Македонски форум за електроника
Електронски уреди => Мобилни телефони => Topic started by: Bojan on 13.03.2014, Thursday, 03:20:39
-
другарче едно ми донесе таблет што му се зафркнал па ако сум можел да го оправам ама немам многу чепкано такви работи па ако може помош малце... значи кога се пушта таблетот заглавува уште на почеток, само седи слика на која што пишува android и зелена позадина и од тоа не мрда повеќе. го закачив на компјутер ама компјутерот ништо не регистрира па дали знае некој како би можел да се оправи... дали нов софтвер да се инсталира или нешто друго да му се прави...
EDIT: еве за каков таблет се работи
http://www.quartelectronics.com/articleDetal.aspx?a=28&i=76&l=EN
-
Пробај да влезеш во recovery, на исклучен тавлет притисни volume up и power on заедно кога ке се појави логото пушти ги.
Во recovery направи factory reset, направи data wipe i cashe wipe и потоа пробај да го вклучиш таблетот.
-
...кој го знае што му стана на таблетот...сега па неќе ни да се пушти... го ставив на полнач и само светна дисплејот и се случна некое звукче и се изгасна...тоа би значело дека е скроз отиден или да? :S иначе претходно ништо му немав чепкано...
-
Мислам дека цркна. Овој модел на таблети е наменет за нашиот пазар. Ако не се лажам во АМЦ можеа да се купат. Сум чул дека имаат хардверски проблем и дека батеријата трае 2 до 3 часа.
Доколку е уште под гаранција побарај помош, макар што ако е од АМЦ секогаш муштериите се криви според нив.
-
...кој го знае што му стана на таблетот...сега па неќе ни да се пушти... го ставив на полнач и само светна дисплејот и се случна некое звукче и се изгасна...тоа би значело дека е скроз отиден или да? :S иначе претходно ништо му немав чепкано...
Пробај да го запалиш преку УСБ кабел врзан на компјутер.Ако запали ,значи стабилизацијата внатре цркнала.Како рече колегава од Битола - АМС направија за една употреба!
-
Ако не се лажам во АМЦ можеа да се купат.
Ако е Quart, само во AMC, нивни бренд е ;D.
-
кај мене таблетот е Quart исто така земен од АМС ...да како што е кажан проблемот погоре, таблетот не сака да се вклучи,ама за да го ресетирам, т.е. да ги вратам фабричките нагодувањанеможам затоа што ги немам копчињата +- за звук. Дали има друг начин без тиа дугмиња?
-
Доколку го препознава тавлетот на компјутер, види тука.
http://forum.xda-developers.com/showthread.php?t=1853159
Кој модел на таблет го имаш
-
QP720 океј :)
Споено мислење: 20.03.2014, Thursday, 12:41:59
со компјутер да се поврзе не сака ни да чуе :-\