Македонски форум за електроника
Дигитална електроника => Сè останато => Topic started by: TeslaBt on 15.11.2014, Saturday, 20:31:32
-
Имам ардуино и сакам да контролирам степ мотор преку компјутер не преку потенциометар.Проектот шо го прам е да менвам станици на радио преку компјутер.
-
Јас имам мотор од машина за перење и сакам да направам дребонг.
-
Имам ардуино и сакам да контролирам степ мотор преку компјутер не преку потенциометар.Проектот шо го прам е да менвам станици на радио преку компјутер.
Убаво е да се сака.Ама,проблем е дали си способен тоа да го направиш? Прво,не е само до хардверот,ами и до софтверот.Никој нема да ти понуди готов софтвер бесплатно.Ако има некој таков на Форумов и јас би сакал да направам во зима колата да ја палам преку компјутерот насабајле ,да се загрее дури да се симнам од дома .Ако има некој таков бесплатен проект нека ми се јави.
-
@Batka, ако автомобилот ти е автоматик, лесно ќе го средиме :D, ама ако е со мануелен менувач, жалам :D
@teslabt, до кај си стигнат со проектот, дали имаш започнато со него имаш нешто направено, или пак немаш ништо почнато па сега сакаш некој да ти среди се ?
Дефинирај го подобро проектот па можеби некој и ќе ти помогне, дали ја имаш програмата за ардуиното, дали ја имаш програмата за контрола на ардуино преку која ќе го контролираш моторот и слично ?
-
Што има тука проблем со менувачот?? ;D ;D Ја ставам во лер колата и сакам сабајле,кога е ладно од дома,преку РС,таблет или телефон да си ја запалам колата и да се загрее мотор додека да се симнам долу.Значи ,да ми се загрее возилото и да ми биде топло кога ке влезам внатре! :D :D
-
Нема проблем со софтверот проблемот е со хардверот ;D ;D ;D
-
Ако немаш проблем со софветрот тогаш супер. Ти треба само добар драјвер. Моја препорака е Easy Driver за биполарен степ мотор кој може да го набавиш преку Алиекспрес. Robotstore се вика фирмата што ги продава овие драјвери. Малку е скапичок (20 евра парче) ама е навистина добар. Со ардуиното се поврзува со 3 пина. GND, DIR (насока) и STEP. За секој чекор на моторот пушташ импулс на STEP. Насоката на моторот ја определуваш со DIR.
-
Проблем со софтвер јок а проблемот е само со хардверот ми треба се да има во Битола или Скопје
-
Имаш ли некоја замисла, некоја идеја во врска со хардверот, дали знаеш што точно ти треба?
-
Дали имаш прво степ мотор, затоа што секој степ мотор поинаку би се контролирал (зависно од типот) така да хардверот ќе има промени за секој тип на мотор.
Кажи ни поточно за замислата се останато лесно се прави :D
-
Па замислата мене ми е со помош на компјутер ардуино и др тракатнаци да менвам станици на радиото а понатаму и да намалвам глас.Ова го имаше напраено еден чоек со мотор од хард дискот а бидејќи не сум про во електроника сега ја учам електрониката и сакам ова да го напрам знам дека ми треба шилд за моторот ако е изводливо ќе го напрам сам ако не ќе го купам кажете шо треба да купам да напрам шеми дајте се шо имате не ми е на одмет.
-
Разгледај го линкот
http://home1.stofanet.dk/hvaba/steppervolume/stepper.html
КОнтрола на потенциометер со степ мотор,
-
Овој пример со степ мотор кој е со големина отприлика 10х10х10 см тешко да ќе успееш да го вметнеш во некој приемник. 8) Постојат специјални потенциометри со виндер (степ мотор во вид на *крцкалица*).Само тој е ужасно скап ,барем за аматерски конструкции.Подобро да одиш на електронски потенциометар со кој полесно би управувал преку Ардуиното.Исти таков потенциометар би можел да употребиш и за менување на станиците,ако го врзеш со варикап диодите за контрола на осцилаторното коло во ФМ приемникот.
-
Ама со потенциометар е исто го да ги вртам станиците на радиото со рака
-
Ама со потенциометар е исто го да ги вртам станиците на радиото со рака
Електронскиот ( дигитален) потенциометар се контролира со промена на напонот од мин.до максимум.Тој се состои од едно или повеќе ИК или можеби ПИК -контролер.Еве една шема како изгледа тоа.Има и поедноставни и многу посложени уреди.
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/Digital-Potenciometar.jpg)