Македонски форум за електроника

Електронски уреди => Видео опрема => Topic started by: MKD-Boy on 07.07.2013, Sunday, 19:03:56

Title: USB порта на DVD плеер..
Post by: MKD-Boy on 07.07.2013, Sunday, 19:03:56
Дечки,
Дали е можно да се стави USB порта на ДВД плеер и како би можело тоа да се изведи ?! DVD е вивакс старо е 3-4 години, ги подржува сите формати.
Title: Одг: USB порта на DVD плеер..
Post by: Zan on 07.07.2013, Sunday, 19:15:24
Може, измери колку е голем USB конекторот, избуши дупка на пластиката, малку поголема, за да може да влезе конекторот и залепи го со топена пластика.  ;D


Сериозно, доколку DVD-то нема фабрички USB порт, тоа е скоро невозможно да се изведе во аматерски услови. Можеби процесорот има такви можности, но ако нема софтверска поддршка тогаш тешко дека би можело да се изведе.
Title: Одг: USB порта на DVD плеер..
Post by: ggoce on 07.07.2013, Sunday, 20:00:39
тоа е невозможно да се изведе како ке го прочита усб тоа ако не е запишано во програмот на двд то како додатен приклучок можеш проблем да си направиш.
Title: Одг: USB порта на DVD плеер..
Post by: MKD-Boy on 07.07.2013, Sunday, 22:31:08
Не е возможно некој софтвер на пример да се најде, да му се смени софтверот на ДВД-то ?!
Title: Одг: USB порта на DVD плеер..
Post by: batka on 07.07.2013, Sunday, 22:56:07
Тоа е во теорија на научна фантастика.И зошто тоа би го правел?Мислиш дека некој ке пишува софтвер за тоа??Правењето софтвер за некој процесор е работа која се плаќа,па не очекувај да налеташ бесплатно или некој да ти го даде.Впрочем -100 ДВД -сто процесори. Имаш за 1500 денари ДВД со УСБ влез .
Title: Одг: USB порта на DVD плеер..
Post by: Trolko on 08.07.2013, Monday, 01:21:35
Тоа е во теорија на научна фантастика.И зошто тоа би го правел?Мислиш дека некој ке пишува софтвер за тоа??Правењето софтвер за некој процесор е работа која се плаќа,па не очекувај да налеташ бесплатно или некој да ти го даде.Впрочем -100 ДВД -сто процесори. Имаш за 1500 денари ДВД со УСБ влез .

Да би имал повеќе слободно време јас лично би се нафатил да напишам софтвер кој ќе е бесплатен :) Знам дека има луѓе во светот кои што го имаат истото мислење како мене но имаат и слободно време, така да овој исказ што го имаш кажано немора секогаш да е таков :)

Поздрав
Title: Одг: USB порта на DVD плеер..
Post by: GigaWatt on 08.07.2013, Monday, 06:22:33
Да би имал повеќе слободно време јас лично би се нафатил да напишам софтвер кој ќе е бесплатен :) Знам дека има луѓе во светот кои што го имаат истото мислење како мене но имаат и слободно време, така да овој исказ што го имаш кажано немора секогаш да е таков :)

I don't wanna burst your bubble, but... секој од овие процесори има различна архитектура. Единствена шанса имаш само ако повеќето од нив имаат ARM јадра... а не сите имаат, голем дел од призводителите на чипови имаат развиено нивни CPU јадра или имаат откупено од некоја друга копанија (нo јадрата не се ARM). Така да, ова е малку тешко изводливо. Можеби ако го пишуваш кодот во plain C и ако направиш нешто како „мини оперативен систем/платформа“ која ќе може да се надоградува со додатни функции (програми, plugins) врз база на типот на јадро кој го користи процесорот, а и овие ќе треба да се пишуваат во чист C за потоа лесно да може да се port-ува на секоја од платформите во нивните native ASM јазици.

Ваква е идејата на RockBox, ама овој проект не го работи само еден човек, го работи цел тим. Ова е голем залак за само еден човек. А и они не може да port-уваат на било кој тип на јадро, само определена група на јадра.
Title: Одг: USB порта на DVD плеер..
Post by: batka on 08.07.2013, Monday, 17:04:21
Тоа е во теорија на научна фантастика.И зошто тоа би го правел?Мислиш дека некој ке пишува софтвер за тоа??Правењето софтвер за некој процесор е работа која се плаќа,па не очекувај да налеташ бесплатно или некој да ти го даде.Впрочем -100 ДВД -сто процесори. Имаш за 1500 денари ДВД со УСБ влез .

Да би имал повеќе слободно време јас лично би се нафатил да напишам софтвер кој ќе е бесплатен :) Знам дека има луѓе во светот кои што го имаат истото мислење како мене но имаат и слободно време, така да овој исказ што го имаш кажано немора секогаш да е таков :)


Поздрав

Е,па кога би имал и јас куп слободно време и многу пари би правел добри дела исто како Супермен.Ама,немам.Барањето за универзален софтвер би било оправдано да се работи за пример - софтвер за гледање ДВБТ сигнали преку некој хардвер кој има еден процесор кој би се програмирал и 10000 луге би гонаправиле и би те благословиле.Ако  за 1280 ден се купува нов комплетен ДВД со УСБ порта,целиот напор ,поради цената паѓа во вода.
Title: Одг: USB порта на DVD плеер..
Post by: MKD-Boy on 08.07.2013, Monday, 18:16:16
Да не ве цитирам сите.

Не е финтата во цената имам ДВД плеер со усб, но финтава е тоа што сакам да изведам нешто доколку е можно, иначе за тоа би можел да креирам и јас еден софтвер, но не сум баш сигурен дека ке успеам.

А уште едно, дали е можна оваа варијанта, да се исклучи ласерот односно ДВД повеќе да не функционира, на местото на ЛАСЕРОТ да се приклучи УСБ порта(мислам по мое дека и тоа не е возможно)  :-\
Title: Одг: USB порта на DVD плеер..
Post by: Zan on 08.07.2013, Monday, 18:39:00
мислам по мое дека и тоа не е возможно
Добро мислиш  :)
Title: Одг: USB порта на DVD плеер..
Post by: batka on 08.07.2013, Monday, 19:40:48
Не треба да мислиш,ако е возможно Кинезиве досега ке го направеа и  тоа.Но затоа имаш ДВД со УСБ  :D :D ;)
Title: Одг: USB порта на DVD плеер..
Post by: GigaWatt on 08.07.2013, Monday, 20:03:32
Најмногу што можеш да направиш е, ако DVD плеерот нема AUX влез, а има излезен засилувач заедно со него (од оние што се со 5.1 звучници, заедно со радио), да му направиш да има AUX влез... а и ова е дискутабилно дали може да се направи, зависи од модел до модел и како е изведен степенот за бирање на влезовите (дали да работи DVD или радио).