Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Сè останато => Topic started by: KiloVolt on 30.01.2014, Thursday, 16:28:41
-
Овој детектор со многу проста градба може да детектира многу слаби електрични полиња. Тоа е всушност на некој начин дарлингтон "трио" кое појачува многу слаби електрични сигнали... Овој уред може да се користи за корисни цели, како на пример детектирање на електричната инсталација во некоја куќа (може да детектира преку малтер и тоа 2 цм), или да се користи чисто за забава... (може дури и да ги детектира ултра- слабите електрични сигнали во човечкото тело!) Некои луѓе тврдат дека со помош на ова го потврдиле постоењето на духови... (јас не им верувам :P )
(https://imagizer.imageshack.us/v2/435x245q90/17/b32o.png)
(https://imagizer.imageshack.us/v2/306x200q90/534/t3tu.png)
-
Овој уред се вика електроскоп и наменет е за откривање ( контактно) на слаби електрични полнења.Но ова концепција со само 3 транзистори не е доволно осетлива.Ако сакаш подобрување ( зголемување на осетливоста) стави 6 транзистори ( со појачување х 100 ,или = 100х100х100х100х100х100 пати ;D ;D).Овој уред го има во книгата * Мала школа електронике* издание на РК Никола Тесла- Београд,а автор е В.Крстиќ.Тоа е воедно и книга која можеш да ја најдеш на нет и е можно да ја симнеш и малку проучиш,бидејќи е добра за учење.
-
За овие транзистори видов на сајтот пресметки, имено, секој по 200 и 200х200х200 е еднакво на осум милиони! Затоа е толку осетливо... ;)
-
Ајде помножи 200 ( толкаво појачување на транзистори треба да бараш од цел куп ВС ... транзистори!) ама 6 пати ( а како кај тебе 3 пати ;)) ,па ке видиш која шема е поосетлива ;D
Споено мислење: 30.01.2014, Thursday, 18:14:34
Eве уште една згодна шема со фет на влез ,со висока влезна отпорност и големо појачување.Се препорачуваат транзистори со суфикс В.Напојување 5 волти мин.
-
Јас викав дека и 3 ми се доволни, а со 6... ќе прави чуда...
Ај ако знаеш кажи што вредности на отпорници да ставам на останатите 3 транзистори, другиден ќе одам да купам делови...
-
Еве ја оригиналната шема
-
убаво пиша батка подобро е со 6 бидејки не верувам дека ке најдеш 3 со ист Hfe т.е. 200, истотака може на влез да ставиш јфет за поголема влезна импенданса. ;)
-
Шемава ја имам објавено на форумов уште во 2011та год. но во ред, не е проблем.
Добар склоп е, го имам направено и одлично работи. Мислам дека ако се стави повеќе од 3 транзистори ке биде пре-осетлив и можни се и самоосцилации. Може грешам, кој знае :)
-
мислам дека ке може со ставање на блок кондезатор мегу базата и колекторот да се спречат самоосцилациите.. и да би можело да се стави тример со кој би се нагодувала осетливоста. ;D
-
Па ако добро ја погледате шемата која ја ставив,таа има тример. 8) ;)
-
Пресметав, шемава на батка има Hfe од дури 64 000 000 000 000!!! (трилиони)
Одма ја правам!!!
-
Се работи на плочка или се лемат иден со еден (како на сликата од КИЛОВОЛТ) ?
-
Пресметав, шемава на батка има Hfe од дури 64 000 000 000 000!!! (трилиони)
Одма ја правам!!!
Од кај жити се ја извади таа бројка ?
-
И мене ме зачуди..Неверувам да е толку многу ???
-
Ама ме изнасмеавте со бројкава.Не постои толкав коефициент на струјно засилување. ;D ;)
-
Како што имам прочитано, вкупно Hfe на дарлингтон спрега се пресметува со множење на поединечните коефициенти, овде се 6, значи 200^6=64 000 000 000 000... ;) А мојата шема има САМО 8 000 000, не се многу... :D :D :D
-
Sarcasm, probably never heard of it..... ;)
Споено мислење: 06.05.2014, Tuesday, 22:25:10
Се работи на плочка или се лемат иден со еден (како на сликата од КИЛОВОЛТ) ?
Како сакаш, ама препорачливо со пократки спроводници ;) да не бидат онолку долги ноџињата како на мојата слика, колку што може покомпактно ;)
-
Како што имам прочитано, вкупно Hfe на дарлингтон спрега се пресметува со множење на поединечните коефициенти, овде се 6, значи 200^6=64 000 000 000 000... ;) А мојата шема има САМО 8 000 000, не се многу... :D :D :D
од каде го зеде hFE = 200 ? hFE за спрегава нема да биде линеарно (поради hoe ; 1/hoe) :-)
Значи неможеш да пресметаш *туку така*, но се сложувам, засилувањето ќе е огромно :)
Сепак неспоредливо со обичен CMOS инвертор кој на премин кривата има над 10^7 засилување :)
-
да не бидат онолку долги ноџињата како на мојата слика, колку што може покомпактно
Малечко треба да биди...нели ?
-
Овој детектор со многу проста градба може да детектира многу слаби електрични полиња. Тоа е всушност на некој начин дарлингтон "трио" кое појачува многу слаби електрични сигнали... Овој уред може да се користи за корисни цели, како на пример детектирање на електричната инсталација во некоја куќа (може да детектира преку малтер и тоа 2 цм), или да се користи чисто за забава... (може дури и да ги детектира ултра- слабите електрични сигнали во човечкото тело!) Некои луѓе тврдат дека со помош на ова го потврдиле постоењето на духови... (јас не им верувам :P )
(https://imagizer.imageshack.us/v2/435x245q90/17/b32o.png)
(https://imagizer.imageshack.us/v2/306x200q90/534/t3tu.png)
Направи го ти воа па ке го пробаме и на духови ;) ;D. Најпрво ке снимаме ЕВП Електронски Гласовен Феномен , јас имам ЕМФ метар имам параболична чинија со стерео излез и 2 микрофони па ке провериме дали постојат духовите или не. а ке им направиме и замка со високонапонско трафо од некоја 72-ка ЦРТ ТВ со два фокуса кога ке го ошамариме со 22киловолти од кабелот што го храни екранот со напон ке добиеш спржен дух.
-
кога ке го ошамариме со 22киловолти од кабелот што го храни екранот
Тие трафоа крепат и до 50-60kV, а стандардно работи на 30-40kV ;) Ако му напревиш overclock на 60kV со NE555, е за тоа ти зборувам!
-
Па како ќе откриете духови со ова? Не постојат...А иначе добар уред вреди да се изработи само со појака осетливост
-
Да пробаме ке ставиме метална ситна мрежа за мушички ке ја поларизираме на 40 киловолти пример таа мрежа ке биде дрвена рамка со мали ментежи монтирана од надворешниот дел на вратата (Касата )на собата а додека внатрешниот дел ке биде обложен со алуминската фолија онаа за печење за јадење за во релна таа ке биде негативно поларизирана и ке биде на цела каса.Кога ке помине духот низ тоа ке има пржење.
-
Да,ќе помине ама по 100 години одприлика(се шалам) :P
-
Па како ќе откриете духови со ова? Не постојат...А иначе добар уред вреди да се изработи само со појака осетливост
На емитерот наместо диода ке ставиш отпорник докај 1к и електролит 1мф и во аудио засилувач можеш да слушаш што детектираш дали се гласови или зрачење.
-
Ахммм...Сватив.
-
На мојот ЕМФ метар има инструмент со стрелка и плус приклучок за слушалки.Го слушаш тоа што го детектираш.Тој го детектира тв то што ми е пуштен на 2 метра преку зидот се слуша високиот напон како цврчи. Го направив да биде пре осетлив со 1 мегаом на влез е и со иц коло тл 084 јас му ставив некое ЛФ сега не му го знам бројот точно прекрасно работи. Ке ставам и линк од него- шема. ;) Правен е за паранормално истражување.

Колку ме изнасмеа со ова паранормална активност има таков филм.Шала на страна вреди да се проба 8).Интересно чим се слуша и телевизорот од другата соба