Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Сè останато => Topic started by: maci on 24.09.2013, Tuesday, 09:13:01

Title: Како да се исчисти и подобрат контактите на далечинско
Post by: maci on 24.09.2013, Tuesday, 09:13:01
имам сони тв и далечинското за брзо време губи контакт со одредени команди.го имам чистено 4-5 пати(со алхохол-чепкалка) и од кога ќе го очистам работи,после недела две контактите како на пример промена на програм и глас не работат.
како да го подобрам контактот и со што да ги премачкам контактите подолго време да не фаќа како смола т.е долготрајно да се чисти контаките.

п.с.во просторијата каде што се користи се непушачи,нема прашина...

еве го телевизорот чисто да знаете за која серија се работи

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/sony-tv.jpg)

еве го проблематичното далечинско

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/rm8871.gif)
Title: Одг: Како да се исчисти и подобрат контактите на далечинско
Post by: GigaWatt on 24.09.2013, Tuesday, 11:12:12
п.с.во просторијата каде што се користи се непушачи,нема прашина...

Па можеби треба да почнете да пушите ;D. Можеби ќе се среди проблемот, хахахахаах ;D ;D ;D.

Се зезам ;) ;D.

Значи вака. Ова е малку долг процес, макотрпен и „пипав“, но, се исплати ;). Еве јас како ги средувам овие проблеми ;). Се разбира, ова е многу тешко да се изведе ако графитните контакти се преситни, но ако не се, може да се проба ;).

Ти требаат следните материјали: ситна шмиргла (100 или поситна), супер лепак (секундарен), алуминиумска фолија.

1) Ја сечеш алуминиумската фолија на кружни парченца кои имаат од прилика исти димензии како и графитните контакти на проблематичните копчиња.

2) Ја поминуваш графитната површина со ацетон (за да ја исчистиш од маснотии и нечистотии), а потоа, ја шмирглаш со ситната шмиргла (не премогу, колку малку да стане рапавка, да нема отсјај).

3) На графитните контакти ставаш многу многу мала количина на супер лепак. Не многу, не да има цела капка на графитната површина, малку, ептен малку, буквално го допираш врвот од тубичката супер лепак на графитната површина, толку е доволно.

4) Во најбрзо можно време по поставувањето на супер лепакот, го поставуваш алуминиумското парче врз графитот. Надобро е ако претодно, пред да го ставиш супер лепакот, го имаш поставено на некој од прстите на раката (онака, само да стои на него, ако е доволно мало, нема да падне ;)), за да можеш што е можно побрзо да го наместиш врз графитниот слој со супер лепак.

5) Чекаш околу една минута или две да се исуши супер лепакот и проверуваш дали алуминиумското парче е убаво залепено за графитниот слој (пробуваш малку да го мрднеш со прст) и ако се е ОК, ја поминуваш површината на алуминимскиот слој со ситната шмиргла (многу лесно, ептен малку, еднаш или два пати, за да се исчисти од нечистотии и од евентуално разлеан супер лепак од таа страна, во случај ако многу си стиснал, па се тоа да се разлеало и од контактната страна на алуминиумското парче), го склопуваш далечинското и пробуваш дали има добар контакт. Ако има, одлично, си го направил, ако не, пак го правиш истото се додека не добиеш добар контакт.

Димензиите на алуминиумските парчиња може да се и малку поголеми од контактната површина, за кога ќе ги ставиш врз контактната површина, да им ги свиткаш рабовите и со ова да направиш нешто како алуминиумска „капичка“ на графитниот контакт ;). На овој начин, се спречува и разлевањето на супер лепак на контактана страна од алуминиумот ;). Графитната површина се шмиргла за да може подобро да фати супер лепакот ;). Може и целосно да го исшмирглаш графитот, но притоа, ако не ја направиш преправката со алуминиумот, тоа копче од далечинскиот управувач ќе биде неупотребливо :S.

ПС: Инаку, ова го правам само за мене или за блиски пријатели/роднини. На муштерии им викам да си купат ново далечинско. Сега барем се евтини, има компатибилни по пазариве за 100 или 150 денари ;).
Title: Одг: Како да се исчисти и подобрат контактите на далечинско
Post by: maci on 24.09.2013, Tuesday, 12:00:46
добар ти е методот.
имам се дома,ацетон,шмиргла,фолија,супер лепак...
денес ќе го отворам па ќе видам што има внатре.

инаку во право си за уневезалниве даљинска.
имав едно PILOT,нема гајле,сите копчиња работат,ама незнам каде е :)

мене ме нервира тоа што за кратко време фаќа некој слој,како восок,лепливо...
незнам од што фаќа така?
Title: Одг: Како да се исчисти и подобрат контактите на далечинско
Post by: Toma on 24.09.2013, Tuesday, 13:14:37
Тоа што се создава некој слој, како восок, лепливо, е од премногу држење на далечинското в раце. Рацете се секогаш потопли од далечинското а истото е постудено, па испарувањата од рацете и од делот кај што се гледа ТВ а посебно ако се пуши и во контакт со кујна еве ја влажноста врз далечинското.
Посебно кај оваа далечинско внимавај зашто мноу лесно се кинат копчињата.
Добар метод за домашни интервенции е чистење со вода и малку средство за миење садови, а потоа добро сушење.
А за универзалните далечински тие се *нужно зло* затоа прво се бара наменско или заменско (како милувате да го нарекувате).
PILOT универзално не секогаш ги има сите потребни опции па затоа се бара наменско или заменско.
PILOT далечиските ама оригинални турски се квалитетни додека „верната“ кинеска копија е доста лоша и со многу мал број на можни кодови (кај универзалните).
Title: Одг: Како да се исчисти и подобрат контактите на далечинско
Post by: GigaWatt on 24.09.2013, Tuesday, 16:18:14
Да да, Toma е апсолутно во право за се што пиша. Најчесто, оние далечински управувачи кои сум ги поправал, биле од луѓе кои, како што викаат „не го пушта даљинското од рака“ ;D. Значи, правилна употреба е: менуваш канал, појачуваш, стишуваш, што и да е, и го ставаш до тебе или на маса ;). Нема потреба далечинискиот управувач секогаш да ви биде во раце ;).

И околу чистењето е во право ;). Јас така чистам и поправам и тастатури ;). Сјај во вода, потоа малку триење со раце или евентуално (ако станува збор за тастатура) со четка за заби убаво протривање под млаз вода ;). Ова важи за пластиките и гумата се разбира, не и за електрониката ;D. Плочката се чисти со медицински алкохол или евентуално ацетон ;).
Title: Одг: Како да се исчисти и подобрат контактите на далечинско
Post by: KiloVolt on 17.01.2014, Friday, 22:20:10
Јас знам одсекогаш кога не работело далечинското, татко ми го вадеше, ги чистеше контактите со ракија и потоа на оние црни како гумчиња чкрткаше со молив. Просто, едноставно, многу попросто од методов на Гига а ефективно... ;D ;D ;D
Title: Одг: Како да се исчисти и подобрат контактите на далечинско
Post by: Hahahaha on 17.01.2014, Friday, 22:29:13
Татко ми ги цисти така што го вади од средината на батеријата тоа, едно како црно и го струга со ноже, после го меша со алкохол и ја брише плочката и контактите и после си работи далинското :)
Title: Одг: Како да се исчисти и подобрат контактите на далечинско
Post by: stiffy on 17.01.2014, Friday, 23:18:22
јас го отварам, ги вртам батериите 1-2 круга и го склопувам...ако не проработи го топкам од земја!

за роднини-пријатели ко мал, да се докажам методов од гига го правев...беше еднаш на времето ко имав живци за то :D
Title: Одг: Како да се исчисти и подобрат контактите на далечинско
Post by: filipmkd on 18.01.2014, Saturday, 05:42:24
И околу чистењето е во право ;). Јас така чистам и поправам и тастатури ;). Сјај во вода, потоа малку триење со раце или евентуално (ако станува збор за тастатура) со четка за заби убаво протривање под млаз вода ;). Ова важи за пластиките и гумата се разбира, не и за електрониката ;D. Плочката се чисти со медицински алкохол или евентуално ацетон ;).

Широка ти душа штом поправаш и тастатури имам 2/3 картони со тастатури може да ти ги пратам по карго ...  8)
Title: Одг: Како да се исчисти и подобрат контактите на далечинско
Post by: GigaWatt on 18.01.2014, Saturday, 08:54:39
Моите ги чистам, не и туѓи ;D.