака: Се земаат високонапонски керамички кондензатори (оние од 2KV што се да речам еве плавите (најчесто се плави) и со капацитет од редот на десетина нано фаради. Се зема еден трофазен утикач и во него се ставаат два кондензатори помеѓу сите фази и утикачот како таков се става во некој трофазен штекер и решен проблем со фазите :) Ќе се фаќа и на другите фази дури и кај комшиите :D

Добро решение, така на било која фаза ќе го има сигналот. Мислам дека на двете фази ќе биде малце подослабен.?
Title: Одг: Аудио комуникација преку електричната мрежа - 220V
Post by: didy on 26.06.2010, Saturday, 20:46:03
Здраво
ги имам плочките од овој уред на истите се залемени сите елементи и заглавив кај калемите, потоа најдов од телеком стари феритни лонци како што се опишани, но проекот не се доврши од субјективни причини.
КОј е заинтересиран за овој склоп, нека се јави со порака.
поздрав
Title: Одг: Аудио комуникација преку електричната мрежа - 220V
Post by: batka on 29.07.2010, Thursday, 15:48:14
Да Ве разочарам: шемава е моја,веројатно ДХ-ер ја превзел од Форумот на Електроника.ба.Можеби и не е така,ама по текстот(првата страна) ,она ишлаканото е мое. Да ви кажам дека со ова влезно ИЦ -ЛМ566 нема да работи.Има неколку финеси кои треба да се преправат за да работи.Да не Ве разочарам - нема ни три ,ни два ,ниту еден трансформатор да поминете со ова.Можна е комуникација во куќа или стан,зграда. Случајно го видов ова.
Title: Одг: Аудио комуникација преку електричната мрежа - 220V
Post by: DX-er on 29.07.2010, Thursday, 16:37:19
Аха значи само во рамките на една куќа. Шемата искрено не знам од каде е превземена а мене ми ја даде пријател уште пред 3 години и пред неколку месеци чепкајки низ ЦД-ата ја најдов. Иначе да ја има и на тој сајт.
Title: Одг: Аудио комуникација преку електричната мрежа - 220V
Post by: GigaWatt on 29.07.2010, Thursday, 16:58:22
Епа значи подобро да се симнуваме горе долу низ зградата одколку да го правиме ова, ако не повеќе барем ќе набиеме малку кондиција ;D.
Title: Одг: Аудио комуникација преку електричната мрежа - 220V
Post by: batka on 06.08.2010, Friday, 22:34:09
Има шеми кои може да се пробаат,ама не сум се занимавал одамна со ова проблематика.Ке најдам нешто,имаше една француска -од *Ле Радио*,старо,добро списание,во кое имаше добра шема,а секако тука се и русите кои имаат највеке испробано варијанти.