Аналогна електроника > Радиоаматери

Радиоаматерски новости

(1/13) > >>

Z31GH:
Денес радиоаматерите од Прилеп наместија репетитор R0, и имав чест да го направам првиот радиоконтакт од Битола со нив. Репетиторот го отвара насекаде од Битола и околината и имав со нив одлични резултати. Дури и кај најзатворените места поминував одлично. Врските ги тестиравме со рачна радиостаница Motorola GP300, која има моќност од 5 вати. Честито колеги од Прилеп, направивте голем чекор напред како за Прилеп така и за радиоаматерството во Македонија.

Z32AL:
Што репетитор е ? Модел, снага, фрекфенција ?

Поздрав

Z31GH:
Z31AL сеуште не знам многу, денес го поставуваа и тестираа врски. Јас добив телефонски повик од претседателот на РСМ да видам како поминуваат врските во Битола и околината. Не знам сеуште каде се наоѓа, на која висина е, кој модел е, и колкава е моќноста. Да знаев ќе напишев. Можно е да ги посетам Прилепчани во вторник, итака одам за Велес. Доколку се видам со колегите од Прилеп тие информации што ги бараш ќе ги дознаам и ќе ги постирам тука, или вечер ќе се слушнам со нив по радиостаница и ќе ги прашам.

73

Z32AL:
Фала лепо :-)

Многу ме израдува веста, како ѝ да е

73!

Z31GH:
Патем да, во право си, заборавив да ја наведам фреквенцијата....

Секој R0 има TX 145.600 a RX 145.000  Било каде, во било која земја, барем во Европа

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version