Македонски форум за електроника
Електронски уреди => Бела техника => Topic started by: danix01 on 14.06.2012, Thursday, 12:00:40
-
Се вклучува климата но не лади односно дува ама не ладен воздух.и работата и внатресниот и надворешниот винтилатор но компресорот изгледа не работи.го нема веке оној карактеристичен звук како фрижидер од надвореш дел.има ли некое решение дали некој имал некои слични искуства
-
Да не е изгорен компресорот? Ако можеш отвори го надворешниот дел и види како изгледа компресорот. Би требало да изгледа слично на обичен компресор од фрижидер, има три пина со кои се врзува. Провери дали пиновите преку кои се врзува краткоспојуваат према маса. Ако краткоспојуваат, компресорот е зезнат :S.
-
Со фреонот да не имаш проблем, незнам дали на климите има вградено таква заштита доколку снема фреон или избега да престани да работи климата, а во твојот случај дува само воздух без да го лади.
-
Мене така ми направи на нова клима, туку што наместена, ја рекламирав и излезе дека е истечен фреонот, најверојатно при (лоша) монтажа на цевките.
-
има 2,5 оми отпорност на компресорот и кондензатор од 30 микро фаради 450 волтии.мислев дека е кондензаторот но мерев го покажува точно 30 микро
-
не мора да значи дека ако покажува точна вредност е исправен кондензаторот, некогаш иако покажува точна вредност едноставно не чини, види ако имаш ESR метар измери го
-
има 2,5 оми отпорност на компресорот и кондензатор од 30 микро фаради 450 волтии.мислев дека е кондензаторот но мерев го покажува точно 30 микро
Тој е за starting coil на компресорот. Се користи само при пуштање на компресорот. Провери дали од било кој пин од компресорот према маса титка на beep-ер.
не мора да значи дека ако покажува точна вредност е исправен кондензаторот, некогаш иако покажува точна вредност едноставно не чини, види ако имаш ESR метар измери го
Би требало да е пластичен, не електролитски, исто како и кај фрижидерите ;).
-
Се вклучува климата но не лади односно дува ама не ладен воздух.и работата и внатресниот и надворешниот винтилатор но компресорот изгледа не работи.го нема веке оној карактеристичен звук како фрижидер од надвореш дел.има ли некое решение дали некој имал некои слични искуства
99% немаш фреон.
-
Метален е кондензаторот и нема поларизација.како сте сигурни дека нема фреон.колку чини полнењето?
-
На шо фреон работат климите Р22 или Р404А, зависи колку ке ти наполни, ама од прилика не си поминваш мн ефтино оти и фреоните поскапеа.
-
99% немаш фреон.
Метален е кондензаторот и нема поларизација.како сте сигурни дека нема фреон.колку чини полнењето?
99% сигурност не е 100% ;). Прво провери го ова што ти го пишав за комресорот ;). Да не биде потоа муабетот „ставив фреон, ама компресорот бил расипан“, па за џабе да бидат фрлени парите за полнење на фреонот ;). Кога се расипуваат овие мотори, најчесто „пробиваат“ према маса (намотките им се краткоспојуваат со масата), така да, лесно е да се установи дали моторот е пробиен или не ;).
Еве една слика со која лесно ќе истестираш дали компресорот е расипан или не ;). Ова е пред се наменето за фрижидери, но најверојатно постапката е многу слична и за компресори за клима уреди ;).

фала ке проверам во недела.а колку што разбрав на самиот мотор има релеј за вклучување и тој треба да се отстрани па да се мери
-
Провери го и релејот, а ако имаш некој пријател за фрижидери што поправа или клими што мести, земи му манометри со се црева и ке ги врзиш на компресор ке видиш дали е празен или полн.
-
фала ке проверам во недела.а колку што разбрав на самиот мотор има релеј за вклучување и тој треба да се отстрани па да се мери
Треба целиот систем за стартување да се отстрани. Новите имаат NTC (оли PTC беше, не ми текнува сега) отпорник, немаат реле, но основата на системот е иста, пушти ја во работа стартната намотка и изгаси ја по некое време за да може да продолжи со работа работната намотка на моторот ;).
-
Гига ај ако сакаш објасни како работи НТЦ/ПТЦ отпорникот.
-
Гига ај ако сакаш објасни како работи НТЦ/ПТЦ отпорникот.
NTC (Negative Temperature Coefficient) отпорниците работат како и секој друг отпорник, со таа разлика што имаат негативен темературен коефициент (самото име си објаснува ;D). Значи, кога ќе почнат да се загреваат, отпорноста им се намалува ;). Кај PTC (Positive Temperature Coefficient) отпорниците ситуацијата е обратна, со растење на темературата на отпорникот, отпорноста расте ;).
-
Гига, кај е дугмето за лајк да ти стегнам ;D
-
Стегни му едно ладно пиво,ако си поблизу! :D ;)
-
Провери го и релејот, а ако имаш некој пријател за фрижидери што поправа или клими што мести, земи му манометри со се црева и ке ги врзиш на компресор ке видиш дали е празен или полн.
За оваа операција ти е потребно поголемо искуство ако не си работел не се нафаќај сам да ја проверуваш или полниш се знае колку точно треба да се стави фреон и кој тип за секој компресор .
-
џабе испитувам компресори кондензатори кога до нив не стигува никаков напон по се изгледа проблемот ке треба да го барам внатре.или проблемот е ако има некоја контролна електроника која може да имдицира дали има фреон или не па да го контролира тој напон.тоа треба некој стручен да го каже

Можно е да има некоја контролна електроника. Ако работи на 230V компресорот, пробај директно донеси му напон, само колку да видиш дали работи. Ако работи, ОК, најверојатно ќе вреди да се поправа, можно е само фреон да нема, па некоја контролна електроника во климата да не дозволува да се пушти компресорот.
-
проблемот е решен.Си викав мајстор и испадна дека во клима уредот влегол глушец и ја изгризал жицата за напојување на компресорот и изолацијата на бакарните цеви.Влегол однадвор преку каналот кој ги поврзува надворешната и внатрешната единица.Го променивме кабелот и изолацијата и сега работи.
-
И ова го немаме слушнато, глувци што се ладат :D :D слично може да биде и ако кондензаторот не е исправен па и тогаш компресорот не работи, во секој слушај најди си мачка да ти одржава ред во домот ;D ;D
поздрав
-
Да ги "пофалам" монтажерите на клима уредот тие се виновници за настанатата ситуација.При монтажата отвориле преголема дупка во ѕидот и не ја премачкале со гипс (најверојатно се брзале бидејки преку летото сакаат да монтираат по 100 клими на ден).Така ти е во Македонија, сум имал срека и сум поминал со лесно. Заради такви "мајстори" може и куката да ти се запали.
-
Браво за дечките, нема што ::).
-
И глувците веке не се што беа порано 8) Откога започна она фамозно * Компјутер за секој ученик* верувајте станаа и компјутерски образувани,а за клима да не зборуваме.Ова не е прв случај,веке имам слушнато овде кај мене и друг сличен настан кога глушец запалил клима,перката го здробила ,а по ѕидот и крв потекла. Морбидно :o :(

тоа е некој посебен случај, личи на самоубиство, сигурно му раскинал партнерот :), или ја фатил партнерката со друг како го мота
судбина
>:(
-
Кај тебе некаде во комшии ке беше! :D :D :D :D