Е,мои електроничари ! Нема да зборувам за себе и своето знаење.Има на Форумов луѓе кои ме познаваат и виделе што знам,работам и каков човек сум.Сум помогнал и сеуште помагам на многумина.Но,помагам ако човек сака и вреди да му помогнам!! Одамна сватив дека многу луѓе помошта ја злоупотребуваат,пред се поради лична корист.Честопати се судрувам и * шамарам * и професори,наставници ,а богами и *академци*. Не ми било страв и срам дури и на повисоки *авторитети* да им речам * грешите- не е така!*.Многу ме нервира што образованието ни *падна*,поготово во техничките струки! Се сретнувам секојдневно во пракса со многу,многу случаи ,кои потврдуваат дека станавме нација на * стручњаци*,на медиокритети и самобендисани авторитети,кои *чуле нешто,не виделе,а раскажуваат приказни*.Ке го посочам Атанас - не е тој крив,ама го има прифатено правилото * зошто јас да работам,ако може некој да ми заврши работа*!! Полето кое го одбрал,сум му посочил повеќепати - високиот напон и придружни апарати и појави со него, се многу тешка и недофатлива теорија ( за пракса да не зборуваме!) за него.Пред се ,ниту има знаење,ниту капацитет, моментално да кокетира со таа тема.Мој совет е да се зафати постепено со електрониката,од полесни почетни теми,па со годините да се надоградува.Тој,очигледно,со искуство,години и знаење е далеку од *високиот напон*.Некој спомена *чипс*, а споредбата е критична пред се поради степенот на ризик која ја носи нестручната,избрзана и пред се дилетанската работа на Атанас. Сто теми отвори , се на се * лет во место*,без резултат.И она негова професорка навистина лично би ја пропуштил низ *екстерен* тест,бидејќи на некој начин,посредно ,го загрозува својот ученик.Теслиниот трансформатор ,нестручно ракување ,опекотини ( од 3 степен???!!!) ,зар професорката нема појма што се случува со Атанас? Што треба,да недајбоже настрада?? Скраја нека е ,ама некој треба да и *сржи*малку!!