Море јас се кладам дека кулерон го дува пламенот
. Као демек за ладење го ставил, како да не
. Не му функционирало, па сега дај некако да направиме да функционира
.
Малку шега
.
Само неколку мали добронамерни корекции
.
Потисокот кој го создава јонскиот мотор за разлика од хемискиот мотор е многу помал, но доволен за движење во услови на вакум.
Прво, апсолутен вакуум (претпоставувам на тоа мислиш) не постои... или е многу тешко да се изведе, едно од тие две... не сум до толку навлезен во најновите достигнувања на физиката, така да, не сум сигурен околу ова, но во секој случај, не верувам дека е лесно изводливо.
Второ, ако просторот во кој ќе се постави овој систем е апсолутен вакуум, нема ништо да се случува
. Потребна му е материја (мислам на гас) за да може да функционира, а функционира во вселената бидејќи просторот во меѓу небесните тела не е исполнет со ништо (вакуум). Има мала концентрација на водород кој е доволно голема за да може нешто вакво, само поголемо, се разбира, да функционира
.
Е сега, можеби некој ќе се запраша, ама па толку висок напон, можно е електродите да фрлат искра и да се запали водородот. Да, ова ќе беше точно, под услов да имаше и кислород освен водород во овој меѓуѕвезден и меѓупланетарен простор, но бидејќи нема или неговата концентрација е премногу мала (многу помала во однос на водородот), тешко дека ќе успее да се запали водородот
.
Полуспроводниците се материјали коишто специфично се однесуваат во струјниот круг. Тоа се супстанции коишто во однос на спроводливоста се наоѓаат меѓу металите како добри проводници и изолатирите
Не знам за кое поле си се пријавил на натпреварот, но ако е електроника, сметам дека ова објаснување е непотребно. Ако е полето физика, тогаш да, може да се спомне и вакво нешто
.