Малку експериментирав со колово без аудио модулација и видов дека ако случајно го врзеш плусот и минусот обратно- NE555 сепак осцилира, но бобината дава 1-2мм искра...
Чудно...
Исто така- за да драјвува бобини, треба повисока фрекфенција- па во паралела со C1 ставив еден кондензатор- фолиски од 470nF. Ми се поду C3 па појдов да купам друг, и на крајот испадна дека колово работело перфектно и без него
Дури и подобро!
Каква иронија....
Значи две бобини во анти-паралела, со ова коло даваат негде околу 5cm искра- со подеслива фрекфенција, колку помала фрекфенцијата- толку поголема искрата и обратно. Подесив негде- би рекол 500-1000Hz, и мислам дека добив перфектен баланс...
Го врзав набрзина со кондензатор и примарот од Теслиниот, наместо искричар две жици блиски една до друга, до толку привремено!
Примарот беше коничен, и искрено не очекував искра од 1 cm со не-наштимана резонантна фрекфенција! Сега ќе го врзам конечно и за искричар ќе искористам нешто потрајно.
Многу ме изненади фактот што по 30 минути континуирана работа транзисторите беа едвај топли, да не речам камен ладни- и тоа без заштитни диоди