Македонски форум за електроника
Електронски уреди => Мобилни телефони => Topic started by: DX-er on 08.12.2013, Sunday, 01:06:36
-
http://www.idividi.com.mk/futurama/tehnologija/889158/index.html
-
Одамна се знае ова :)
-
Да, ова е одамна познато и не е некоја тајна.
-
Имаше интересна презентација на 27C3 конгресот ако не се лажам поврзано со ова, може да ја пробара некој доколку го интересира :-). Колку што гледам и оваа година на 30C3 ќе има работилници поврзани со оваа тематика :-) Ќе биде јако \m/
-
Во принцип се што излегува во етер може да се прислушкува.Но затоа се развиваат технологии на енкрипција,скрамблери и слично,па донекаде се заштитува приватноста.Потешко се прислушкуваат насочените врски,кои за жал имаат ограничен домет.
-
И добро тие како го декодираат GSM сигналот? Има еден код кој го има во СИМ картичката и тој код го знае само системот во мобилниот оператор, со тој код се шифрира сигналот, како што читав алгоритмот на кодирање и самиот код се доста обемни и комплицирани, па треба многу години за да се декодира таков сигнал, а во ријал тајм како иде постапката ?
-
Ех.па постојат многу софицитарни системи кои ро реално време можат да го следат сигналот.Тоа не е ништо страшно, а заштитата е никаква и лесно се пробива ,кога имаш можност и пристап до такви системи ;D ;D
-
Да ама системи како агенциите за разузнавање, CIA во америка, и слични шпионски системи, кои ги имаат сите кодови од корисниците добиени од операторите. Ме интересираше кој е тој програм кој го инсталираш на лаптоп и прислушкуваш. Тоа ме интересира. Сите зборат дека е можно слушањето со години наназад а никој не кажува како.

„Програма“ за прислушкување не постои :-) Воглавно сите презентации, написи за GSM енкрипцијата ти даваат доволно информации за да можеш сам да си ги напишеш алатките. Не е тешко, но треба знаење.
За ваква работа никој нема да напише нешто како - кликни тука и готово. Треба малку мачење.
-
Малку мачење?? Треба многу мачење ;D Не е толку едноставна работа да влезеш во тој систем,па не се незаштитени тие системи и податоците во нив.Тоа сепак е висока технологија и во аматерски услови немаш шанси да направиш такво нешто. ;D
-
Тоа сепак е висока технологија и во аматерски услови немаш шанси да направиш такво нешто. ;D
Висока технологија my ass :-)
Wideband GSM Sniffing [27C3] (http://www.youtube.com/watch?v=ZrbatnnRxFc#ws)
-
Овоа е се само не прислушкување! Имавме една тема за антените вчера и колегава кажа дека антената реагирала кога некој мобилен ке звони.Тоа е друга работа.Има на -нет прислушкувачи на мобилни еден куп,ама зборуваме овде за систем за следење и прислушкување.Тоа е сепак хардвер кој не го поседува баш секој.
-
Алек, ти имаш успеш во оваа работа?

Гледај го целото видео :)
Алек, ти имаш успеш во оваа работа?
Алекс* :-) Успех во што поточно ?
-
Батка,тие само ти покажуваат идеја ,ама фалат многу работи овде .Ако мислиш дека е ова конечна верзија и дека со помош на видеово ке разбиваш мрежи,малку си се з..... Види на почеток со кои *фаци* си имаш работа. ;D

Кои *фаци* ? :) Со некој од нив имам личен контакт, а годинава планирам и лично да се запознаам, не сфаќам зошто одма би се помислило дека нешто вакво би било *невозможно*, кое што те уверувам дека е многу возможно ::)
-
Уживај тогаш,само да знаеш дека во МК ке имаш голема *конкуренција* ако пробаш такво нешто. ;D Конкуренција што тропа на врата.. 8)
-
Мислам дека се се само муабети, идеи и гоолем ентузијазам ама никој до сега не покажал на дело како работи тоа. Макар во едната рака да држи мобилен и да зборува а на другата страна од каде што е компјутерот со програмот за прислушкување да се слуша неговиот глас.
-
никој до сега не покажал на дело како работи тоа.
Во ова видео е покажано како работи.
https://www.youtube.com/watch?v=ZrbatnnRxFc
-
Па ако мислиш дека работи ,седни и пробај ;D ;D
-
И јас неверувам глобалниот систем за мобилната телефонија толку лесно се пробива.Не сум видел некој да го направи до сега тоа.А сум чул зборуваат доста и други.Но никој нема направено вакво нешто барем како што знам јас. ;) ;).
-
Како никој нема направено? Ете во линкот погоре се гледа дека е направено.
-
Па направи го и ти тоа што го гледааш на видеото,па кажи! 8) Што е тука проблем?
-
Јас ниту можам, ниту сакам да го направам тоа. Не реков дека е лесно, но сепак постојат паметни луѓе со големи познавања од GSM системи и програмирање, па успеале да го направат тоа. Како го постигнале тоа, е објаснето во видеото на линкот.
-
Интересно за читкање кој сака да си го продлабочи знаењето во оваа област :
https://skydrive.live.com/view.aspx?resid=8F7DEEEC761F130B!603&app=WordPdf&wdo=2&authkey=!AN3UlLqs7FxmZmQ