Author Topic: Крај за селекторот на фрекфентен опсег?  (Read 7917 times)

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Крај за селекторот на фрекфентен опсег?
« Opened on 25.10.2009, Sunday, 23:07:56 (Edited 13.10.2014, Monday, 14:03:14) »
[float=left][/float]Секој барем еднаш во животот има пробано да го промени фрекфентниот опсег на својот радио приемник со помош на селекторот (прекинувачот или тастерот) и да провери што друго има таму. Но после информацијата дека америчката армија работи на сосема нов вид на радио приемник од почетокот на 90те, можно е во блиска иднина комплетно да се изгуби самата идеа за фрекфентен опсег кај радио приемниците.

Се работи за новиот концепт на таканаречено Софтверски Дефинирано Радио. Имено, се работи за радио приемник кај кој сите елементи освен влезниот предзасилувач бидат дефинирани (кодирани) софтверски наместо да бидат направени од физички електронски кола. Тоа значи дека сите филтри, мешачи и демодулатори се кодирани во софтверот а со тоа се добива невидена флексибилност и се губи смислата на фрекфентен опсег и тип на модулација бидејќи софтверот ќе биде во можност за миг да се преконфигурира за секоја позната модулација и фрекфентен опсег за кој е дизајнирано самото радио.

[float=left][/float]Колку сме далеку од овој концепт за да може да влезе во секојдневна употреба? Со последниот развој на брзите малошумни аналогно-дигитални конвертори веќе има ентузијасти кои со помош на свои софтвери преку својот компјутер успеваат да направат релативно употребливо радио со опсег од 0.1 до 5МHz. А америчката армија? Таа веќе има мултифункционално софтверски дефинирано радио што прима и демодулира / декодира се и сешто од 0 до 2GHz.
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.