Прво,може и факултет да си завршил ,а пак да бидеш почетник во овие работи.Се е до пракса и бара време и малку подолга практична работа. Второ,текстот и шемите се дадени како репер,а во пракса треба да совладаш еден куп препреки и непознати.Започни ти со некои поедноставни работи,па откога ке направиш десетина разни уредчиња можеби ке одиш на поголема работа.Трето.Законот ги ограничува овие уреди и секое емитување без дозвола,концесија и доделена фреквенција од страна на АИК се смета за прекршок кој се казнува,парично и со други казнени одредби.Значи,постои граница на толеранција.Четврто ,ако не знаеш каде деловите да ги набавиш... прво оди на поглавјето*Предаватели* и полека,без брзање,прелистај ги и прочитај сите постари постови.Ке научиш доста работи,па потоа ке помогнеме да направиш нешто. Значи,прво малку теорија ,па потоа дискусија и прашања- и не во стил- колку ке ме кошта..?!?! Секогаш знаењето кошта повеке одошто ние мислиме!