Author Topic: Монтажа на клима уред  (Read 2426 times)

Offline koki88

  • Нов член
  • *
  • Posts: 23
  • Gender: Male
Монтажа на клима уред
« Opened on 28.11.2022, Monday, 00:33:43 »
Минатава недела се подновив со нов климатизер сплит систем од 3.5 киловати ладење/4 киловати греење со инвертер од ЕлЏи, но не бев дома кога ја правеле монтажата.
 
Климатизерот одлично функционира, но ме изненади тоа што намотале поголема резерва од бакарните црева позади надворешната единица. Ми имаат монтирано климатизери и во други простории, но никогаш не оставале намотана резерва од бакарните црева ниту внатре, ниту надвор.
 
Монтерите им кажале на моите дека основна монтажа опфаќа пуштање на бакарни црева во должина од 3 метри, или повеќе доколку има потреба, така што за поголема должина се доплаќа, а во случајот со монтажата на овој климатизер немаше потреба од тоа, оддалеченоста помеѓу внатрешната и надворешната единица е помала од 2 метри, но ете, монтерите наместиле 3 метри бакарни црева со вишокот резерва намотана позади надворешната единица.
 
Веќе имав искуство со друг климатизер од кој истекуваше фреонот и ги замрзнуваше ќелиите на надворешната единица кога ќе го вклучев да грее во зима - во лето немаше такви проблеми, а надворешното црево низ кое тече водата од надворешната единица еднаш се запуши поради кал и прашина.
 
Но тој беше евтин фалсификат од 200 евра кој сепак добро си вршеше работа повеќе од 11 години, додека овој новиов климатизер со инвертер од ЕлЏи е 500 евра, па не сакам да ризикувам со тазе нов климатизер, иако гаранцијата му трае 3 години, па сепак било какви дефекти во блиска иднина би требало да бидат покриени со самата гаранција.
 
Дали е во ред тоа што има вишок резерва од бакарните црева намотана позади надворешната единица, или ќе предизвика проблеми во иднина ?
 

 

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3185
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Re: Монтажа на клима уред
« Reply #1 on 28.11.2022, Monday, 22:30:05 »
Ме чуди што оставиле вишок бакар, обично го собираат секое парченце пошто е 400ден./кг на отпад.
Колку што знам секогаш се гледа да се што пократки цевките меѓу внатрешната и надворешната единица, мада дали 2, дали 3 метри, не би требало да осетиш некоја разлика, едино ми мати памет тоа што ги свиткале цевките во круг, ама сепак нека каже некој поупатен...
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline ace1903

  • Нов член
  • *
  • Posts: 20
Re: Монтажа на клима уред
« Reply #2 on 29.11.2022, Tuesday, 09:48:17 »
Не сум експерт за клими ама малку појаснување бидејки имам контакт со проектирање уреди за ладење и греење.
На компресорот му е потребно масло за подмачкување и секогаш во излезниот вод покрај фреон под зголемен притисок има и одредена количина на масло.
Ова масло треба да се врати назад во компресорот. Обично има доволна висинска разлика помеѓу внатрешната и надворешната единица да маслото под дејство на гравитација да се врати назад во компресорот.
Претпоставувам дека кај оваа инсталација висинската разлика е многу мала па инсталатерите со ваква јамка се обидуваат да го спречат маслото да отиде во внатрешната единица.
Обично во упатството за инсталација има препораки како да се постапи кога висинската разлика е мала.
Доколку коки88 го напише точниот модел на климата може да погледаме во упатството кои с епрепораките на производителот.

Offline krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 732
  • Gender: Male
Re: Монтажа на клима уред
« Reply #3 on 29.11.2022, Tuesday, 17:47:06 »
^Одговорот е токму заради уљето, истото би го напишал и јас.

Инаку поискусните монтери планират однапред барем еден loop да има со цефките кои би биле позади компресорот, должината е препорачлива да биде од 3 до 5 метри. Помалку од 3 не се препорачува а повеќе од 5 метри е потребно да се дополни со одредена количина според таблица на фреон.


Offline najdo

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 421
  • Gender: Male
Re: Монтажа на клима уред
« Reply #4 on 29.11.2022, Tuesday, 20:38:28 »
Не е ради маслото, ниту висинска разлика (во случајов), него така е наведено во скоро секоја документација за монтажа на клима уред. Мора да се постават цевки со должина од мин 3м само за да ти важи гаранцијата. Иначе најбрзо, наједноставно и најлогично е да се замотат цевките во круг, односно како што и самата фабрика шо ги произведува така и ги испорачува.

Offline koki88

  • Нов член
  • *
  • Posts: 23
  • Gender: Male
Re: Монтажа на клима уред
« Reply #5 on 29.11.2022, Tuesday, 22:44:05 »
Не сум експерт за клими ама малку појаснување бидејки имам контакт со проектирање уреди за ладење и греење.
На компресорот му е потребно масло за подмачкување и секогаш во излезниот вод покрај фреон под зголемен притисок има и одредена количина на масло.
Ова масло треба да се врати назад во компресорот. Обично има доволна висинска разлика помеѓу внатрешната и надворешната единица да маслото под дејство на гравитација да се врати назад во компресорот.
Претпоставувам дека кај оваа инсталација висинската разлика е многу мала па инсталатерите со ваква јамка се обидуваат да го спречат маслото да отиде во внатрешната единица.
Обично во упатството за инсталација има препораки како да се постапи кога висинската разлика е мала.
Доколку коки88 го напише точниот модел на климата може да погледаме во упатството кои с епрепораките на производителот.

 
Да, висинската разлика помеѓу внатрешната единица и надворешната единица е многу мала, веројатно не изнесува ниту еден метар бидејќи и двете се наместени што е можно поблиску до таванот.
 
Инаку моделот е LG S12 EQ.NSJ и да, со истиот дојде и упатство за монтажа кое воопшто не го отворив, но сепак го чувам.
 
Code: [Select]
https://www.lg.com/rs/klima-uredaji/lg-S12EQ

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Монтажа на клима уред
« Reply #6 on 24.12.2022, Saturday, 21:42:07 »
Значи ако се покуси од 3м проблем?

Offline najdo

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 421
  • Gender: Male
Re: Монтажа на клима уред
« Reply #7 on 03.02.2023, Friday, 15:05:46 »
По искуство не би требало да има проблем.