Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Напојувања => Topic started by: gerce on 12.02.2011, Saturday, 20:58:02
-
Луге денеска експериментирав со компјутерско напојување.Го извадив трафото,го тргнав јадрото,и намотав 13 намотки.Го склопив трафото го залемив му врзав диода на дополнителната намотка и кондензатор и го уклучив.И измерив напон од 53 волти.Планирам да го намотам на 2*25волти и да го пробам на засилувачот што го имам дома со интегрираното коло ТДА7295.Пробајте експериментирајте,ке добиете за евтини пари мокен засилувач.
-
ти чим си се фатил за орото доврши го, експериментирај ти и пиши резултати што си ги добил, дали напонот е стабилен и такви работи...и имаме правено муабети за дали е добро да се користат напојувања од компјутери за аудио засилувачи и испадна дека не е добро, дека лесно може да прегорат...
-
ќе ја проврзиш заштитата преку отпорник, па наместо да гори ќе угаси, инаку вреди да се проба ако се има вишок на напојување.
-
Зошто мислите дека ке гори???
-
Може да изгори ако повлече моќност од тоа што треба ;)
И премотаната жица колку ти е дебела ?? Tреба да биде барем 1.5 милиметри дебела ;)
-
Да да нормално ама затоа ако напојувањето на пример е 400 вати ти ке му приклучиш засилувач од 200 вати.Засилувачот од 200 вати неможе да изгори напојување од 400 вати.Инаку жицата ми е потенка,ја намотав само за проба.
-
нема да изгори, поновите напојувања имаат заштита за оптеретување
освем ако не муја извадите и да поврзите директно :)
ако повлече повеќе од потребно се исклучува напојувањето
-
Gerce ке може да ставиш шема како си ги добил тие 2x25 волти :) ?
-
даниел..како што кажав го одлемив трафото,го извадив јадрото,и само намотав 13 намотки.Пак го склопив го залемив го уклучив и мерам 53 В напон.Инаку трафото е мотано по редослед:
Прва примарна намотка
потоа идат секундарните намотки па на крајот втората примарна намотка.
Инаку чудно ми е малце што од 13 намотки добив 50 волти.Ке пробам ке ја размотам втората примарна и една намотка од секундарите.Па ке пресметам од колку намотки колку напон добивам и ке намотам 2*25 волти.Потоа пак ке ја намотам втората примарна намотка.
Инаку ништо не менувам во повратните врски.Само го намотувам трафото.
-
Нема шанси со тоа јадро од трафото од напојувањето да добиеш 400 вати ;)
400 вати се добиваат после трафото т.е. има други компоненти со кои се дуплира амперажата (10 ампера) ама затоа напонот е мал .... ;)

од кај го прочита ова жити се...ке ти дадам трафо од 100W 50V (2А) да ми го направиш со соодветна електроника да дава 5А.... тоа компонентите што се после трафото се за исправување на напонот, филтрирање, повратна врска и заштита од преоптоварување (зависи кај кои го има). ама како и да е трафото треба да ја даде потребната моќност, ама оние кинеските DELUX напојувања и да пишува 500W нема шанси толку real power да е...200-300W преку сила дали ке даде...
-
После трафото има интегрални кола кои се конвертори , се уложува поголем напон за да се добие поголема ампеража ;)
-
ај те молам дај ми некоја шема од такво напојување...
-
Даниел грешка си.После трафото има диоди кои го исправаат напонот.Потоа тој напон се носи до ИК за контролирање од overvoltage или under voltage.Битна е мокноста на јадрото.Значи не е битен напонот,ако имаш на 12 волти 15 ампери на 50 волти ке имаш 3,5 ампери.Значи после трафото немаш конвертори,тие намотки што се со торусни јадра се обични филтри. ;D
-
и ја истото му го реков, ама он вика дека има некои инвертори, па ај си викам да видам некоја таква шема да научам нешто ново...тоа да, има инвертор на некои напојувања, ама тие ги даваат тие -5V, ама нема тоа којзнае колку голема струја...

Досега имам репарирано можеби 10 напојувања и никаде немам сретнато инвертори.Напоните од -5 волти или -12 волти се добиваат исто со диоди како +5 волти или +12 волти само со обратна насока на диодата.Кога е во обратна насока диодата ги пропушта негативните импулси од трафото и така се добиваат тие негативни напони ;D
-
Благодарам за точните информации ... сепак научив нешто повеќе и корисно ;)
-
Нема проблем.Ако успеам ке ви пишам ке ставам слики за да може и некој друг да си направи засилувач за евтини пари.Ова го барав многу оддамна ама ете конечно успеа.Се надевам дека секој електроничар аматер или хобист има дома барем некое расипано напојување кој може да го модифицира. :D ;)

Ако навистина може да се изведе така, би било добро да знаеме ;). Јас имам неколку напојувања со кои можам да експериментирам ;).
-
и ја истото му го реков, ама он вика дека има некои инвертори, па ај си викам да видам некоја таква шема да научам нешто ново...тоа да, има инвертор на некои напојувања, ама тие ги даваат тие -5V, ама нема тоа којзнае колку голема струја...
Досега имам репарирано можеби 10 напојувања и никаде немам сретнато инвертори.Напоните од -5 волти или -12 волти се добиваат исто со диоди како +5 волти или +12 волти само со обратна насока на диодата.Кога е во обратна насока диодата ги пропушта негативните импулси од трафото и така се добиваат тие негативни напони ;D
имам видено некоја шема со таков интегралец што се добива -5V, ама една-две дали имам видено такви...
-
а ако се наота + жица на истото трафо, другите да си останат ќе функционира? Друга работа имам напајање од 12в 6амп. , значи од него може да се исвадат мах. 12*6=72w ... друго, сакав да прашам дали е на истото јадро и напонот од +5волти или си има башка торус?

Мислам дека тој напонот од 5V се вади од истиот секундар, ама мислам, не ме земај за збор :S.

да да, од истиот секундар се вадат сите напони....