Дигитална електроника > Микроконтролери

Избор на микроконтролер?

(1/1)

nCounTr:
Значи вака, го имате видено засилувачот кој имам намера да го правам, така за истиот имам осмислено контрола со користење на микроконтролер.
Што ме носи до прашањето кој микроконтролер да го искористам/купам/нарачам како примерок?

Значи мене ми треба микроконтролер што ке може да ги контролира следниве работи:

- 17 DPDT Релеи [3 за Излезите и 14 за Влезовите]
- 3 PGA2310 Интегралци
- LCD/VFD Екран
- IR Сензор
- LED индикатори за влез/излез
- OnBoard KeyBoard [За контрола на опциите на засилувачот]

Devil:
ова сето нема да можеш само со микроконтролер да го направиш ќе ти треба и некои додатни интегрални
но доколку сакаш нешто
би ти препорачал да земеш некој PIC, пр. PIC16F877 имаш повеќе влезно излезни порти
не е нешто многу скап можеш да го направиш за што сакаш да контролираш

BorceBT:
Се слагам со Devil, 16F877 би требало да има доволно влезно/излезни порти и не е PGA туку DIL куќиште и би требало плочката да е поедноставна. За релеи предлагам мали минијатурни 5V релеи кои можат да се „возат“ директно со портите на микроконтролерот без транзистор (PIC микроконтролерите имаат заштитни диоди на влезовите така да не е потребно ниту инверзна диода на релеите, минимализам).

Navigation

[0] Message Index

Go to full version