Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Високонапонска техника => Topic started by: DX-er on 05.02.2016, Friday, 13:43:45

Title: Високонапонски искрин предавател и приемник
Post by: DX-er on 05.02.2016, Friday, 13:43:45


Повеке на:
Code: [Select]
http://www.electronicsinfoline.com/pin/29770/?utm_source=facebook.com&utm_medium=social&utm_campaign=The-Magic-of-Wireless-Communication
Title: Одг: Високонапонски искрин предавател и приемник
Post by: batka on 05.02.2016, Friday, 14:13:23
Малку ти е незгоден насловот! 8) Од прва помислив дека се работи за некој производ на фабриката *Искра * ;D ;D.Значи се работи за верзија на најстариот систем за безжичен пренос на сигнали ,би рекол Теслин систем,кој покасно и Маркони го употребил за радио- врски,кој во себе содржи * искриште* ( тука веројатно гугл  погрешил во преводот ! :D ).Иначе ова е еден од најзначајните изуми на Никола Тесла. Извини за оф топиков,ама вреди да се знае.
Title: Одг: Високонапонски искрин предавател и приемник
Post by: DX-er on 05.02.2016, Friday, 14:30:59
Хех ајде кажи по правилен предлог за наслов и нема проблем, ке го сменам :) Според мене арен си е насловот, насловот кажува дека се работи за предавател на искра со висок напон и се разбира и приемик. Порано и мене ми ствараа забуни кога некој на форумов ке речеше "појачало", тогаш јас помислував за RF засилувач, сериозно :)
П.С. Тесла имал и некои други планови, како да пренесе струја по бежичен пат без скоро никакви загуби да има. Исто така и радио пренос низ целиот свет но на друг принцип, не како денешниот, туку со скоро никакви загуби. За жал злобните луѓе дрчни за пари и профит цело време го опструирале.
Title: Одг: Високонапонски искрин предавател и приемник
Post by: didy on 05.02.2016, Friday, 21:31:05
МОј превод за насловот, се согласувам со Батка и мене истото ми асоцираше
Генератор на искри со зрачење и соодветен приемник.
Title: Одг: Високонапонски искрин предавател и приемник
Post by: nsu on 05.02.2016, Friday, 21:39:00
Одлично ова е како што потенцираше батка она за кое Тесла многу се мачел да го измисли.Она негова легендарна изјава
Quote
“Marconi is a good fellow. Let him continue. He is using seventeen of my patents.”
Се му украле на тој човек првиот пат кога едисоновци му ја запалиле лабараторијата почнал од нула и пак се постигнал и стигнал до ова.А маркони учел од него и му украл 17 патенти и со нив профитирал.Вториот пат кога му ја запалиле лабараторијата бил уништен скроз човекот.Но штета што умрел на православен божиќ 7 јануари 1943 во хотелот NewYorker а за неколку дена после тоа со судски спор е докажано во Америка дека патентите му се украдени тоест користени се низ патенти кои Тесла претходно ги патентирал и открил.Но исправките во европскиве учебници по историја никако не стигаат жалосно уште од тогаш73 години поминале.Па и во нашите учебници по историја за осмолетка криво пишува околу тоа кој го измислил принципот за пренос на информации.Кој ги дал основите на таа техника.Само пишале маркони го измислил безжичниот пренос глупост. 8) 8).Инаку околу насловот мислев дека DX-er е постар па нешто од времето на југословенската искра постира.Нешто ретро.И после кога видов онака одма си викам на Никола Тесла делото еден од најстарите начини за пренос на информации го постирал,предаватели и приемници со искриште. 8) ;D
Еве еден јак предавател ваков уште од 1910 година, телеграфија штрака ли штрака овој.Силен предавател јако искриште има
Code: [Select]
https://www.youtube.com/watch?v=6dx1sf2gVig
Title: Одг: Високонапонски искрин предавател и приемник
Post by: batka on 05.02.2016, Friday, 22:56:32
Самиот израз *coherer* се кажува. 8) Што се однесува до насловот  ,само онака спомнав , макар што најреално би било - пример-* Теслин високонапонски предавател и приемник со искриште*.Но,не е тоа најбитно : битно е второво да се знае - а е почетокот на радио-техниката,а *виновен* е Никола Тесла,човек од  Балканот,поточно од просторите на бивша Југославија.