Author Topic: Заштита за звучници и засилувачи  (Read 1692 times)

Offline Lux

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 338
Заштита за звучници и засилувачи
« Opened on 13.02.2015, Friday, 12:20:32 (Edited 14.02.2015, Saturday, 03:26:07) »
По малку експериментирање со повеќе заштити еве ќе се обидам тука на форумов да развиеме една комплет шема во неколку верзии.
-Ќе започнам од веќе подолго време експериментирање со шемава која е едноставна, и бара напојување 12в ац. од трансформаторче,а во понатамошна дискусија ќе ја модифицирам за напојување од веќе постоечкиот трансформатор во самиот засилувач.
-да почнеме од основата.
Се работи за основен дел закаснето уклучување на звучници преку реле од окулу 3 секунди,да нагласам дека не користам никаков софтвер, се во оваа тема работам на експериментална плочка и леткум во раце.

за оваа приложена шема може да се направи пцб,и да се користи во засилувачот како основна само со одложено  закаснување.

-Очекувам од колегите на форумов да се вклучат во оваа дискусија,со своето знаење,а и оние кои убаво цртаат пцб,

-Продолжуваме...

Споено мислење: [time]13 Февруари 2015, 21:27:07[/time]
Еве додадов лед диоди,протект-свети додека заштитата не е вклучена (мислам на релето) т.е. после 3 секунди лед диодата гасни,а релето вклучува и засилувачот го спојува со звучките.
Боже чувајме од пријатели,од непријатели сам ќе се чувам.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Во ред е ,ама не гледам никаде инвентивност и креација со која би направиле *бренд* на Форумов! Ова е стандардна апликација на драјвер за погон на релеј. Нема ништо ново и инвентивно. Ако сакаме да постигнеме нешто ново мораме да направиме поинакво истражување,односно да создаеме уред кој ке биде препознатлив за Форумов.Јас така бар предходно разбрав.

Offline Lux

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 338
Ајде батка почни предложи јас вака го започнав,да со стандарден да речам погон и закаснување на релеј кој подоцна еве ке има можност на него да приклучиме неколку видови различни заштити дц.клип...се согласувам со секаква измена која ќе се направи тука,од почеток до крај.
Боже чувајме од пријатели,од непријатели сам ќе се чувам.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Вака батка- темата е заштита на звучници и засилувачи.Едно е заштита за звучник,а друго е заштита за засилувач!!!! Тоа мора да се нагласи јасно - вака испаѓа дека правиме заштита за звучници,а не за засилувачи,па насловот не е баш соодветен.

Offline Lux

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 338
Батка за насловот мислам дека е ок, зошто- кога клипова самиот звучник повеќе време тој може слободно да се оштети но сигурно нема здраво да биде и појачалото кое клипова повеќе време, па кога иди до прекин на звучките со засилувачот,и он ќе куртули :),и самата заштита нагласив дека треба да поседува зштита од прегревање на излезот а не на звучникот,така во една целина би требало да функционира заштитата, да остане се во добра кондиција,и звучките и појачалото.

-Ако насловот стои заштита за звучници ќе се мисли на заштита која се наоѓа во самата кутија на звучникот...да не навлегувам понатаму

-гледам дека никој не ни збор напишал на оваа тема освен батка, па мислам дека не е коректно да ја составам целокупно сам,и ја поделам со вас шемата.

-досега дојдов и до дц заштитата која реагира од +, - , 2,5 волти.
Боже чувајме од пријатели,од непријатели сам ќе се чувам.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Батка,извини ,да не бидам погрешно сватен дека ситничам ,ама многу погрешно поставуваш некои работи - *кога клипова самиот звучник повеќе време тој може слободно да се оштети* .Звучник не може да *клипува*- може само појачувач да клипува!
Од  техничка гледна точка заштитите кои ги има во појачувачот ( тука е температурна,напонска,струјна заштита...) се сосема нешто друго и пред се го штитат појачувачот и елементите во него.Значи тоа е за посебна тема ,со решавање на сосема други проблеми во самиот појачувач! Кога се мисли на заштита на звучници нормално е да се мисли и на заштитата на звучниците во самата кутија ( зошто да не биде сета електроника за заштита на една плочка поставена во самата кутија??
Значи не  мора да правиме само заштита од едносмерен напон,од клипување,ами нека биде се комплет.Модерните варијанти имаат можност електронски,без употреба на релеј,да влијаат на mute функцијата на излезниот интергалец ,па при било каков транзиент го мутираат излезот ! Лесно и едноставно.Значи веке одамна не постои универзална електроника за заштита.Се зависи од каков појачувач ги заштитувате,односно каква електроника за засилување користите.Тоа  што никој не пишал ниеден пост,веројатно е она што на почеток ти го пишав- темата не е многу интересна и инспиративна.Ако се постави некоја друга тема со слично барање,можеби ќе биде поголем интересот.