Цитирам : *Оти FM работа е еден мал и не толку битен сегмент.*
Дх-ер ФМ на УКТ е специфичен за работа пред се во Македонија. Немаме конфигурација за УКТ и мора да се базираме на репетитори, а тоа носи нервоза ,нетрпелливост и *штракање*.
Ова значи дека треба да се има култура и посебен режим за работа на репетиторите, а не секој почетник да се *учи* мешајќи се во врските и сметајќи на другите. За секој почетник препорачувам прво да слуша разговори, да учи како се бидува џентлмен на брановите, да биде прво SWL- аматер,а после да премине на одржување на врски.
И да се разбереме – телеграфијата била и ќе биде секогаш основната,почетната емисија ! Не се плашете да научите телеграфија.Бара време, вежбање,одржување кондиција,но кога ке се научи не се заборава.Исто како да возиш велосипед!
Понатаму треба да се почне како клубски оператор ( во радио клуб) со постари оператори од кои се учи и хам спирит и техника ,уредите итн. Е,на крај оди на своја станица и одржувај врски.
И не е финта со 5 КW да одржиш врска со пример Австралија, туку со 5W! Тука се учат и разни антени, филтри,начини на работа, стрпливост.Тоа мајсторите најмногу го ценат.И не е битно дали со 30 или 120 знакови во минута куцаш,ами тоа треба правилно тоа да го работиш. И тогаш мајсторите ке ти помогнат и ќе одржат врска со тебе, ке ја намалат и својата јачина и брзината и ке ти дадат простор да одржиш врска.Тоа ги прави големи вистинските радио-аматери.
Посебно е јако и долготрајно пријателството кое се ствара со други аматери со кои постојано се дружиш, се слушаш,разменуваш искуства.Тоа е и основата на радио-аматерството.