Македонски форум за електроника
Електронски уреди => Аудио опрема => Topic started by: dela on 14.08.2021, Saturday, 20:35:29
-
Проблемот е во тоа што излезните транзистори за вуферот греат за 3 секунди (не се чепкаат)
Беше изгорен излезот за вуферот
Стандардна промена на излезни,побудни, зенерки, отпорници изгорени, кондензатори,....
транзисторите беа комплет испукани па ги редев по шема од elektrotanya.com
Можно ли е да шемата не е во ред па да се обележани некои транзистори обратно ( Q608-C2073, Q609-A940, Q610-A1943, Q611-C5200 )
Дали може некој колега ако ја има плочата да провери
Благодарам однапред
-
Убаво би било да ја прикачиш шемата, а и некоја слика од шемата со елементите кои веќе ги имаш заменето со нови
-
Или евентуално линк до шемата на elektrotanya...
-
Еве ја шемата
Сите делови ми се заменети со нови по шемата
-
Хм... а да провериш каков е распоредот на пиновите на оние транзистори со кои си ги заменил оригиналните ???... бидејќи нема да ме чуди Кинезиве да направиле некоја намерна/ненамерна грешка во распоредот на пиновите... или евентуално од фабрика се „рокнати“ (неисправни) новиве, и тоа не е исклучено како опција :-\.
-
Ако транзисторите ти се од Aliexpress/Ebay шансите се големи да имаш транзистори со многу помала моќност или со сосема други карактеристики, и затоа да греат
Јас би пробал со други транзистор пред да пробам/правам било што друго.
Кога се купува од Aliexpress/Ebay шансите се големи да добиеш ѓубре, ми се има случувано 8 од 10 транзистори да бидат мртви од старт.
-
Нови делови
Еден комплет од ГАЦ друг комплет од Логинг
И од Алфа Битола не порачувам бидејки неколку пати имам проблем
Премерени сите и по ХФЕ
Значи нема никаква логика
Вуферот работи и грее за 5 секунди значи
сите делови се премерени ( отпорници, кондензатори, стабилизатори на напон нови, зенерки,....)
Едино останува да има грешка во распоредот на деловите по шемата и на плочката
Греат излезните транзистори и побудните другото е се ладно
Прашањето ми е дали некој од колегите го има случајно па да ми ги каже по плочката кој транзистор каде е поставен ради случајна грешка во шемата