Значи вака....
Гледам на ebay и на Aliexpress мали предаватели кој што пред се би служеле за забава а не за комерцијални цели. Ги има од 100 миливати па до 15 вати. Мали и инетресни, не за професионална употреба. Се приклучува на компјутер и тоа ти е тоа. Се прашувам дали се дозволени со мала ватажа од 100 миливати, бидејќи послаб не можев да најдам. Предавателот е како на сликата
превземено од iwannebuy
Во работилницата каде што работам нон стоп си пуштам музика од мојот нетбук, а механичарите многу ја бендисуваат музиката која ја пуштам во просторијата во која работам, а работам сам. Има околу 20-30 механичари. Еден од нив ми спомна дека како радиоаматер можам да направам еден мал предавател колку за во кругот на работа да се слуша оти во секое одделение има радиоприемник. Сепак не знам колку се дозволени ваквите предаватели во Македонија. Не сакам да западнам во невоља па не би нарачал ваков доколку не се дозволени. Во странство се продаваат и се користат без проблем, ама не знам како е кај нас.
Црвената точка е моето работно место, а црните точки се одделенија каде што има радиоприемници.
Мал и слаб радиопредавател чисто за забава, а не за комерцијални и професионални цели. Дали се дозволени?
пс. Овој на сликата е околу 30$