Македонски форум за електроника
Електронски уреди => Мобилни телефони => Topic started by: DX-er on 23.03.2015, Monday, 00:07:48
-
Јака работа :) ја лично како радио ентузијаст би ги оставил да работат а и за инает на мобилниве оператори :)
http://sitel.com.mk/makedonija-ima-4-mobilni-operatori-otkrien-div-operator-vo-stan-vo-gostivar-0
-
И за ова треба ум!
-
Цитирам :
,, Според нашите сознанија ваквата опрема лесно би можела да биде злоупотребена и за незаконско прислушување особено на разговори на странски дипломати, но според досегашните сознанија на истрагата разговорите не биле снимени и мотивот бил исклучиво финансиски. ,, ::)
-
Аха, да, „случајно“ ги открија баш сега... 8)
-
Местена работа. :P
-
Се прашувам дали овој оператор, пред да биде откриен, со било која сим картичка на аналогно барање на мобилна мрежа ,,network search ---> network selection'' се прикажувал како четврта опција (четврти мобилен оператор) ?! ::)
-
Еј добро сега бе нека се четири ;D ;D ;D ;D ;D.VIP и ONE се споија како во еден заедно работат.Нели имаше Телеком VIP и ONE и четвртиот нели беше albanet.Преговараа и не влезе изгледа.Пошто знам исто се збореше дека ќе влезе и четврт се си мислев дека се 4 оператори влегол и тој но 3 биле легални. ;D
-
Вас ви е до зезање, ама ова има една друга тежина.
Данокот да не се плаќа во оваа држава, федерализација на Македонија!
неможност за контрола на разговорите, се остваруваат некои сценарија. Исис и тука работи,као и да стои зад тоа име.
Да се надевам дека грешам :)
-
а знае некој како точно функционирал мобилниот оператор? Имал своја базна станица за емитување на сигнал или работел како виртуелен оператор но секако илегално преку хакирање на некој од постоечките оператори, и како се остварувал тој евтин меѓународен сообраќај, нели треба и од другата страна да има таков оператор со свои претплатници за да може евтино да разговараат... некако ми е нејасно.
-
албафон е дефинитивно легален оператор, пошто има развиено мрежа, а за тоа дали нелегалниот се појавувал како четврти во network search ---> network selection, дефинитивно не. Принципот на работа (на нелегалниот) мислам дека се одвивал во правец на пресретнување на сигнал од легалните оператори, негова кражба, влегување во нивните мрежи менување на регистрираните позиви и префрлање пари на други сметки, чисто хакерство. А дали исис има удел, ништо не е исклучено човек може да се сомнева во се и сешто, но дај боже да нема. Мене ми е сомнително следново, како може таква опрема да поседува некој си поединец „анонимус“, како е можно да се внесе опремата без никој да знае, сепак не е тоа мобилен телефон па ќе го ставиш во џеб и никој не те гледа го внесуваш преку граница. Работел некое време без никој да знае!!!??? Заработил многу пари!!?? Како полицијата баш сега го откри, откако телеком најави своја истрага за прислушувањето!!?? Можеби телеком е најоштетен, или се зголемуваат сметките на граѓаните па ај да видиме што се дешава!!?? Све е чудно, но едно е јасно дечкото бил мозок и секако има заработено милиони а и така се зборува.
Споено мислење: 24.03.2015, Tuesday, 01:12:44
Истрагата ќе покаже, сега за сега можеме само да мислиме на се и сешто и да шпекулираме.
-
албафон е дефинитивно легален оператор, пошто има развиено мрежа,...
Нема негова мрежа, изнајмува мрежа. Се води како виртуелен оператор, што е сосема легално.
-
Лошо сум се изразил, мислев на продажна мрежа :D
-
албафон е дефинитивно легален оператор, пошто има развиено мрежа,...
Нема негова мрежа, изнајмува мрежа. Се води како виртуелен оператор, што е сосема легално.
a овој 4тиот работел како виртуелен или имал свои базни станици ?
-
Јас разбрав дека била една базна станица поврзана преку VoIP и давале многу евтино разговори кон странство.