850MHz мислам дека е Американскиот стандард за зрачење на мобилните оператори. Они користат некоја модификација на CDMA стандардот и не е баш најкомпатибилен со GSM стандардот (затоа, често, барем постарите модели на мобилни телефони, ако се купени тука, во Македонија, не функционираа во Америка, сега поновиве модели имаат додатни модули кои функционираат и на тој стандард, но не секогаш и не со целосна коматибилност, на пример, нема да имаш определени услуги или нешто слично). Како и да е, ако мобилниот ти е првично наменет за користење во Америка, можно е да имаш проблеми со Европските оператори бидејќи во Америка не се користи GSM стандардот (и нивниот 3G нема исти спецификации како Европскиот 3G).