Author Topic: Модификација на тестер за ATX напојувања  (Read 1733 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Модификација на тестер за ATX напојувања
« Opened on 28.01.2016, Thursday, 14:40:44 (Edited 05.04.2018, Thursday, 22:50:48) »
Станува збор за модификација на веќе познатите тестери за ATX напојувања со LCD дисплеј кои се продаваат на ebay и многу други сајтови (не знам дали ги има да се купат кај нас). Еве слика од истото.



Имено, имам забележано дека на некои напојувања знае да даде погрешни исчитувања. Ова обично ми се има случувано на помоќни напојувања (500, 600, 700W real power). На почетокот мислев дека напојувања се неисправни или делумно исправни (имаат некој мал проблем кој не можам да го најдам каде е), па ги отпишував (нешто не е во ред, не можам да најдам што).

Проблемот најчесто се манифестираше на два начини. Првиот начин беше следен. Кога ќе го врзев тестерот за напојувањето, најчесто 3.3V-ниот rail јавуваше повисок напон (3.5, 3.6, 3.7V). Кај некои ATX напојувања и 12V-ниот rail знаеше да биде повисок (12.7, 12.8V), но ова беше поретка ситуација.

Вториот начин на кој се манифестираше проблемот беше кога ќе врзев товар за напојувањето (најчесто HDD). Со врзан тестер и некој стар IDE HDD за Molex конекторите, на тестерот наеднаш знаеше да му рипне 3.3V-ниот напон, еднаш дури рипна и до 4V.

Ова однесување ми беше чудно бидејќи напојувањата најчесто работеле претходно на компјутерот кој сум го поправал без никакви проблеми, но сепак, за да бидам сигурен дека е се во ред со напојувањето, сум го проверувал со овој ATX тестер. Често знаев да ги вратам напојувањата назад во куќиштето и да го пуштам PC-то и да мерам напони... и тогаш се беше во ред ???. Сите напони си беа во рамките на нормалата.

Не бев сигурен каде може да биде проблемот бидејќи тестерот претходно го имам отворено и знам дека има отпорник за товар поставено во него, така да, мислев дека правилно го товари напојувањето за да може да ги исчита напоните како што треба. Ситуацијата ми беше многу чудна.

Работата се некако се вртеше во круг се додека не ми дојде едно ганц ново неотпакувано напојување за монтажа во PC. Напојувањето беше прилично моќно, 700W-но Cooler Master напојување, така да, не ни сомневав дека е неисправно. За секој случај, го пробав со тестерот, да видам дали ќе запали, напојувањето се пушти и напоните беа ОК (во рамки на нормала). Ставив еден HDD за товар и оп, 3.3V-ниот rail рипна на 3.9V. Е тогаш веќе скоро сосема сигурен бев дека нешто не е во ред со тестерот и начинот на кој ги товари и мери rail-овите. Го поставив напојувањето во PC-то, мерев напони со унимер, сите беа во нормала, немаше никаков проблем.

Го предадов куќиштето на сопственикот и го отворив тестерот. Тогаш ми текна една работа која претходно ја имав превидено ;).

Имено, никогаш не ми има така „рипнато“ 5V-ниот rail. Кога го отворив ми стана јасно зошто ;), но сепак измерив дали навистина ситуацијата е таква како што претпоставував. Еве слика од внатрешноста на напојувањето.



Отпорникот од 33Ohm/5W е поставен на 5V-ниот rail. Сите останати rail-иови се неоптоварени. Затоа и на некои помоќни напојувања знаеше да рипне 3.3V-ниот rail ако напојувањето се оптовари со HDD ;). Се товарат само 5V-ниот и 12V-ниот rail, но не и 3.3V и сакајќи да искомпензира напојувањето поради товарот кој го има поставено на овие два rail-а, за нијанса го дигнува и напонот на 3.3V-ниот rail, но бидејќи помоќните напојувања најчесто имаат кондензатори со повисок капацитет на излезот (најчесто околу 3300uF), поради високата капацитивност и неоптовареноста на овој rail, рипнува напонот на 3.3V-ниот rail и тестерот почнува да титка, како да е неисправно напојувањето.

Затоа, решив да направам модификација на ATX тестерот и да му додадам отпорници за товар и на 3.3 и 12V-ниот rail. Еве како е изведено тоа ;).





Отпорникот од 20Ohm/5W е товар за 3.3V-ниот rail, а отпорникот од 82Ohm/5W е товар за 12V-ниот rail. И двата отпорника ги товарат и двата rail-а со струја од околу 150mA. Се водев по вредноста на отпорникот кој го товари 5V-ниот rail и со од прилика иста јачина на струја се товарат и 3.3V-ниот и 12V-ниот rail. Вредностите на отпорниците и нивната моќност не се критични и може да бидат и некои други.

За 3.3V: 20Ohm до 22Ohm / 3W до 5W.

За 12V: 75Ohm до 82Ohm / 5W до 8W.

Ако од сликите не се гледа убаво на кои пинови се залемени отпорниците, врзете некое старо ATX напојување со 20 пински конектор и ќе видите каде треба да ги залемите додатните отпорници ;). Жолтите жици се за 12V, портокаловите за 3.3V ;). Другиот крај на отпорниците го лемите за маса. Скоро целото PCB е покриено со ground plane, така да, не е проблем да најдете маса на плочката (тоа барем мислам дека се гледа од сликите ;)).

При модификацијата, пожелно е да се водоте по распоредот на 20 пинскиот Molex конектор бидејќи постарите напојувања немаат 24 пински конектори, па ако ја направите модификацијата за 24 пински конектор, товарот за 12V-ниот rail ќе функционира само на 24 пински напојувања, не и на 20 пински :S. Исто така, иако е поедноставно, не е пожелно товарот да се постави на 4 пинскиот додатен 12V-ен rail. Кај поевтините изведби на напојувања, овој rail е најчесто залемен заедно со останатите жици кои носат 12V до сите потребни уреди, вклучуваќи ја и матичната плоча, но кај поскапите напојувања, можно е овој rail да е изведен засебно и освен за напојување на матичната плоча, можно е да се користи и за напојување на графички карти, така да, всушност нема да го тестирате 12V-ниот rail од 20 или 24 пинскиот Molex конектор, туку додатниот 4 или 8 пински 12V-ен rail :S. Ако имате простор во кутијата, може да поставите и засебен товар за овој rail, но сметајќи колку е ретка оваа ситуација (до сега имам видено само неколку вакви изведби), мислев дека е непотребно (ако видам дека во ATX напојувањето, овој rail е засебно изведен и ако падне сомнеж врз исправноста на тој rail, секогаш може рачно да го оптоварам со некој додатен екстерен отпорник ;)).

И еве го модфицираниот ATX тестер во акција ;) ;D.





А еве и слика со некои мерења кои ги направив со цел, доколку некогаш настане некој проблем во напојувачката секција на микроконтролерот одговорен за мерењето, да можете полесно да го поправите тестерот ;).



Знаете како е со Кинескиве уреди, никогаш не се знае до кога ќе работи ;D. Вака, барем се знае со кој напон се напојува контролерот, па ако е проблематичен стабилизаторот за напон, барем знаеме дека слободно може да го замениме со 7805 и да пробаме дали ќе работи ;).



Е сега, можно е оваа модификација да има само еден недостаток (сеуште немам пробано). Кај напојувања со подуени електролити во секундар (најчеста ситуација), од кои пак, во денешно време, најчесто прво се сушат оние на 3.3V-ниот rail бидејќи веќе скоро се, освен процесорот работи на 3.3V (процесорот се напојува преку додатниот 12V-ен rail и преку посебен SMPS контролер и MOSFET-и, го спушта напонот на потребниот работен напон за процесорот), најверојатно нема да се јави „шантрање“ на 3.3V-ниот напон кога тестерот е приклучен на напојувањето. Објаснувањето е прилично едноставно: сега има товар на 3.3V-ниот rail, во оригиналната изведба немаше.

Сепак, дури и да не се јави „шантрање“ на 3.3V-ниот напон (што скоро секогаш е последица на суви електролити на 3.3V-ниот rail), би требало да падне напонот до 3V или 2.9V (можеби и малку подолу) поради товарот (претпоставувам... не пробав како ќе работи тестерот со такво напојување), што е скоро сигурна индикација дека нешто не е во ред во секундарот на 3.3V-ниот rail.

Така да, ако паѓа сомнеж на напојувањето, најдобра пракса е прво да се отвори напојувањето и визуелно да се испита. Ако има подуени електролитски кондензатори во секундарот, нема потреба да се проверува со тестер... или чисто проверете да видите како ќе реагира тестерот (што ќе јави ;)). Се менуваат подуените кондензатори, останатите се мерат, ако се во ред, се ставаат пак назад, ако не и тие се менуваат ;).

Ако се изгледа ОК во натрешноста на напојувањето и по модификацијата на тестерот, истиот јавува дека сите напони се ОК (во граници на нормала), сепак, поврзете некој стар HDD за напојувањето. Ако со товар на сите rail-ови (тестерот е модифициран), веднаш по приклучувањето на HDD-то, 3.3V-ниот rail наеднаш рипне значително (3.6, 3.7, 3.8V), па потоа, откако ќе земе замав моторот на HDD-то, наеднаш падне под 3.3V или на 3.3V, најверојатно нешто не е во ред со 3.3V-ниот rail ;).

Последните четири пасуси од post-ов се моја лична претпоставка и не знам дали вака ќе реагира модифицираниот тестер, но, од моето досегашно искуство, некако вака би требал да реагира на напојувања со подуени електролитски кондензатори во секундарот. Сепак, кога ќе пробам, ќе пишам ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Гига,сето ова е во ред,ама јас лично не им верувам на вакви тестери,бидејќи многупати имало многу нелогички работи со нив.Еве за пример - ставам ваков тестер и ми покажува 3,7V, 12,6V ,5 V.Една нова матична не трга со овој АТХ,ама друга си работи ОК!! 8) Или ги има добри сите напони ( на тестерот) ама не трга РС-то ! Со друго напојување оди ОК. Кога ова * неисправно* напојување го ставам на друг РС се си оди добро.Ми се десило инструмент покажува 12,8 V ,а компјутерот си функционира беспрекорно. ;)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Модификација на тестер за ATX напојувања
« Reply #2 on 28.01.2016, Thursday, 17:24:28 (Edited 28.01.2016, Thursday, 17:26:09) »
Да да, јасно е дека се јавуваат такви проблеми и дека едно напојување нема да работи на една матична плоча, а на друга нема да има проблем, се случувале и такви работи, тоа не е ништо ново ;), исто како што повеќето матични плочи со 24 пински Molex работат без проблем и со 20 пинско напојување... е сега, понекогаш ќе се најде некоја „лева“ што бара напојување со баш 24 пински Molex ;D.

И јас не им верувам баш многу на овие тестери, но за брз тест, ОК се ;), особено ако треба некоја работа на терен да ја правиш и немаш многу време на располагање. Инаку, ова што горе го имам пишано, може да се провери и со волтметар (рипнувањето на 3.3V-ниот rail кога на него нема товар), така да, и со волтемтар кога би мерел, ако само сум преспоил PS_ON со GND и сум ставил HDD како товар за 5V и 12V, 3.3V-ниот rail пак ќе рипне ;).

Како што пишав, ова најчесто ми се има случувано на моќни напојувања (real power), не и на оние што се до 1000 денари. Кај нив, нема проблем, 3.3V си стои стабилен, ама бидејќи не можат да дадат голема моќност и немаат големи излезни кондензатори.

Во секој случај, поентата беше дека секоја девијација поголема од 200mV на 3.3V-ниот rail, треба да се разгледа бидејќи максималниот работен напон на компонентите кои директно се напојуваат од тој rail, се движи до кај 3.6V, не и повеќе од тоа, така да, не би ризикувал во PC да ставам напојување кое на 3.3V дава, на пример, 3.5V.

Оваа модификација беше направена пред се од таа причина ;). За да се види дали тоа отчитување на тестерот е лажно, бидејќи нема товар на 3.3V-ната линија или дали напојувањето навистина има некој проблем. Ако и со товар на 3.3V-ниот rail, напонот пак не паѓа, најверојатно нешто не е во ред со напојувањето.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Еве уште едно модифицирано, за колега ;).

It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."