По интернет има изјави од типот 5Г во телефоните ќе биде 300W , значи ќе треба да носам агрегат со мене за да може да го користам телефонот.
Не е толкава моќноста, но далеку од тоа дека е слаба. Работат во импулсен режим radio делот од мобилните телефони (примопредавателот). Во импулсен режим, даваат burst-ови на бранови. Можат и 10-тици вати вака да постигнат. Провери за ниво на зрачење на 2G и 3G, го има ова во спецификациите, ќе видиш дека во многу кратки временски интервали можат да дадат многу многу голема моќност... во однос на тоа колку се големи самите мобилни телефони се разбира.
Изјавите дека сателитите и базните станици ќе емитуваат со стотици мегавати/гигавати се смешни и целосно неточни.
Добро, да, се сложувам, ова се глупости веќе.
Треба уште испитувања посебно за ефектите од долгорочно користење. Тие испитувања не се изводливи во контролирани услови или коштаат многу пари.
Emphasis on the „многу пари“ part
.
Не е логично да се тестира технолоѓија 10 години пред да се пушти во употреба.
За технологија која работи во микробаново подрачје и има прилично дбар сомнеж дека можно е да биде разорна за поулацијата и природата? И 10 години сметам дека се малку... барем според мене.
Тие технологии се тестираат со користењето, доколку се појават проблеми, технологијате ќе биде променета/изменета откажана.
Како што веќе реков, ова може Рајко и Петко да го прават, не и интернационални институции кои, барем на хартија, треба да се одговорни и да го застапуваат човештвото во светот на техниката и науката. Колку што гледам, веќе одамна ова не е точно. Зошто? Пусти пари
... слатки се.
Не викам дека 5Г е безбедна ниту дека е небезбедна незнам, само мислам дека нетреба да и се препишува секоја негативна појава во светот и слепо да се напаѓа.
Да да, апсолутно се сложувам околу ова. Секакви глупости се пишуваат, не верувајте на се што ќе прочитате... среќа, најголем дел од тие гупости се тотален нонсенс и се гледа дека се лажни. Не треба да си научник за да го забележиш ова, треба само да ти работи црпката малку.
Се во светот во одредени услови или количини е штетно или смртоносно.
Доколку препијам вода ќе се удавам, водата штетна е или не?
Е, добро си кажа, баш така
.
Е сега, ти и јас знаеме колку ни е доволно вода, така? Но, замисли да му даваш водичка на доенче... практично нагаѓаш, така? Не би знаел да кажеш колку би му било доста, така? Ти му даваш и оно цица и цица и цица... и после некое време, нормално, ќе ти ја плукне цуцлата. Е сега, прашање, тогаш е напиено или препиено? Ќе ти поврати подоцна, за 10, 15 минути? Ако прв пат му даваш, нормално, не знаеш дали му е многу или малку. За некои деца, тоа е многу, за некои малку, за некои таман. Нормално, врз база на реакцијата што ќе ја имаш подоцна, ќе знаеш дали му било малку, многу или таман. За среќа, таа реакција нема сигурно да биде смртоносна за доенчето, но направи пралела... сигурен си 100% дека нема никаков долгорочен проблем со зрачење на 5G? Да, секоја технологија не „убива“ по малку, но има разлика меѓу „секој 100-ти жител имал некогаш во животот рак“ и „секој 10-ти жител е болен од рак“, нели? Давам само пример, не мора да е рак, може било која болест да биде (не правам паралела меѓу ова со коронава и 5G).