Одамна ги баталив T-Mobile. Да, најдобра мрежа, се тоа е вистина, ама и највисоки сметки
. Па згора на тоа, има наведно и услуги кои не сум ги користел, како на пример разговори према Брегот на Слоновата Коска (без зезање, ова ми се има случено
).
Мој личен совет: плати ја сметката, раскини го договорот и смени оператор. Никогаш нема да докажеш дека не си ги користел тие услуги. Едноставно тоа е тоа. Они викаат „вака е кај нас“, ти викаш „јас ова го немам правено“... на крајот ке излезе дека телефонот бил виновен, дека бил расипан и сам се конектирал на интернет
. Абе циркуз
. Ама пак ти ќе бидеш оној кој ќе ја плати сметката, „не сме ние виновни што вашиот телефон е неисправен“, а притоа не наведуваат дека они бесплатно го дале заедно со некоја од post paid тарифите
.
Како и да е, на крајот ситуацијата ќе се сведе на „платете ја сметката или се гледаме на суд“
. Фамилијарно, сме се нашле во ваква ситуација... на крајот ја плативме сметката и го исклучивме телефонот
. За среќа, ова беше пред околу 12-тина години, а тогаш немаше договори за претплата на фиксната телефонија (или имаш или немаш
, се плаќаше само за повторно приклучување, но бидејќи немаше договори, не се плаќаа казни за раскинување на договор
), така да, споредено со денешно време, ефтино поминавме
.