Здраво друштво!
Би сакал да ги замолам оние кои што се од Скопје и поседуваат приемник за FM модулација на 2-метарскиот радио аматерски банд, да пробаат да слушнат дали фаќаат сигнал на 144.800 MHz и да пишат од каде (локација) во СК го слушаат.
Сигналот е дигитално AFSK модулиран, пуштен од кај мене на факултет (Електро - висина ~15метри од земјинско ниво) со следниве параметри :
BAUD: 300
MARK: 1200Hz
SPACE: 2400Hz
8N1 UART проток
Моментално пораката која што оди (на секоја една минува) е :
ZDRAVO\n
ZDRAVO\n
Не верувам дека истиот ќе го оставам да биде вклучен од понеделник, па би замолил ако би можеле во текот на утрешниот ден да послушате на оваа фрекфенција.
Иначе станува збор за тест сигнал, со кој што го тестирам RADIOMETRIX HX1 предавателчето, со 300mW моќност, кое ќе треба да се користи за метеоролошки балон.
Благодарам многу и секое добро!